fbpx

Основни информации за мобилната апликацијата Razgovor.mk

Мобилната апликација Razgovor.mk управувана од КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ е проект на КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ со цел да се овозможи брз и едноставен пристап до професионални советувачи и терапевти.

Со користење на мобилната апликација Razgovor.mk корисникот се согласува со овие правила и услови за користење. Правото на користење на апликацијата Razgovor.mk е лично на секој корисник и не е преносливо на друго лице или субјект.

Секој корисник е одговорен за податоците кои ги внесува во апликацијата и доверливоста и вистинитоста на истите.

Мобилната апликација ќе  биде достапна за сите корисници на Android. КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ. КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ си го задржува правото да ја прекине  или привремено да биде ограничен пристапот на услугата на јавната веб страна и мобилната апликација доколку се врши реконструкција, модернизација, одржување и во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата воопшто или некои дополнителни активности. Крајниот корисник ќе биде информиран навремено во случај на прекин на јавната веб страна или мобилната апликација Razgovor.mk преку информативните канали кои ги користи тимот на Razgovor.mk .

Услови за користење на апликацијата Razgovor.mk

КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ си го задржува правото во кое било време да ги прекине, измени или дополни Условите за користење како што смета дека е неопходно и потребно. 

Сите измени и промени кои ќе бидат направени  и истите ќе стапат на сила откако ќе бидат јавно објавени на веб страната наменета за мобилната апликација Razgovor.mk која е управувана од КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ.

Секој корисник пред да се регистрира и започне да ја користи мобилната  апликација Razgovor.mk, задолжително треба да ги прочита условите за користење. Со самата регистрација на мобилната апликација и пополнување на податоците кои се задолжителни, корисникот е согласен на условите и истите ги прифаќа. 

Доколку во текот на користење на мобилната апликацијата Razgovor.mk направи измена, дополнување или бришење на некои од  условите на користење, корисникот ќе биде навремено известен и понатаму ако продолжи да ја користи мобилната апликација се смета дека е согласен со истите. 

Условите за користење на апликацијата Razgovor.mk ќе му бидат достапни на корисникот во секое време додека апликацијата е во употреба.

Содржина на јавната веб страна наменета за проектот Razgovor.mk и карактеристики за мобилната апликација Razgovor.mk

Податоци кои ќе бидат содржани на Јавната веб страна www.Razgovor.mk

  • Дома, за терапевти, блог содржина и услови за користење и политика на приватност
  • Контакт

Регистрирање на веб страната Razgovor.mk и користење на мобилната апликација Razgovor.mk

Право да се регистрираат како корисници на мобилната апликација имаат сите физички лица со деловна способност, физички лица со ограничена деловна способност или со одземена деловна способност во рамки на способноста која ја поседуваат.

Физичките лица кои имаат ограничена деловна способност или одземена деловна способност  доколку се регистрираат да ја користат мобилната апликација Razgovor.mk се смета дека нивниот законски застапник или старател се согласува со условите за користење на истата и со успешно регистрирање ги прифаќа во целост условите за користење и политиката на приватност.  

Со користење на мобилната апликација Razgovor.mk, корисникот се согласува и ги прифаќа во  целост условите за користење и политиката на приватност.

Сите лични податоци кои ги внесува корисникот при регистрирање на страната и апликацијата се чуваат согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Податоци кои се потребни при регистрирање за користење на мобилната апликација Razgovor.mk: корисничко име, возраст и пол на корисникот. 

Задолжителните податоци треба да бидат пополнети за да може да му биде дозволена регистрацијата за да ја користи мобилната апликација Razgovor.mk.

Сите податоци кои корисниците ги пополнуваат при регистрирањето се собираат и се чуваат од страна на КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ, нема да се врши објавување и доставување на трети страни освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи во Република Северна Македонија и за истражувачки цели. Сите податоци ќе бидат заштитени и ќе се чуваат согласно законските прописи.

КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ за јавната веб страна на Razgovor.mk и мобилната апликација Razgovor.mk ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на корисниците со цел заштита од ризикот на неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Поединечните податоци на секој корисник од активностите овозможени преку мобилната апликација Razgovor.mk, се собираат и се чуваат од страна на КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ.

КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ во текот на постоењето на мобилната апликација Razgovor.mk, си го задржува правото да ги информира корисниците преку јавната веб страна на Razgovor.mk и преку мобилната апликација Razgovor.mk за воведени промоции поврзани со користење на мобилната апликација Razgovor.mk и други продукти. КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ може со одредена кампања да одлучи да им даде одредени подароци на корисниците на мобилната апликација. Секоја кампања или промоција ќе биде дополнително ажурирана со правила за истата.

Со самото регистрирање на мобилната апликација Razgovor.mk, корисникот е согласен да биде информиран за тековните измени и новости за апликацијата и активности поврзани со мобилната апликација Razgovor.mk.

На јавната веб страна за апликацијата Razgovor.mk ќе бидат прикажани вкупниот број остварени разговори и разменети пораки со терапевти или советувачи.  Личните податоци кои корисниците ги внесуваат при регистрација нема да бидат јавно објавени ниту достапни за другите корисници.

Преземање на мобилната апликација Razgovor.mk

За да се преземе мобилната апликација Razgovor.mk корисниците треба да  имаат активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред или истата може да биде и Wi-Fi конекција. 

Мобилната апликација е достапна на Google Play Store за Android мобилни уреди.

Собирање и точност на податоците 

Корисникот на апликацијата Razgovor.mk се согласува да ја користи мобилната апликација Razgovor.mk на сопствена одговорност за регистрирање и споделување на личните податоци. Корисникот е одговорен за секоја споделена информација на сопствена иницијатива и волја. Со прифаќање на условите на користење, ја искажува својата согласност дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност ги прифаќа условите и потврдува за точноста на личните податоци кои се достапни.

Политика на приватност и заштита на личните податоци 

КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ на сите корисници на мобилната апликација Razgovor.mk им ја гарантира заштитата на лични податоци согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.

Сите корисници, пред да се регистрираат за користење на мобилната апликација Razgovor.mk се должни да ги прочитаат условите за користење за истата  и со самото регистрирање на мобилната апликација Razgovor.mk да потврдат дека ја разбираат содржината и се согласни со политиката на приватност. Оваа политиката на приватност и заштита на лични податоци се однесува за содржината на јавната веб страна за проектот Razgovor.mk и за користење на мобилната апликација Razgovor.mk.

Бришење на податоците 

Со деактивирање на профилот, корисникот нема да има пристап до мобилната апликација.

Доколку корисникот на своја волја ја деактивира мобилната апликација од својот мобилен уред и по одреден временски период повторно сака да ја користи, потребно е креирање на нов профилот за да ја активира.

Доколку корисникот го контактира тимот на Razgovor.mk за целосно да му се деактивира профилот потребно е да го посочи корисничкото име, возраста и полот кои биле користени.

Останати права и обврски за користење на мобилната апликација  Razgovor.mk

КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ како носител на проектот Razgovor.mk е одговорна за податоците кои се наведени на јавната веб страна и го задржува правото согласно потребите да направи измени, дополнувања или да избрише некои податоци.

Секој корисник со самото регистрирање на мобилната апликација Razgovor.mk и активирање на свој профил се смета дека се согласува во целост со условите за користење и подразбира писмен склучен договор помеѓу двете договорни страни и истиот има правна сила на двострано потпишан договор.

Евентуалните спорови по овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено, по мирен пат со претставници од двете договорни страни, а доколку тоа не е можно надлежен е судот во Скопје. Надлежниот суд во случај на спор ќе ги смета општите услови за користење како договор склучен помеѓу двете договорни страни. Доколку судот смета некоја од горенаведените точки како неважечка, тоа нема да влијае врз валидноста на која било друга точка од овие услови и ќе си останат во сила.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.КАЛЧР ТЕХНОЛОЏИС ДООЕЛ никогаш нема намерно да прибира и обработува лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.