Во Македонија нема сеуште јавна статистичка бројка, но праксата покажува дека многу депресивни болни не бараат соодветна стручна помош. Во последните 20 год. Депресијата е болест број 1. Според СЗО, многу луѓе страдаат од депресија, но многумина тоа не сакаат да го признат. Со депресијата оди и срамот, т.е. чувството на личен неуспех.
Според некоја статистика, во Македонија има околу 80 илјади лица кои страдаат од депресија. На неа се гледа релативно и се минимизира сериозноста со потсмев дека сите сме понекогаш по малку депресивни што е нормално. Но, не е така! Депресијата може да заврши фатално со самоубиство. Во овие околности неопходна е работа од психијатар и психотерапевт. Антидепресивите се потребни и е поштетно да не се примаат отколку да се примаат во оваа состојба. Откако ќе се достигне некоја оптиманла состојба, паралелно работи психотерапевтот на причината која ја предизвикала болеста и се бара решение.
Симптоми
–недостаток надеж за подобрување на животот; губење интерес за нешто кое претходно носело некакво задоволство; недостаток на енергија; нагло слабеење; нарушување на спиењето; зголемена раздразливост; чувство на безвредност или вина без никаква причина; мисли за смрт или самоубиство
Тригер фактори
Често се поврзуваат повеќе фактори.
- Генетска преоптовареност (наследна е како и дијабетесот, шизофренијата и сл.)
- Надворешни влијанија (сиромаштија, економски проблеми, невработеност, оттуѓеност, стрес, животни и општествени промени).
- Биохемиски фактори- се смета дека депресивните растројства делумно се должат на хемиската неурамнотеженост во мозокот. Ова неурамнотеженост се лекува сo антидепресиви.
- Стресот се поврзува со појавата на депресивни растројства, посебно личните трагедии или несреќи. Депресивните растројства почесто се јавуваат во одредени фази од животот кои вклучуваат големи промени во животот, на пример, раѓање на дете, климактериум и смртни случаи.
- Карактер- кај луѓе кои лесно се обеспокојуваат, кои се многу чувствителни и емотивни и кои бурно реагираат или лесно се вознемируваат, перфекционисти и самокритични и кои поставуваат високи стандарди за себе, оние кои се многу зависни од други лица
- Користење алкохол и други видови дрога- ова ги прави луѓето да бидат многу склони на депресија. Тоа исто така придонесува за зголемување на ризикот од самоубиство кај луѓето со депресивни растројства.
Депресијата е болест на долго патење и страдање, болка, губење на интерес за живот и функционирање во период подолг од 2 недели. Тука се проткајуваат и симптомите на недостиг на енергија, намален апетит, промени во квалитетот и должината на сонот, страв, мрзеливост. Се создава ментална болка која влијае на работоспособноста за извршување на секојдневните активности.
Во однос на полот се забележува дека во последните години жените се помалку среќни од мажите. Имаат поголема предиспозиција, отколку мажите. Од друга страна повеќе можат да трпат болка и повеќе ги покажуваат емоциите.
Социјална чувствителност
Истражувањата на мозокот покажуваат дека жените покажуваат поголема чувствителност, емпатија и со тоа се социјално почувствителни. Сите емоции и чувства освен гневот, кој мажите и жените го чув. На исто ниво.
Стрес и непријатност
Многу е важна диференцијална дијагноза меѓу стрес, депресија и незадоволство. При загуба, смрт, прекин на врска може да се случат стрес и паралелно депресија. И двете да се залечат бидејќи ќе траат одредено време.
Депресивните растројства се група на болести кои се карактеризираат со долгорочно депресивно расположение или губење на интерес за активностите кои порано биле забавни.
Видови депресивни растројства
Поголем број на различни ментални заболувања се пропратени со депресија.
Главно депресивно растројство
Лице со главно депресивно растројство станува многу нерасположено и не ужива во животот. Губи концентрација и енергија, а се јавува и нарушување на јадењето и сонот. Чувствата на безнадежност и очај може да го наведат лицето да помислува на самоубиство. Mоже да се појави без причина и тоа може да се јави кај луѓе кои добро се соочуваат со животот, кои се добри во тоа што го работат и среќни и друштвени. Појавата на растројството исто така може да ја предизвика некој потресен настан со кој лицето не може да се соочи.
Постнатална депресија
Таканаречените „baby blues“ (постнатална депресија) се случува после породувањето. Мајките се малку депресивни, вознемирени, напнати или болни и може да имаат проблеми со спиењето и поголемиот дел од времето се уморни. Овој вид на депресија може да трае само неколку часа или дена и потоа да исчезне. Меѓутоа, кај околу 10% од мајките ова чувство на тага се развива во сериозно растројство, познато како постнатална депресија. На мајките кои боледуваат од оваа болест им станува се потешко да се соочуваат со барањата во секојдневниот живот. Неопходно е и за мајката и за детето, постнаталната депресија да се лекува.
Биполарно растројство на расположението
Лице кое боледува од биполарно растројство на расположението (претходно познато како манична депресија) има депресивни епизоди нaизменично со манични периоди кои вклучуваат занесеност, хиперактивност, раздразливост, зголемена брзина на говорот и непромисленост.
Сезонска депресија
Сезонската депресија најчесто се појавува во зимските месеци. Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често имаат променливо расположение, се чувствуваат тажно и анксиозно во текот на студените месеци. Сезонската депресија може да ја зголеми желбата за храна полна со јаглехидрати, како леб или тестенини. Терапија со светлина, антидепресиви и советување може да помогнат во справување со неа.
Предменструално нарушување (СДА)
Повеќе жени се запознаени со промената на расположението поврзано со природните биолошки процеси. Симптомите на потешкиот облик на СДА се раздразливост, напнатост, стрес, кои се јавуваат за време на менструалниот циклус.
Комбинирано депресивно растројство
Понекогаш симптомите се во спротивност со “класичната” слика. На пример, некои од нив покажуваат поголема депресија и се појавуваат на секои две недели. Во случај симптомите да не ги задоволуваат критериумите за целосна дијагноза, треба да му се даде време на докторот за нивно точно дијагностицирање.
Лекување
Депресивните растројства може да се лекуваат многу ефикасно. Видот на лекување ќе зависи од симптомите кои ги има секое лице, меѓутоа ќе вклучува една или повеќе од наведените терапии. Психолошки интервенции, кои имаат за цел да го изменат начинот на размислување, однесување и верувањата кои се поврзуваат со депресија.
Антидепресивите ги намалуваат депресивните чувства, одново го воспоставуваат вообичаеното спиење и јадење и ја намалуваат анксиозноста. За разлика од седативите, антидепресантите не создаваат зависност. Тие постепено ја враќаат рамнотежата на невротрансмитерите во мозокот и треба да се земаат од една до четири недели за се постигнат позитивни резултати.
Промени во начинот на живеење, на пример, физичкото вежбање и намалено штетно користење на алкохол и други видови дрога, им помагаат на луѓето да се излечат од депресија. Семејството и пријателите на лицата кои боледуваат од депресивно растројство често може да се збунети и потресени. Поддршката и подучувањето, како и подоброто разбирање од заедницата, се важни во лекувањето.