fbpx

Како со психолог до подобро ментално здрвје?

Дали доволно се грижиме за нашата ментална состојба?

Грижата за менталното здравје е клучна за живот исполнет со благосостојба. Само ако посветуваме доволно внимание и нега на нашата ментална средина ќе можеме да се соочиме многу полесно со предизвиците кои ги носи физичкото здравје. Допрва ќе се актуелизира потребата од превземање на контрола врз мислите и свесно трансформирање на погледот кон светот. Се’ што сведочиме во нашата околина е огледало на нашите внатрешни убедувања. Можеби веќе имате прочитано многу статии, текстови, сведоштва или книги во однос на темата која ја започнавме и ако е така, ова треба да ве радува. Зошто? Затоа што не бегате од реалноста, превземате иницијатива и покажувате волја за промена и контрола врз менталното здравје. Разговорот со психолог е еден од најдобрите начини да почнете со превземање на контрола врз вашите мисли и живот.

Одвнатре, кон надвор

Човек со создадена хармонија и дисциплина во својата ментална средина, рефлектира со хармонија и ред во надворешниот материјален свет. Затоа е исклучително важно да ги согледаме и да се соочиме со внатрешните немири. Овие внатрешни немири и тоа како се одразуваат на нашите секојдневни активности. Покрај внатрешните влијанија, кои потекнуваат само од нас, постојат и надворешни фактори кои имаат ефект врз менталното здравје. Прашањето е како полесно да ги надминеме? Нашата реакција кон надворешните фактори е директен показател на нашиот внатрешен мир и поглед кон нештата. Затоа, треба да работиме на себе и да ги следиме нашите емоции за да можеме да останеме стабилни за време на некоја непожелна ситуација или разговор. Лиценциран психолог може да ве научи како да ги препознаете внатрешните и надворешните влијанија и како да се справите со истите.

Лутина, бес и нервоза

Нашето однесување е индикатор за нашето ментално здравје. Тоа може да биде проактивно, но може да биде и дисфункционално. Какво е вашето однесување? Како реагирате на ситуации кои се непосакувани во вашето секојдневие? Сте паднале на испит, платата доцни, колата ве оставила на сред автопат, децата повторно сте заборавиле да ги земете од градинка поради работни обврски, како ќе реагирате?

Бидете брутално искрени пред самите себеси и отворете ги картите. Ако имате голем број на реакции исполнети со лутина, бес и нервоза, едуцирајте се во однос на оваа тема со помош на разговори и комуникација со професионалци. Психологот ќе ви даде совети како да управувате со лутината или бесот, а преку индивидуален третман ќе ве насочи и ќе ви даде целосна стратегија на однесување. Исто така, многу е важно да знаете од каде потекнува таа лутина. Можеби ова е симптом на некое ментално нарушување кое треба навремено да го детектирате. Ако сте сведоци на вакво однесување кај некој од вашите блиски, психологот ќе ве научи како да им бидете поддршка и како да ги разберете.

Жртви на злоупотреба или малтретирање

Кога личност е жртва на ментална, физичка, сексуална или друг облик на злоупотреба, многу често таа злоупотреба резултира со нарушување на менталното здравје на жртвата. Ова е вообичаена последица. Не можеме да го вратиме времето и да ја спречиме причината, но можеме да ја отстраниме последицата. Сите вие кои некогаш сте биле злоупотребени, на еден или на друг начин, соберете храброст да го кажете тоа гласно! Не чувајте во себе, ова не е ваш товар и само со добра комуникација со професионалци ќе можете да се ослободите од чувството на жртва и самосожалување.

Обидете се да се посоветувате со некого кој ќе ве слуша со емпатија. Online платформата на разговор.мк нуди огромен број на можности. Можете да останете целосно анонимни, доколку така преферирате. Овие советувања се покажаа како исклучително добар начин за терапија.

Откријте ги вашите емоционални зависности заедно со психолог

Како една од причините за нарушување на менталната состојба ќе ја наведеме и секоја форма на емоционална зависност или приврзување. Живееме во семејство, заедница. Имаме свој круг на пријатели, колеги, познаници, но сепак не смееме овие врски да ги претвориме во токсични врски и да преминат во зависност. Богатството на еден човек се неговите пријатели и луѓето кои ги сака и има, но секој може сам да го постигне тоа што го посакува, независно и без да очекува нешто од друг.

Дали вие имате некоја токсична врска или дали се чувствуате зависни од некој друг? За ова треба да поразговарате и да се фокусирате на вашиот живот и сопствените акции. Превземете одговорност за секоја постапка.

Разговарајте, едуцирајте се, слушнете совети од психолог и започнете да го живеете животот онака како што само вие сакате!