Запознавање на детето преку процесот на растење и развивање може да биде една од најголемите награди да се биде родител. Да научите и спознаете како вашето дете гледа на светот, да разберете зошто појавува специфични однесувања во одредени периоди, да го научите на нови вештини, да му овозможите искуства кои носат нови чувства и промени е дел од тоа да се биде родител, и тоа не е секогаш лесно.
Детската психологија или таканаречена развојна психологија ги проучува психолошките процеси на децата кои се случуваат на свесно и несвесно ниво. Детската психологија е важна гранка за здравјето на целото семејство. Им дава на родителите ресурси за да им помогнат на своите деца да напредуваат низ фазите на развој.
Соработка и совет со детски психолог е чекор напред за подобар детски развој! Закажете разговор со Марија Чурукоска
Како се развиваат децата и каква улога има детскиот психолог во поддршката на детскиот развој ?
Секој родител сака за своето дете да има здрав развој, но не секогаш му е јасно дали одредено однесување е симптом на нормална фаза на развој или знак на абнормалност. Детето многу брзо и прогресивно минува од една во друга развојна фаза т.е. развојни пресвртници. Овие пресвртници одразуваат способности како што се одење и зборување, кои ги постигнуваат повеќето деца на слична возраст. Генетските, индивидуалните, социјалните и културните фактори се јавуваат како важни влијанија на детскиот развојот.
Физички развој – Детскиот психолог ја следи прогресијата на развојните пресвртници што е тесно поврзана и со физичкиот развој. И обратно големите задоцнувања во физичкиот развој може да откријат други основни развојни проблеми кои може да се решат многу порано.
Когнитивен развој-Когнитивниот развој се однесува на интелектуалното учење и мисловните процеси на детето. Тој вклучува разбирање на светот околу нив, учење, меморија, донесување одлуки, решавање проблеми, како детето ја користи својата имагинација и основните размислувања.
Емоционалниот и социјалниот развој се длабоко испреплетени. Емоционалниот развој се однесува на тоа како детето ги чувствува ги разбира и ги изразува своите емоции. Емоционалниот развој исто така вклучува и способност на детето да чувствува и разбира емоциите на луѓето околу него преку емпатија.
Социјалниот развој е за тоа како детето ги развива вредностите, свесноста и социјалните вештини потребни за да се поврзе со родителите, врсниците, наставници, животни итн. Помагањето на децата рано да ги разберат своите емоции може да има моќно влијание врз сегашниот и идниот социо-емоционален развој. Како родители разбирањето на нормалните и абнормалните психолошки модели на детето може да ви помогне во подобра комуникација со детето, да се поврзете и да го научите своето дете за успешно справување со проблеми во однесувањето, проблеми со учење, хиперактивност или вознемиреност, тикови, детски стравови, да им помогнат на децата да поминат низ траумите од раното детство и уште многу други состојби кои се јавуваат во детскиот развој и за кои може да разговарате со нашиот психолог Марија Чурукоска.