fbpx
Драгица Стаменковиќ

Драгица Стаменковиќ

Специјалности на Драгица Стаменковиќ: Коучинг психологија - Панични напади - Асертивна комуникација - Психодијагностика - Семејна динамика - Релациски односи - Организациска психологија - Брачни кризи - Посттрауматски состојби - Загуби и трауми

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – Нема можност

Видео повик –  1500 денари

За мене

Јас сум лиценциран психолог, семеен и системски психотерапевт под супервизија, Shema терапевт под супервизија, EFT (Emotionally Focused Couple Therapy) терапевт за парови под супервизија, EMDR Practitioner, ICI Coach, NLP Practitioner. Во моментот ја завршувам својата едукација за Арт и Експресивна терапија во Белград. Кога клиентите ќе одлучат да тргнат по патот на остварување на некоја своја посакувана состојба, тука сум да им бидам поддршка. Имам системски поглед на светот и убедена сум дека сите ние припаѓаме на некој систем и системските интеракции имаат големо влијание на нашето психичко здравје. Индивидуална промена, предизвикува промена во системот, а секогаш крајната цел е стекнување на поголема автономија, низ свесност, интимност и спонтаност. Јас припаѓам на повеќе системи и тоа: родителски систем во кој сум исполнета мајка на две прекрасни деца, банкарски систем во кој сум менаџер кој остварува цели и планови, но и значајни интеракции низ коучингот и лидерството, партнерски систем во кој сум партнерка, семеен систем во кој сум првородено дете, ќерка и сестра. Сите ние сме збир од системи и интеркации од чиј што квалитет зависи и квалитетот на целокупниот наш живот. Моето мото е "релации не разболуваат, релации не лекуваат". Во својата работа примемувам интегративен пристап и креативни техники. https://instagram.com/dpsihoterapija?igshid=NTc4MTIwNjQ2YQ==

Мој пристап

Користам индивидуален пристап за секој клиент. Мои клиенти се индивидуални лица од различна возраст, семејства и партнери. На првата сесија поставуваме конкретни цели и договор за терапискиот процес. Јакнење на снагите, остранување на проблематични однесувања и размислувања, регулирање на емоции, унапредување и подобрување на семејни и партнеркси релации, унапредување на родитеслски вештини се некои од приоритетите во терапискиот процес.

Искуство

  • 2018 - во тек: Психолог и советувач во "Семеен институт Бошков", Куманово
  • 2006 - во тек: Банкарски сектор на различни позиции

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Драгица Стаменковиќ.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Драгица Стаменковиќ за работата и искуството со нив. 

    Одлично Искуство!!! Презадоволна
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Премногу сум задоволна од односот на комуникација, успеав да погледнам и од друга перспектива и во иднина повторно ќе ја исконтактирам. Ја препорачувам на сите што сакаат целосно отворен муабет што сакаат да ги согледаат дел од проблемите во врските со партнерот.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Навистина искрен разговор со сеопфатно анализирање на проблемот, се чувствувам слушнато и неосамено. Голема благодарност до Драгица!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Се Почуствував Многу Пријатно И Благодарам На Посветеното Време. Дефинитивно Нов Начин И Перцепција За Гледање На Работите. ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлично Знае Како Да Допре До Места Каде Што Со Години Не Сум Знаела Како Да Допрам И Да Ги Искажам.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Има многу добра проценка и пристап кон проблемите. Препорачувам ја на сите!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Многу искрени и интензивени сесии.
    Засекогаш благодарна за секој посветен момент, сесија и разговор.
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Драгица Стаменковиќ е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG