fbpx

Онлајн групи за поддршка предводени од психолози и терапевти.

Не мора сами да се соочувате со вашите предизвици. Растот и заздравувањето се негува преку споделени искуства.

Разговор.мк организира онлајн групи предводени од лиценцирани писхолози и терапевти за поддршка при соочување со анксиозност, депресија, тага, зависности, родителство, осаменост, нефункционални врски, траума…

Како група за поддршка може да ти помогне?

За многу од важните прашања во животот, нема ништо подобро од тоа да можеме да разговараме за нештата со топла и сочувствителна група на луѓе кои знаат сè за неволјите, кои не осудуваат и со кои можеме да се чувствуваме помалку сами. За таа цел, овозможуваме групни дискусии и групи за поддршка, кои се модерирани од стручни лиценцирани писхолози и терапевти.

Разбирање и припадност

Простор каде што ќе бидете разбрани и прифатени од поединци кои се соочуваат со слични предизвици. Во групно опкружување, имате можност да стекнете увид и повратни информации од различни перспективи.

Професионално водство

Сите наши групи се предводени од стручни психолози и психотерапевти кои ќе ви обезбедат значајно искуство низ целиот процес.

Развој на социјални вештини:

Групната поддршка нуди структурирана средина за практикување на социјални вештини, како што се активно слушање, емпатија и ефективна комуникација, кои можат да бидат вредни за подобрување на интерперсоналните односи.

Безбеден простор

Безбеден простор за да споделите што и да мислите без срам или осудување. Сè што бараме е да учествувате со отвореност, сочувство и ранливост.

Емоционална поддршка

Извор на емоционална поддршка и охрабрување во тешки моменти. Ова е инклузивен и неосодувачки простор каде што ќе можете да ги споделите вашите грижи.

Како да се пријавам?

01

Одбери ја твојата група

Одбери ја групата која што мислиш дека се усогласува со твоите потреби. Секоја група е предводена од искусни терапевти кои се специјализирани за темата.

02

Пополни го формуларот

За подобро да ги разбереме твоите уникатни потреби и преференции и да обезбедиме најдобари можни резултати, потребно е да пополнете краток скрининг формулар при пријавување. Вашите одговори ќе останат доверливи. Секој учесник е должен да потпише согласност за доверливост и дискреција.

03

Започни го твојот процес за поддршка

Откако ќе се пополните формуларот, нашиот тим ќе ве контактира за финализирање на вашата пријава. Ќе добиете мејл со детали за тоа како да пристапите до избраната група за поддршка во дадениот термин.

04

Приклучи се на твојата прва виртуелна средба.

Пред почетокот на првата средба, вообичаено е да почувствуваш некоја почетна нелагодност. Но, запомни дека штом ќе кликнеш на линкот, се поврзуваш со личности кои навистина разбираат низ што поминуваш. Откако сите ќе се вклучат, психологот ќе го започне разговорот.

05

Продолжи да присуствуваш.

Како што продолжуваш да учествуваш, ќе препознаеш дека и покрај тешкотиите што си ги доживеал/а, ти си способен/а да создадеш нови пријателства и да продолжиш напред со твојот живот. Целта на овие групи е да се работи и негува чувство на заедница и поврзаност, како и да се научат техники за справување.

Ти се чини дека ова е за тебе?

Една од примарните цели на групната терапија е да ги соедини оние кои споделуваат слични искуства или се справуваат со исти предизвици. Групите може да вклучуваат лица во различни фази на справување, што може да биде особено корисно за оние што штотуку го започнуваат своето закрепнување.

Споделувањето искуства со лица кои се соочуваат со истите предизвици како и вие е неверојатно вредно. Ќе најдете удобност во групите, сила и инспирација, ќе научите нови вештини и насоки и ќе развиете нови пријателства. Во групна средина, сфаќате дека не сте сами со вашиот предизвик.

Нашите онлајн групи се отворени за возрасни и адолесценти кои бараат поддршка и поврзување околу конкретни предизвици. Ова може да вклучува индивидуи кои се борат со состојби на менталното здравје, хронични болести и зависности, животни промени или други заеднички искуства.

Секое состанување има структуриран формат и овозможува отворена дискусија. Доколку не се чувствувате комфорно, не мора веднаш да зборувате за вашиот предизвик. Терапевтот е тука да отвори дискусии, да сподели техники за справување, да ги олесни групните активности и да обезбеди можност за учесниците да ги споделат своите искуства и поддршка меѓусебно.

Секоја група е предводена од лиценциран психолог или терапевт со релевантно искуство. Тие се задолжени да обезбедат насоки, безбеден простор за дискусија и да понудат ресурси и стратегии за справување.

Фреквенцијата на сесиите зависи од конкретната група и бројот на учесници во истата, но обично се состануваат еднаш неделно или два пати месечно со времетраење од 2 часа.

Нормално е да се чувствувате загрижени за приклучување во нова група, посебно кога се работи за поголем број на учесници. Нашите терапевти се искусни во создавање на добредојдена средина – ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и да учествувате со свое темпо. Членовите на вашата група ќе бидат таму од истата причина што сте и вие. Дополнително, секој терапевт воспоставува доверливост на почетокот на секоја сесија за да им помогне на сите да се чувствуваат безбедно во групата.
Препорачуваме да пробате.

Да, сите партиципанти потпишуваат согласност за доверливост и дискретност. Сè што е споделено во групата е доверливо. За сите учесници е задолжително да ја почитуваат меѓусебната приватност.

Ние сме тука да се погрижиме да го извлечете максимумот од вашето искуство. Доколку сметате дека групата не е соодветна, можете да се обидете со алтернативни опции како што е индивидуална терапија или да ве поврземе со друга група за поддршка која можеби ќе биде посоодветна за вашите потреби.

Воспоставени се јасни упатства за тоа што може и што не може да се сподели надвор од групата и секој учесник потпишува согласност и правилник. Доколку не ви е удобно да споделувате пред одредена личност, ве молиме не двоумете се да нѐ контактирате и да побарате трансфер во друга група или индивидуална сесија.

Најчести прашања.

Што велат корисниците за Разговор.мк

12,000+ остварени разговори

3000+ корисници закажале барем еден разговор со лиценциран психолог. Еве што велат некои од нив.

“Премногу сум задоволна од односот на комуникација, успеав да погледнам и од друга перспектива и во иднина повторно ќе ја исконтактирам. Ја препорачувам на сите што сакаат целосно отворен муабет што сакаат да ги согледаат дел од проблемите во врските со партнерот. "
Maja
За Драгица Стаменковиќ​
“После секој разговор се чувствувам подобро и изградено, бидејќи иако зборам за тажни работи, Анѓела секогаш пружа поддршка. Знам дека сум потполно разберена и дека моите емоции се валидни. Се радувам на нашите идни разговори и напредок.”
Ана
За Анѓела Нонковски
“Како за моја прва сеанса задоволна сум 😊Особа што со прашања знае да те насочи кон кој правец да размислуваш. Едвај чекам 2ра”
Марија
За Ирина Николовска
"Го побарав Атанас за конкретен практичен проблем. До сега веќе имавме 4 сесии по ред и можам да кажам дека сум презадоволна. После секоја чувствувам напредок, подобрување и нов увид. Го препорачувам! "
Тања
За Атанас Иваноски