fbpx

Како до самодоверба?

Знаеме колку самодовербата е битна за успех во сите животни полиња. Затоа сите ја посакуваме. Кај повеќето луѓе, таа знае понекогаш да варира. Тоа е нормално. Но, некои луѓе живеат со константно ниско ниво на самодоверба. Тоа знае да направи низа потешкотии во функционирањето. Човек тоа лесно го приметува кај другите, па и кај себеси. Затоа во обид да си помогне на себеси или другите, веднаш се доаѓа до мубетот дека ТРЕБА ДА БИДЕТЕ  ПОСАМОУВЕРЕНА личност. Тоа сите го знаеме. Но дали знаеме како тоа да се постигне?

Оние кои ја имаат мислат дека е лесно да се постигне, и даваат свои рецепти. Но ако се во кожата на оние кои ја немаат, е тогаш ќе разберат колку е тешко да се излезе од лавиринтот наречен ниска самодоверба. Сите нивни совети ќе се покажат како јалови. За тоа како да добиете самодоверба има напишано многу статии, многу книги, многу прирачници за самопомош кои многу ветуваат и додека се читаат го полнат читателот со голема надеж која за жал трае само некое време.

Најчесто додека се исчита и се увиде дека не е толку едноставно како што изгледа. Зошто е така? Затоа што честопати авторите тргнуваат да го решат овој комплексен проблем од една страна, запоставувајки ги другите чинители. А и не е возможно во еден прирачник да се опфатат сите чинители и како да се пристапува. Тогаш тоа би бил учебник за факултет, а не прирачник или книга за сите читатели.

Со интегративен пристап до позитивни резултати

Што сакам да кажам? Пристапуваат да ја потсредат когнитивната сфера, а ги запоставуваат емоционалната и сетилната. Или обратно: пристапуваат решавајки ја емоционалната, а ја запоставуват когнитивната и сетилната. Решението е интегративен пристап. Во исто време да се работи и на когнитивниот, и на емоционалниот и на сетилниот, па и на соцјалниот и филозофскиот аспект од личноста. Личноста е комплексна творевина во која обичниот човек се чувствува како во лавиринт. Во неа има многу фактори кои го продуцираат ефектот кој не ни се допаѓа и кои би сакале да го промениме. Многу од тие фактори самите не ги гледаме, а и да ги гледаме, можеби немаме доволно стручно знаење како да ги подсредиме. Ете затоа е многу тешко човек сам да излезе на крај со она што го приметува во себе и сака да го промени. Се труди од петни жили, ама никако да успее.

Стручна поддршка за умот

Исто е и со ниската самодоверба. Потребно ви е стручно водство кое ќе ви помогне да ги осознаете причините кои ја овозможуваат и ќе знае како интегративно да ве води низ процесот на нејзино исчезнување. Вие имате потенцијал да функционирате со самодоверба. Тоа е вашата природа, вашето право јас. Можеби сами, тешко ви оди, но со стручна помош, лесно ќе дојдете до посакуваната цел. Побарајте помош.

Тоа е исто кога колата не ги дава посакуваните перформанси. Зар сами ја оправате? Не, зошто знаете дека зад таа област стои цела наука за кои вие не сте остручени. Можеби некој и ќе се обиде. Можеби ќе ја потсреди, ама можеби и ќе ја дорасипе. Мина времето кога луѓето се правеа сезнајковци. Сега е нормално да се каже дека јас во ова сум стручен, а во она не. Затоа ќе потражам мислење и помош од оној кој за тоа знаење инвестирал труд, време и пари, за да се остручи во таа област и да може да биде од корист.

Апел до корисниците на апликацијата за онлајн советување

Соработувајте со стручното лице и бидете трпеливи. Создавањето на нови начини на однесување и реагирање бара време. Потребно е да се создават нови врски меѓу нервните клетки, нови начини на реакција, па дури тие да станат подоминантни од старите начини. Кога е потребно да зарасне една коска, за што е потребно создавање нови клетки, знаеме дека е потребно време. Кога некој почнува да вежба за да направи мускули, исто така му е потребно и време. Слично и овде е потребно време во кое е треба да се создадат нови врски помеѓу клетките. Овие нови конекции ќе ви овозможат поинаку да размислувате, да реагирате, и да се однесувате.  

И друго.

Понекогаш, она што сакате да го промените, ќе се обиде да ве отргне од стручното лице кое ви е од полза. Тоа ние го нарекуваме одбрамбени психолошки механизми кои се задолжени да ја зачуват целовитоста, интегритетот, хармоничното функционирање на некое ниво на кое личноста е навикната. Секој обид да се промени тоа функционирање, потсвесно се доживува како напад и се активираат тие механизми. Па ќе ви дојде мисла, или чуство кое ќе ве убедува дека нема полза, дека човекот не знае, не ве разбира, и слично. За ова е потребно трпение и доза на самокритичност за да ги препознаете овие механизми, кои иако се од полза, понекогаш несвесно знаат да направат штета.

Ви посакувам секое добро.