Се соочуваш со анксиозност, стрес, панични напади, недостаток на самодоверба, депресија или сакаш да работиш на себе и својот личен развој? Преземи ја нашата мобилна апликација и најди го идеалниот лиценциран психолог за тебе по пристапна цена.
Го направивме советувањето лесно и пристапно за тебе. Преземи ја нашата мобилна апликација и следи ги чекорите.
Пребарај ги сите психолози на нашата апликација и разгледај ги деталите за нив - биографија, пристап и искуство. Можеш да пребаруваш според опсег на цена, специјалност и начин на комуникација.
Откако ќе го најдеш идеалниот психолог за тебе, резервирај го твојот термин.
Комуницирај безбедно преку нашата апликација. Видео и аудио повиците се целосно приватни и никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до нив.
Сподели го проблемот со кој се соочуваш и ние ќе го дистрибуираме до релевантните лиценцирани психолози. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна консултативна сесија. На овој начин, можеш да пробаш разговор со повеќе психолози за да го најдеш идеалниот за тебе.
Сите психолози на платформата се лиценцирани од Комора на психолози на Македонија или од соодветно тело доколку се од странство. Секој од нив е специјализиран за различни предизвици и има свој уникатен пристап на работа и советување.
Комуницирајте безбедно и приватно преку директна врска. Никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до каналот за комуникација. Врската помеѓу вашите уреди е директна.
3000+ корисници закажале барем еден разговор со лиценциран психолог. Еве што велат некои од нив.
Онлајн скринингот е еден од најбрзите и најлесните начини да се утврди дали се присутни симптоми. Нашите кратки прашалници за ментално здравје ќе ти помогнат да дознаеш дали ти треба поддршка и советување со лиценциран психолог.
Прашалникот се состои од 10 тврдења. Одреди го степенот до кој секое од овие тврдења се однесува на тебе во изминатиов месец. Крајниот резултат ќе ти даде индикација дали и до која мера ги искусуваш најчестите симптоми на анксиозност.
По завршување на прашалникот ќе имате можност да научите повеќе за вашите симптоми. Крајниот резултат ќе ви даде индикација дали и до која мера ги искусувате најчестите симптоми на социјална анксиозност. Секогаш сме тука сме за вас.
Тестот за проценка на вашиот личен идентитет разликува девет типови на личност, секој со свои основни мотивации, стравови и внатрешна динамика. Истиот е наменет за да се разберете себеси подобро и вашите патерни на размислување.
Прашалникот се состои од 15 тврдења. Одреди го степенот до кој секое од овие тврдења се однесува на тебе. Крајниот резултат ќе ти даде индикација дали и до која мера ги искусуваш најчестите симптоми на burnout.
Овој тест е дизајниран да го процени вашето општо ниво на самодоверба и да утврди дали треба да работите на вашата слика за себе. Крајниот резултат ќе ви даде одреден увид за вашето моментално ниво на самодоверба.
Одговорете на 10 прашања и видете како го перцепирате стресот во вашиот живот. Земете ги во обзир вашите емоции и мисли само од последниот месец при одговарање на прашањата. Одговорете на прашањата брзо, не подолго од 20 секунди по прашање.
Направете го овој бесплатен, 5-минутен тест за да истражите како условувањето од детството се манифестира во вашите возрасни релации и романтични врски.