fbpx

Прирачник за тоа како да избереш лиценциран психолог

Оваа статија има за цел да објасни се што е потребно да знаете околу советувањето или психотерапијата. Ќе опишеме како да најдете како да го изберете вистинскиот лиценциран психолог. Исто така, ќе опишеме некои прашања што можете да им ги поставите на психолозите за полесно да го изберете идеалниот соговорник. Дополнително, ќе опишеме на кратко како да знаете дали советувањето функционира и за крај ќе дадеме неколку примери.

Во текот на животот, секој од нас може да се чувствува презаситен. Нормлано е да се појави потреба од помош во справувањето со нашите проблемите. Преку терапија, психолозите им помагаат на милиони луѓе од сите возрасти да живеат поздраво, попродуктивно.

Размислете за советување или терапија ако …

  • Чувствувате огромно и продолжено чувство на беспомошност и тага. Можеби ви се чини дека вашите проблеми не се подобруваат и покрај вашите напори и помош од семејството и пријателите.
  • Тешко ви е да извршувате секојдневни активности. На пример, не сте во можност да се концентрирате на работните задачи или ве мрзи да суредите по дома веќе подолго време.
  • Премногу се грижите, го очекувате најлошото или постојано сте на работ.
  • Вашите активности се штетни за себе или за другите. На пример, пиете премногу алкохол, злоупотребувате дрога или станувате премногу аргументирани и агресивни

Што е тоа психолог и што е психотерапија?

Психолозите кои се специјализирани за психотерапија и други форми на психолошки третман се високо обучени професионалци. Тие имаат експертиза во областите на човековото однесување, проценка на менталното здравје, дијагноза и третман и промена на однесувањето. Психолозите соработуваат со пациентите за да ги променат нивните чувства и ставови и да им помогнат да развијат поздрави, поефикасни модели на однесување. Како и да е, важно е да се знае дека не секој психолог е психотерапевт и дека не секој терапевт е психолог. Генерално, лиценциран психолог најчесто дава поддршка, советува и ве насочува. Психотерапевтите пак, создаваат релација со клиентот и влегуваат во процес на терапија кој може да трае подолго време и да се фокусира на подлабоки проблеми. Дополнително, психотерапевтите поминуваат дополнителна едукација за да можат правилно да управуваат со овој процес.

Психолозите применуваат научно потврдени процедури за да им помогнат на луѓето да ги менуваат своите мисли, емоции и однесување. Психолозите сметаат дека одржувањето на вашата доверливост е исклучително важно и ќе одговорат на вашите прашања во врска со оние ретки околности кога доверливите информации мора да се споделат.

Како да најдам лиценциран психолог?

Можете и да разговарате со ваши блиски кои би ви препорачале некој со кого тие веќе имале искуство. Денес, најлесен начин да најдете психолог е на интернет. Нашата платформа креира база од лиценцирани психолози кои имаат експертиза за различни проблеми и предизвици. За секој од психолозите има детали за нивната биографија, пристап и работно искуство. Исто така, можете да ги разгледате термините во кои се достапни и да закажете разговор со нив. Доколку сакате, можете да останете целосно анонимни пред психологот. Доколку ви треба советување или поддршка одберте психолог, доколку ви имате потреба од посериозен процес одберете некој од психолозите кои се специјализирани за психотерапија.

Што да се разгледа кога се прави изборот на лиценциран психолог?

Психолозите и клиентите работат заедно. Правилниот избор на психолог е важен. Повеќето психолози се согласуваат дека важен фактор за одредување дали да се работи или не со одреден психолог, откако ќе се утврдат ингеренциите и компетентноста на психологот, е вашето ниво на лична удобност со тој психолог. Добриот однос со вашиот психолог е критичен. Изберете оној со кого се чувствувате пријатно и удобно.

Кои прашања да ги поставите на лиценциран психолог?

  • Дали сте лиценциран психолог? Колку време практикувате психологија?
  • Се чувствувам (вознемирено, напнато, депресивно, итн.) и имам проблеми (со мојата работа, брак, јадење, спиење итн.). Какво искуство имате во помагање на луѓе со вакви проблеми?
  • Кои се областите на експертиза – на пример, работа со деца и семејства?
  • Какви видови третмани користите, и дали се докажани ефективни за справување со мојот вид проблем или предизвик?
  • Кои се вашите цени и каков начин на комуникација преферирате?

Дали разговорот со лиценциран психолог ќе ми помогне?

Според истражувањето од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд, некои форми на психотерапија можат ефикасно да ја намалат депресијата, вознемиреноста и поврзаните симптоми на пациентите, како што се болка, замор и гадење. Истражувањата сè повеќе ја поддржуваат идејата дека емоционалното и физичкото здравје се тесно поврзани и дека посетата на психолог може да го подобри целокупното здравје на една личност.

Постојат убедливи докази дека на повеќето луѓе кои имаат барем неколку сесии со психолог им е далеку подобро од лицата со емоционални потешкотии кои не се лекуваат. Една голема студија покажа дека 50 проценти од пациентите забележително се подобриле по осум сесии, додека 75 проценти од лицата кои биле на терапија се подобриле во рок од шест месеци.

Како ќе знам дали терапијата или советувањето функционира?

Како што започнувате терапија или советување, треба да воспоставите јасни цели со вашиот психолог. Можеби се обидувате да ги надминете чувствата на безнадежност поврзани со депресија или да контролирате страв што го нарушува вашиот секојдневен живот. Запомнете, за одредени цели е потребно повеќе време да се постигнат од другите. Вие и вашиот психолог треба да одлучите во кој момент може да очекувате да започнете да гледате напредок.

Добар знак е ако почнете да чувствувате олеснување и чувство на надеж. Луѓето често чувствуваат широк спектар на емоции за време на терапијата. Некоја одбивност за терапијата може да се појави луѓе кои имаат потешкотии да дискутираат за болни и вознемирувачки искуства. Кога ќе почнете да чувствувате олеснување или надеж, тоа може да биде позитивен знак што покажува дека почнувате да ги истражувате вашите мисли и однесување.

Подолу се дадени примери за видовите на проблеми што ги принудуваат луѓето да бараат помош од психолози:

Човек во доцните 20-ти години само што бешеказнет на работа поради несоодветно однесување кон неговиот персонал и другите вработени. Тој многу пиеше и се расправаше се повеќе со неговата сопруга.

Откако ќе бидат испитани факторите што придонесуваат за зголемување на стресот кај човекот, психологот и човекот ќе дизајнираат третман. Овој третман се однесува на идентификуваните проблеми и предизвици. Психологот ќе му помогне на клиентот да процени како се справил и од што научил. Дополнително, ќе се дискутираат претходни искуства со сличен проблем што би можеле да бидат корини за справување со сегашната ситуација.

Функционирајќи како обучена, искусна и непристрасна трета страна, психологот ќе му помогне на овој клиент да ги искористи достапните ресурси (свои, како и други ресурси) за да се справи со проблемот. Психологот исто така ќе му помогне на овој клиент во развој на нови вештини и стратегии за решавање проблеми за соочување со проблемот со кој се соочува.

Плачење, несоница, недостаток на апетит и чувство на безнадежност се некои од симптомите што ги доживува една жена во раните 40-ти. Таа престана да оди на нејзините неделни социјални активности и тешко станува да оди на работа. Таа се чувствува како да живее во црн облак и не може да види крај на начинот на кој се чувствува.

Со симптомите на депресија е тешко да се справите, а причините може да не бидат веднаш видливи. Значителни животни промени – како што се смрт на некој близок, губење работа или напуштање на дете од дома за да оди на факултет – може да придонесат за депресија. Психолозите имаат докажано искуство во помагањето на луѓето да се справат и да ги надминат депресивните нарушувања.

Психолог ќе им пристапи на проблемите што оваа жена ги раскажува, обраќајќи се на тоа зошто реагира на начинот на кој реагира сега. Дали таа има историја или модел на такви чувства и, ако има, под кои околности? Што и беше од корист порано кога се справуваше со слични чувства и што прави сега за да се справи со своите чувства?

Психологот ќе работи за да му помогне на клиентот да види попозитивна иднина и да го намали негативното размислување што има тенденција да ја придружува депресијата. Психологот исто така ќе му помогне на клиентот во решавање проблеми околу сите поголеми промени во животот што се случиле. Исто така, психологот може да помогне во олеснување на процесот на жалење ако нејзината депресија е резултат на загуба.

Медицински проблеми може да придонесат за симптомите што ги доживува жената. Во такви случаи, се повикуваат медицински и психолошки интервенции за да им се помогне на поединците да ја надминат својата депресија.

Марија, успешна деловна жена, е отпуштена од работа. Наместо да бара работа, таа тргна на бескраен шопинг. Иако заштедата полека исчезнува, таа продолжува да пазари и купува работи кои не и се потребни.

Што може да биде почудно од некој што го прави спротивното од она што изгледа разумно? Пријателите и членовите на семејството на Марија најверојатно ќе бидат збунети од нејзиното однесување. Сепак, ваквото однесување не е непознато за психолозите кои разбираат биполарни нарушувања. Се разбира, секој психолог ќе мора да направи темелна проценка за да може да го разбере очигледно контрадикторното однесување што го покажува Марија. По проценката, психологот може да заклучи дека однесувањето всушност е симптом на депресивно или некоја друга форма на нарушување на расположението.

Типично, најдобрите резултати за таквата состојба се резултат на третманот што комбинира лекови и терапија. Иако психолозите не даваат лекови, тие одржуваат односи со лекари кои се во можност да помогнат. Психологот нуди разбирање за човековото однесување и психотерапевтски техники кои можат да бидат ефикасни.

Не заборавајте, ќе работите заедно во сојуз со вашиот психолог. Тоа значи дека треба да изградите доверба еден во друг. Обидете се да разговарате со повеќе психолози и применете ги работите набројани погоре во текстот. Видете со кого се чувстувате удобно во разговор и дајте си време.