Оваа онлајн работилница на Розалија Секулоска има за цел подобро да не запознае со емотивната манипулација. Работилницата ќе се содржи од два дела.
Во првиот дел таа ќе открие што всушност е емотивна манипулација како и кои се карактеристиките на процесот.
Во вториот дел одблиску ќе се запознаеме со можните карактеристики на личноста на манипулаторот, какви видови на манипулатори постојат, а за крај ќе бидат демонстрирани и неколку начини за справување со вакви ситуации.
Структура:
- Што е емотивна манипулација
- Добрите и лошите страни на манипулацијата
- Карактеристики на процесот
- Пауза (10 мин)
- Дали се раѓа или создава манипулатор
- Видови на манипулатори
- Справување
Време траење на предавањето: 1ч и 30 мин
Датум: 01.05.2022
Време: 19:00
Цена: Бесплатно
Која е Розалија Секуловска?
Розалија е магистер по развојна психологија, сов.психотерапевт по Когнитивно-бихевиорална психотерапија, трансакциона анализа, енергетичар, едукант и координатор во Р.С. Македонија по ОЛИ интегративниот метод.
Својот пристап на работа го опишува вака:
Мојот пристап за секој клиент е различен. Работам преку дефинирање на главниот проблем на кој “сега” ќе работиме. Клиентот го дефинира својот проблем и со заедничка работа склопуваме психолошки договор на што ќе работиме. Потоа работиме преку откривање зошто е тоа така, од каде и од кого носи корени, кои се забраните, дозволите, кои се веројатностите за добивка и загуба при промените. Тоа е долг и сериозен процес која бара “полека” да се работи бидејќи наглите промени можат да бидат застрашувачки за клиентот со што се активира несвесниот отпор за оддржување на ситуацијата во статус кво.
Откако ќе се реши проблемот, клиентот доживува огромно олеснување, Аха доживување и ослободување на енергија со што овозможува “здрав” проток на енергија низ менталното, емоционалното и духовното Јас. Низ работата работам со “збор” Сократовски, со индивидуално адаптирани вежби за освестување, изложување, дишење, обжалување, прифаќање, соочување со реалноста, анализа, синтеза,.. за проблематиката и со задавање на домашни задачи кои се обработуваат на идната средба. Со други зборови, потребно е да се влезе во процесот за да се почувствува сето ова на своја “кожа”.
Што велат клиентите за Розалија Секулоска?

Успеавме да дојдеме до коренот на стравот во првата сесија, ги разработивме најлошите сценарија предизвикани од стравот, а и дискутиравме техники за справување со стравот. Топло ја препорачувам. Ќе се слушнеме повторно следната недела. Ви благодарам што ме упативте како позитивно да размислувам, ме ислушавте, смиривте и ми дадовте надеж.

Одличен психолог и соговорник. Ми помогна од гледна точка на повеќе сфери, панични напади и анскиозност, справување со животни промени, како и мотивација во текот на животот. Навистина ја препорачувам, дефинитивно најдобро досегашно искуство со психолог.

Одличен слушател, за прв разговор презадоволна сум. Со сигурност ви ја препорачувам, а јас ќе продолжам со разговорите зашто точно знае каде е проблемот и да ти даде насока каде треба да се движиш со своите размислувања и постапки