fbpx
Јасмина Јонуз

Јасмина Јонуз

Специјалности на Јасмина Јонуз: Когнитивно-бихејвиорална терапија - Опсесивно-компулсивно растројство - Панични напади - Психодијагностика - Хипохондрија - Депресија - Анксиозност - Емоционални кризи - Управување со емоции и стрес - Панично растројство

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – 900 денари

Видео повик –  Нема можност

За мене

Јас сум лиценциран психолог, магистер по советодавна психологија со неколку годишно искуство во полето на психодијагностика и психолошко советување. По своето дипломирање фокусот го насочувам кон психотерапијата и магистрирам советодавна психологија на Универзитетот Шефилд стекнувајки едукација за интергриран пристап при психолошко советување. Притоа, активно вложувам во развивањето на моите терапевтски вештини со едукации за когнитивно-бихејвиорална и шема терапија. Во 2019г. започнувам со своите докторски студии во полето на клиничката психологија. Голем дел од својата кариера поминувам во невладиниот сектор со советодавна работа со маргинализирани групи во организации како ХЕРА, ХОПС и СОС Детско село. Моментално сум вработена како психолог во Поликиника МВР (ЈЗУ Здравствен дом Скопје), каде што ја откривам својата втора љубов во психологијата, односно клиничката работа со растројства, нивна психодијагностика и третман. Од неодамна работам во Универзитет Зигмунд Фројд - Виена и пружам КБТ и шема терапија онлајн.

Мој пристап

Комбинацијата од интегриран пристап за советувањe како и едукациите за когнитивно-бихејвиорална и шема терапија ги адаптирам на индивидуалните потреби на клиентот. Овој пристап е особено ефикасен во третман на анксиозни растројства - панични напади, здравствена анксиозност (хипохондрија), ocd, фобии, како и депресија и емоционална дисрегулација. Фокусот е справување со оние изморувачки негативни мисли кои не хендикепираат, како и тренинг за надминување на нашите штетни навики. Со шема терапијата пак, пробуваме да го намалиме критичкиот глас, кој секој од нас на одреден начин го има, и да го замениме со поддржувачки пораки. Активно се работи на негување на она “среќно” дете во нас и надминување на негативните искуства.

Искуство

  • 2019 - во тек: Психолог (психодијагностика и психотерапија) Поликлиника МВР - ЈЗУ Здравствен дом Скопје
  • 2019 - во тек: Ко-основач, психолог и претседател во ПСИНАПСИС Скопје
  • 2017 - 2019: Психолог - надворешен соработник (групни психолошки работилници и индивидуално советување во СОС Детско село)
  • 2016 - 2019: Психолошки советник во ХЕРА
  • 2023 - во тек: Предавач во Sigmund Freud University - Виена

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Јасмина Јонуз.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Јасмина Јонуз за работата и искуството со нив. 

    Jasmina e mnogu fina devojka koja sekoja minuta ja posveti detalno da me islusa i da mi pruzi sovet. Topla preporaka i Ti Blagodaram!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Ne Uspeavme Da Ostvarime Sesija.dali Ke Moze Da Ja Prezakazeme?
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prekrasna, Prv Psiholog Sto Navistina Navleze Vo Moite Problemi stravovi I navistina e mnogu pristapna, Se gleda Deka Navistina Saka Da Im Pomogne Na Lugeto.💕
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Ме Смири И Опушти, Ми Даде Надеж, Ме Сослуша И ми Даде Корисни Совети И Техники. Топло Ја Препорачувам. До Следното Видување, Јасмина!
    Одличен пристап, сослушува и дели корисни совети, се почувствував многу подобро веднаш после првата сесија! Благодарна!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлична сесија со конструктивни совети. Топла препорака ја препорачувам Др. Јасмина.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлично искуство.. Јасмина е прекрасна личност,таа и нејзиниот смирувачки глас ми помогнаа многу.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Супер пристап!Знае да сослуша да те насочи,сочуствува дава примери, користи различни техники за надминување на состојбата. Топло ја препорачувам.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Mi bese mojot vnatresen glas. Fala Ti ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicno iskustvo so super soveti, toplo preporacuvam 💓
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Super e, ima resenie za se !
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Јасмина ми остави впечаток дека одлично умее да ме сослуша и да ме насочи како да им пристапам на моите потешкотии. Мислам дека имаме потенцијал за долга соработка.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Ми помогна да ја согледам суштината на моите проблеми и ми даде насоки за нивно надминување.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлична втора сесија! Пристапот беше пријателски со многу внимание и насоки.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлична! Со секој разговор се повеќе се ближиме кон финалниот резултат. Ја препорачувам на сите!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлично прво искуство!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Јасмина Е Извонредна Личност, Пред Се! Повеќе Од Психолог, Јасмина Знае Навистина Да Те Сослуша И Да Сочувствува Со Тебе. Повеќе Од Психолог, Таа Е Вистински Пријател И Придружник На Заедничкиот Пат Кон Надминување На Твојот Проблем И Самораст. Без Разлика Каде Се Наоѓаше Во Животот, Низ Што Поминуваше Или Имаш Поминато, Јасмина Веднаш Ќе Се Поврзе Со Тебе И Со Помош На Својот Арсенал Техники Ќе Знае Како Да Ти Помогне И Да Те Упати Да Се Пренасочиш И Да Си Помогнеш Себеси. Од Огромна Помош Е Нејзината Експертиза Во СБТ (Когнитивно Бихевиоридтичка Терапија) Која Ти Помага Да Го Согледаш Изворот На Својот Проблем (Мисли, Емоции) И Воедно Да Најдеш Алтернатива Без Притоа Да Се Чувствуваш Беспомошни, Неверно На Себе Или Обезхрабрено. Овде Ништо Не Мораш, Јасмина Ти Јас Дава Слободата Сам Да Согледаш Имда Сакаш Да Го Промениш Нешто. Благодарам Сум И На Јасмина За Расчистувањето На Нередот Во Мојот Му, За Признавање На Моите Емоции, Неосудување На Моите Постапки И Отворање На Ново Поле За Рабоота И Успех. Дајте Си Шанса Да Имате Едно Поинакво Искуство На Вашиот Пат Кон Подобро Себе.
    More prvo iskustvo, navistina professionalna I empaticna. Me Smiri Mnogu I Mi Dade Nov Pogled Na Rabotite. Bi Ja Preporacala Na Site Onie Koi Se Seriozni Za Svoeto Mental I Zdravje
    Prekrasen Pocetok, Mi Dolovi Se Sto Sakav Da Znam, Me Upati I Mi Gi Kaza Pravilnite Zborovi ;)
    Vednas uspea da mi go podobri raspolozenieto, navistina odlicno iskustvo :) Bese polna so razbiranje i dobri soveti i ja preporacuvam na sekomu :)
    За прва сесија сум задоволна. Се надевам дека и понатака ќе соработуваме. Мислам дека Јасмина ќе биде мојот психолог во иднина.
    Неколку сесии одржани и топло ја препорачувам. Стручна во областа и прекрасна личност. Ти благодарам Јасмина што постоиш и помагаш.
    Одлична прва сесија, ме воведи во мојот проблем, како се решава.
    Одлични насоки и проценки уште на првата сесија. Многу е искрена и позитивна па самата сесија е охрабрувачка. Беше баш тоа што го очекував и што ми требаше.
    Со 2 разговори, ми помогна да надминам тешкотии неколку години. Ја препорачувам на сите!
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Јасмина Јонуз е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG