fbpx

Улогата на психологот во развојот на детето

Запознавање на детето преку процесот на растење и развивање може да биде една од најголемите награди да се биде родител. Да научите и спознаете како вашето дете гледа на светот, да разберете зошто појавува специфични однесувања во одредени периоди, да го научите на нови вештини, да му овозможите искуства кои носат нови чувства и промени е дел од тоа да се биде родител, и тоа не е секогаш лесно.

Детската психологија или таканаречена развојна психологија ги проучува психолошките процеси на децата кои се случуваат на свесно и несвесно ниво.  Детската психологија е важна гранка за здравјето на целото семејство. Им дава на родителите ресурси за да им помогнат на своите деца да напредуваат низ фазите на развој.

Како се развиваат децата и каква улога има детскиот психолог во поддршката на детскиот развој?

Секој родител сака за своето дете да има здрав развој, но не секогаш му е јасно дали одредено однесување е симптом на нормална фаза на развој или знак на абнормалност. Детето многу брзо и прогресивно минува од една во друга развојна фаза т.е. развојни пресвртници. Овие пресвртници одразуваат способности како што се одење и зборување, кои ги постигнуваат повеќето деца на слична возраст. Генетските, индивидуалните, социјалните и културните фактори се јавуваат како важни влијанија на детскиот развојот.

Физички развој – Детскиот психолог ја следи прогресијата на развојните пресвртници што е тесно поврзана и со физичкиот развој. И обратно големите задоцнувања во физичкиот развој може да откријат други основни развојни проблеми кои може да се решат многу порано.

Когнитивен развој-Когнитивниот развој се однесува на интелектуалното учење и мисловните процеси на детето. Тој вклучува разбирање на светот околу нив, учење, меморија, донесување одлуки, решавање проблеми, како детето ја користи својата имагинација и основните размислувања.

Емоционалниот и социјалниот развој се длабоко испреплетени. Емоционалниот развој се однесува на тоа како детето ги чувствува ги разбира и ги изразува своите емоции. Емоционалниот развој исто така вклучува и способност на детето да чувствува и разбира емоциите на луѓето околу него преку емпатија.

Социјалниот развој е за тоа како детето ги развива вредностите, свесноста  и социјалните вештини потребни за да се поврзе со родителите, врсниците, наставници, животни итн. Помагањето на децата рано да ги разберат своите емоции може да има моќно влијание врз сегашниот и идниот социо-емоционален развој.

Побарај совет или насока од Марија Чурукоска.

психолог за дете марија чурукоска

Соработка и совет со детски психолог е чекор напред за подобар детски развој! Ако имате какви било прашања, не двоумете се да го пополните формуларот подолу.