fbpx

Зарем се уште ќе ја игнорираме анксиозноста?

стрес слика

Новиот начин на живот со себе носи неизвесност, брзина и голем број на промени во краток временски период.  Ни наметнува да научиме како полесно да се прилагодуваме и да го следиме развојот на настаните. Ќе се согласите со мене дека сите се обидуваме да го одржиме темпото и трчаме, но што ако трчајќи сме се заборавиле себеси? Што ако се соочиме со анксиозноста?

Анксиозноста денес е нормална реакција

Сите сме загрижени или нервозни од време на време. Анксиозноста е нормална човечка реакција на стресните секојдневни ситуации. Кога зборуваме за луѓе, зборуваме за суштества исполнети со емоции, а емоциите се надвор од секоја логика. Способноста да чувствуваме нè прави живи, затоа состојбата на апатија и анксиозност е неприродна за нас. Анксиозноста несомнено навлегува во секоја сфера на животот. Семејниот, професионалниот и социјалниот живот страдаат најмногу поради реакциите предизвикани од анксиозност.

Знаете што е позитивната страна на сето ова? Тоа што вие, за разлика од претходните генерации, имате неограничени извори на информации и многу лесно можете да се информирате за ваквата ментална и емоционална состојба. Штом ќе научите нешто повеќе, следен чекор е прифаќање. Да, можеби сте анксиозни, па што? Проблеми не постојат, само предизвици. Следен предизвик: да престанете да одложувате, да стегнете заби и да се борите, зашто не постои алтернатива! Не пробувајте да се затворите во себеси и да го игнорирате вашиот вистински непријател. Зарем стравот од тоа како другите ќе ве сфатат треба да ве спречи да се ослободите? На крајот од денот, вашата среќа е само ваша и никој друг неможе да ја почувствува.

Разговор со психолог, чекор кон успех

Луѓе мои, денес ја имаме можноста да поразговараме со друг човек кој ја студирал состојбата на анксиозност и апатичност и кој сака само да нè слуша! Психолозите се професионалци кои одлучиле да ни го олеснат постоењето и да ни посочат вистински начин на справување со нашите кочници, стеги или трауматични последици од некои животни случувања. Огромен број на истражувања покажале дека 99 од 100 успешни луѓе се во континуиран контакт со свој личен психолог и свој духовен водич. Психологот ви помага да ја изградите само-свесноста, да започнете да делувате проактивно и да прифатите одговорност за своите постапки. За да станеш успешен човек, треба да се соочиш со сите губитници во себе, единствено тие можат да ја загрозат твојата продуктивност!

Хара Ховард, професор, оратор и мотиватор, на еден од настаните говори за своето лично искуство со анксиозноста. Долго време таа ја игнорирала потребата од помош и истовремено одбивала секаков облик на поддршка од страна на блиските луѓе. Како се одлучила да направи чекор? Во еден момент, сфатила дека на никого не му е толку многу важна нејзината сопствена благосостојба, колку што и е важна нејзе. Првиот чекор, разговор со психолог. Преку разговор, соочување и себеспознавање, Хара ги открила своите блокади и сега знае како да се однесува и како да ги третира за еден ден да биде целосно слободна.

Се сакаш себеси многу повеќе од ова, време е да си го покажеш тоа! Спознај се себеси преку разговор со вистинските луѓе.