fbpx

Дали чувстувате анксиозност да се дружите деновиве? Па, не сте сами – пандемијата нè остави сите малку несигурни и збуенти за тоа како да се дружиме. Бројот на заразени се зголемува, а особено страшен е растот на бројот на заразани од новиот вид на вирусот.

Не изненадува фактот што ова резултираше со поголем страв од заразување и ширење на вирусот и ова доведе многу луѓе да се чувствуваат позагрижени од идејата за социјализација. Оваа анксиозсност може да ескалира до степен да му отежне на некој да го напушти својот дом, дури и кога тоа треба.

Па, како можете да се справите со социјалната анксиозност предизвикана од пандемија? Еве седум совети.

Следете ги препораките

Сите ние треба да ги следиме препораките на соодветните институции околу социјалното растојание и носењето маски. Овие се едноставни алатки што можат да нè заштитат од КОВИД-19 и ги поддржува науката! Значи, ако и кога се дружите со другите, држете се на дистанца и носете маски, особено ако сте во затворено.

Минимизарјте ги социјалните интеракции

За да бидете најбезбедни, најдобро е да ги минимизирате социјалните интеракции. Иако можеби сте имале планови со пријателите секоја вечер од пред пандемијата, тоа можеби сега не е најдобрата идеја. Ограничете ја количината на дружење и интеракции што ги правите со цел да го намалите ризикот. Можете исто така да го ограничите бројот на луѓе со кои се дружите и да се дружите само со луѓе еден-на-еден, наместо во големи групи. Колку повеќе луѓе гледате, толку е поголем ризикот од евентуално заразување со вирусот.

Комуницирајте отворено

Сега не е време да се воздржите со комуникација. Треба отворено да зборувате за статусот на пандемијата и за тестирањето. На пример, можеби ќе сакате да прашате некого кога последен пат бил тестиран, или дали бил изложен. Не плашете се да ги поставите овие прашања. Секако, малку е непријатно, но подобро е да бидете безбедни отколку да жалите. Само љубезно кажете им на луѓето дека внимавате и сакате да бидете што е можно поинформирани. Еве неколку други препораки за прашања што можете да ги користите:

  • Дали неодамна се дружевте со многу други луѓе?
  • Кога се дружите, дали обично носите маска?
  • Дали би ви било пријатно да ги носиме нашите маски кога ќе се дружиме?
  • Дали сте во ред со дружење еден на еден, наместо во групно опкружување?

Дополнително, ако се чувствувате малку непријатно од дружењето, можете да комуницирате и за тоа. Понекогаш кажувањето нешто за незгодноста може да го скрши мразот, особено ако и другата личност се чувствува социјално непријатно. Само знајте дека работите ќе почнат да се чувствуваат помалку чудни како што одминува времето.

Планирајте однапред

Еден начин да ја намалите вашата анксиозност е да испланирате однапред. Кога ќе излезете од дома, оставете си да размислите каде планирате да одите и планирајте однапред за да продолжите да бидете свесни за протоколите за социјално дистанцирање. Планирањето може да вклучува и отворено комуницирање пред да се дружите за да знаете што да очекувате и како да се подготвите. Исто така, ако планирате да излезете на јавно место, можете да се јавите во установата за да прашате кои упатства за социјално растојание ги применуваат, ако прават проверки на температурата, дали имаат јадење на отворено и така натаму.

Можете дури и да испланирате однапред како да ја менаџирате вашата анксиозност коа се дружите. На пример, можете да помислите на неколку различни теми за кои можете да зборувате ако има незгодни тишини или затишје во разговорите и можете да планирате различни игри или активности што треба да ги направите ако треба да менувате брзини. Имајќи ги предвид овие можни планови, може да помогне да се чувствувате малку помалку вознемирени

Одржувајте ги своите граници

Секогаш е важно да поставите граници во вашиот личен живот, но сега е уште посуштинско. Знајте ги вашите граници кога станува збор за дружење за време на пандемијата и спроведете ги. На пример, можеби ќе си поставите граница и ќе сакате само да се дружите со една личност или да се дружите само со некого откако ќе бидат тестирани. Застанете на тлото со овие граници. Нивото на удобност на сите е различно. Не заборавајте да ги почитувате и границите на другите!

Знајте кога да побарате поддршка од професионалец

Секако е нормално овие денови да доживеете анксиозност до одреден степен. Меѓутоа, ако чувствувате дека вашата анскиозност е екстра интензивна или ве спречува во вашето секојдневно функционирање, можеби е време да се вклучите во терапија.

Ако некој открие дека не може да го напушти својот дом дури и кога е потребно за време на пандемијата, тогаш треба да добие помош. Кога анскиозноста ќе не спречи да ги живееме нашите животи и да се грижиме за нашите одговорности, тогаш добивањето стручна помош ќе ни овозможи да научиме како да се справиме со тоа.

Видот на социјална анскиозност со кој се соочуваме овие денови е различен од сето она што некогаш сме го доживеале. Следењето на овие совети ќе ви помогне да се дружите со малку поголема леснотија.

Ако се борите со социјална анскиозност, размислете да зборувате со лиценциран терапевт од Разговор.мк – удобен и ефтин начин да започнете на патот кон подобро чувство.