fbpx

Како онлајн советување помага да се надмине анксиозноста

Бројни истражувања покажуваат дека онлајн советување може да помогне да се надмине секаков вид на анксиозност. Социјална анксиозност, здравствена анксиозност, анксиозност при одвојување, анксиозност во врска и слично се неколку зборови што станаа многу чести во денешно време. Луѓето ги прифаќаат анксиозните нарушувања лесно и не претпочитаат да одат на советување за вознемиреност.

Анксиозноста е чувство на страв, загриженост и нервоза што, во одреден момент, сите сме ги почувствувале. Но, грижата започнува кога ќе излезе од наша контрола. Доколку ги чувствувате овие симптоми често и доаѓаат од никаде, време е да се советувате за вознемиреност.

Најчесто луѓето користат зборот анксиозност како замена за зборот стрес и луѓето имаат тенденција лесно да ја игнорираат. Но, овие два збора имаат различно значење; стресот доаѓа со причина, додека чувството на вознемиреност или анксиозноста се чувствува дури и во нормални ситуации кои не се штетни. Ова е причина за загриженост и решението е да се обратите кај лиценциран психолог или советник.

Што предизвикува анксиозност?

Нивото на вознемиреност што го чувствува човекот е различно кај секоја индивидуа. Некои луѓе чувствуваат високо ниво на анксиозност, а други редовно чувствуваат ниски знаци на анксиозност. Иако сè уште не се познати причините за анксиозноста, таа е најзабележителна кај оние кои биле сведоци на трауматски настани во своето детство. Луѓето кои претрпеле нешто трауматично во минатото, можат лесно да ги развијат знаците.

Втората честа причина е некој вид медицинска состојба кај една личност. Кога некое лице се чувствува под стрес поради болест, тоа на крајот може да доведе до чувство на анксиозност. Неколку состојби кои можат да предизвикаат анксиозност се:

  • Срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Депресија
  • Стрес
  • Злоупотреба на дрога

Третман што се користи при советување за анксиозноста

Општо земено, луѓето не гледаат на анксиозноста како проблем за кој може да се консултира со лекар, советник или терапевт. Сепак, ако не се излечи на време, анксиозното растројство може да доведе до некои сериозни здравствени проблеми. Лице кое ги игнорира знаците на анксиозснот може да страда од напади на паника, брзо дишење, гадење и депресија. Но, постојат и бројни други здравствени проблеми што можат да доведат до некои погубни услови.

На сесии за советување за анксиозснота запознавате луѓе кои ве разбираат, ве слушаат без никаква осуда. Важно е сите оние кои се борат со симптоми на анксиозност да разговараат со професионални лица кои можат да понудат советување.

Когнитивно-бихевиорална терапија

Има многу третмани и процеси што можат да се искористат при советување во врска со анксиозност, но најпозната е когнитивно-бихевиоралната терапија (КБТ). Оваа терапија е една од најуспешните терапии во лекувањето на проблеми со анксиозност. КБТ терапијата што се користи во советувањето за анксиозноста е многу влијателна и дава неверојатни резултати. Во оваа терапија, едно лице е во состојба да ги претвори сите негативни мисли во позитивен и прогресивен процес на размислување.

Останати техники

Некои од техниките што се користат во советувањето за анкисозноста се медитација, релаксација на мускулите, вежби за дишење. Овие сесии му помагаат на лицето да влезе во релаксирана и позитивна атмосфера.

За време на советувањето за анксиозност, советникот користи многу различни аеробни вежби. Вежбите овозможуваат олеснување кое е многу потребно за секое лице кое страда од анксиозност.

Во онлајн советувањето, едно лице добива детални информации зошто да прифати здрав начин на живот. Здравата промена на животниот стил им помогна на многу луѓе во нивното патување во борбата против анксиозноста. Исто така, на сесии за советување со анксиозност, советникот ја едуцира личноста за анксиозност. Лицето учи и за тоа како промената на животниот стил е ефективна во борбата против анксиозноста.


Анонимно побарај совет од лиценциран психолог

Одговорете на прашалникот подолу и споделете го предизвикот со кој се соочуваате. Психолозите на Разговор.мк ќе можат да го видат предизвикот со кој се соочувате и да споделат мислење или совет со вас. Секако, психолозите може да понудат и значителен попуст за прва консултативна сесија со нив. Исто така, Разговор.мк нуди можност и да останете анонини при разговорот со психологот. Силно ви препорачуваме да закажете една консултативна сесија со психолог кој ќе ви понуди совет.

Откако ќе го споделите предизвикот со кој се соочувате преку формата подолу, ќе добиете меил како потврда дека споделеното е примено. Преку истиот меил ќе можете да ја превземете и нашата мобилна апликација со цел во реално време да добивате известувања за добиен одговор од некој од психолозите.


Предности на онлајн советување

Постои терапија за секакви видови на анксиозно растројство во онлајн советување. При онлајн советување, седите со советникот на сесии еден на еден, каде што можете да разговарате за сите проблеми. Едно лице генерално се двоуми да ги сподели чувствата дури и со семејството или блиските и затоа симптомите се зголемуваат. Можете слободно да разговарате со советник за вашите мисли и симптоми со кои се соочувавте.

При онлајн советување, советникот ви обезбедува третмани соодветни на вашите услови. Бидејќи симптомите на вознемиреност се различни кај секоја индивидуа, третманите исто така не се исти за секого.

Има многу придобивки и поволности што ги добива едно лице при консултација лице во лице. Но, исто така и онлајн советувањето опфаќа голем дел од истите.

Кога некое лице страда од анксиозност тоа често се повлекува во себе и не излегува. Интернет-советувањето виртуелно го испраќа советникот до вашата куќа. Додека седите удобно дома, можете да ја поминете сесијата без стрес.

Анксиозноста може да се појави во секое време или на кој било ден, во онлајн советување добивате повеќе начини да дојдете до вашиот советник; не само на повици, туку исто така можете да се поврзете со вашиот терапевт преку видео повик или текстуални пораки. Ованема да биде случај со лично советување каде што може да се сретнете со вашиот терапевт само во определени денови.

Каде да го добиете најдоброто онлајн советување?

Разговор.мк е вашата дестинација за сите ваши проблеми со анксиозно растројство. Онлајн советниците на Разговор.мк имаат долгогодишно искуство во советување на луѓе кои се соочуваат со различни предизвици.

Од безброј предности што ги добивате од Разговор.мк, неколку од нив се:

  • Стручните советници се достапни за вас 24 × 7, 7 дена во неделата и 365 дена во годината.
  • Вие не треба да се грижите за приватноста бидејќи имате слобода да разговарате 100% анонимно.
  • Целиот аудио или видео разговор помеѓу вас и советникот е доверлив.