fbpx

Социо-емоционален развој кај децата

Социо – емоционален развој кај децата претставува процес преку кој децата стекнуваат капацитет да разберат, доживеат, изразат и управуваат со емоциите и да развијат адекватни односи со другите.

Децата со развиени социјални и емоционални вештини:

  • стекнуваат и умеат да зачуваат пријателства
  • имаат самодоверба
  • успешно решаваат конфликти
  • се држат до социјалните норми
  • носат соодветни одлуки
  • поседуваат свесност за чувствата на другите

Ова се само дел од способностите. Социјалните и емоционалните вештини се значајни за успех и среќен живот кај децата, но и кај возрасните.

Изразување на емоции

Во многу семејства, да се има потреби или да се изразуваат емоции резултира со игнорирање или исмевање на детето. Важна задача на родителите е соодветно да одговараат на емоциите на своето дете. Емоциите се релациони по својата природа и бараат соодветен одговор од другата страна.

Изразувањето на тага кај детето треба да предизвика сочувство кај другиот, лутината треба да предизвика внимание, сериозност и одговорност и можна промена во однесувањето на родителите. Стравот бара превземање акција за заштита на детето, а радоста треба да предзвика виталност и израз на задоволство кај родителите.

Од големо значење се и мислите. Искривената слика за себе, која е резултат на погрешни верувања за себе допринесува до чувство на помала вредност, беспомошност, неспособност и сл. Да се открие мислењето кое го има детето за себе и од каде тоа потекнува е прв чекор кон промени во позитивна насока.

Кај нас ретко се зборува за емоциите  и психолошките потреби. Акцентот во воспитувањето на децата е ставен врз нивното однесување и корегирање на однесувањето преку разни методи. Ретко се занимаваме со причините за однесувањето. Децата кои не биле изложени на искуство  со зборување за емоциите и потребите немаат развиено свест ниту јазик за да ги изразат своите. Прв чекор во здобивање на чувство на влијание во врските кои ги формира детето  е да му се помогне да ги именува и изрази своите чувства, потреби, мисли и искуства. 

Работна тетраката “Кој сум јас – моите мисли и емоции”

Работната тетратка “Кој сум јас – моите мисли и емоции“ се состои од вежби наменети за освестување на емоциите и мислите, насочување на вниманието кон себе си и своите внатрешни процеси.  Преку нејзиното потполнување се постигнува:  

  • Подобро запознавање на себе си преку интроспекција
  • Подобрена слика за себе преку вежбите поврзани со мислењето за себе и своите особености
  • Нормализирање на сите емоции како добри и прифатливи
  • Поголемо разбирање од страна на родителот на детските потреби, грижи и емоции.

Целта на вежбите во работната тетратка е исто така и препознавање, валидација и нормализација на феноменолошкото искуство кај детето. Овде улога имаат и родителите кои треба да покажат прифаќање за она што го комуницира детето преку своите одговори. Родителите треба да му дадат значење и да му обрнат внимание, како и да му дадат чувство на нормалност и разбирливост. 

Вежбите отвараат можност за разговор со детето. Неговата самостојна работа ќе им даде на родителите информации за важни аспекти од доживувањата на детето.

Тетратката е важна алатка како за родителите, така и за други професионалци кои работат со деца.

Побарај совет или насока од Елена Кабранова

Со создавање на поддржувачка и емпатична средина, им помагам на клиентите да ги истражат и разберат нивните емоции, да развијат ефективни стратегии за справување и да практикуваат техники за решавање проблеми. Мојата цел е да ги поттикнам поединците самоуверено да се движат во социјалните интеракции, ефикасно да управуваат со стресните фактори и да негуваат позитивни односи. Ако имате какви било прашања или грижи за социјалниот и емоционалниот развој на вашето дете, пополнете го формуларот подолу и со задоволство ќе ви помогнам.