Зошто е толку тешко да се прави она што е добро за нас
Понекогаш кога се чувствуваме депресивни, анксиозни, или чувстувавме стрес од работа или генерално во животото, може да биде тешко да се вратиме на правилната патека. Во такви ситуации често може да побараме совет од пријател или терапевт, или може со тек на време ќе научиме што ни помага.
Најчесто знаеме што треба да направиме за нас. На пример, да избираме поздрава храна, да ги побараме и разговараме со нашите пријатели, да излеземе во планина, да вежбаме, или пак да ги избегнуваме токсичните личности околу нас. Но, кога треба да делуваме и да ги имплементираме нашите одлуки во реалноста ни изгледа далеку потешко. Неколку причини можат да го објаснат ова.
Страв од неуспех
Многу често се случува стравот од неуспех да не ни дозволи да почнеме со позитивни промени. Иако често размилсуваме, зборуваме и навистина сакаме да ги направиме промените, стравот од неуспех не парализира уште пред да почнеме.
Постојат многу примери кога некоја личност се соочува со незадоволство од нивната кариера и чувство на стагнирање. Многу од овие луѓе размислуваат да се пренасочат или да го продолжат образованието. Оваа дилема некогаш може да трае и со години. Причината за недонесувањето на одлуката најчесто може да се најде во стравот од неуспех, односно страв дека можеби нема да бидат добри во избраната професија.
Се чувстуваме удобно
Во многу врски, еден од партнерите може ќе се прашува зошто едноставно “не побара развод” или “едноставно да замине”. Тоа не е секогаш лесно. Постојат луѓе кои остануваат со нивните партнери и по неколку години откако ќе дознаат дека биле изневерени. Покрај фактот дека не можат да простат и фактот дека повеќе не чувствуваат љубов кон нивниот партнер тие остануваат во врската.
Понекогаш остануваме каде што сме поради удобноста, или зоната на комфор. Свесно или не, луѓето остануваат во позната околина дури и кога не се среќни. Онлајн советувањето може да ви помогне да дознаете зошто работите против вашите интереси и да ве поттикне да донесувате здрави одлуки.
Можеби не сме заслужиле
Многу од луѓето кои се соочуваат со нарушувања во нивната исхрана знаат дека треба да јадат повеќе, да ја сменат исхратана, или генерално да носат поздрави одлуки за да го надминат нивниот проблем. Најчесто, пораката која си кажуваат е дека го “немаат заслужено” правото да носат здрави одлуки за себе.
Истата идеја може да се најде и во други аспекти од нашите животи и менталното здравје. Ако ни треба малку одмор од работа за да се олабавиме од стресот, може ќе се двоумиме бидејќи се чувствуваме дека не сме работеле доволно добро или доволно долго.
Др. Клејтон Р. Кук, професор на Универзитетот на Минесота вели дека е важно да ги заборавиме овие начини на размислување. Тој за Форбс кажа, “Живееме во култура која не бомбардира со нездрави пораки и вредувна долги работни часови, често нарушувајќи ја нашата благосостојба.”.
Во моменти кога мислиме дека не сме ги заслужиле здравите одлуки добро е да се сетиме дека на сите останати им кажуваме дека заслужуваат да се грижат за себе, тогаш зошто ние да не се грижиме за нас?