fbpx
Ивона Анѓелкоски

Ивона Анѓелкоски

Специјалности на Ивона Анѓелкоски: Анксиозност - Панични напади - Депресија - Стрес - Справување со животни промени - Самодоверба - Родителство - Мотивација - Поддршка за време на бременост и пуерпериум - Мајчинство

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – 850 денари

Видео повик –  1000 денари

За мене

Јас сум лиценциран психолог при Комора на психолози на РСМ. Работното искуство го започнав како училишен психолог во средно училиште. Моментално работам како воен психолог во касарна. Од 2018 година сум во Гешталт едукација во Советувалиште за хумана соработка – Скопје. Волонтирам во Црвен крст на Р.С.М - Општинска организација Центар, каде што повремено одржувам психолошки работилници. На социјалната мрежа Facebook ја водам страната ,,Низ призма на психологијата” на којашто клиентите може да ми се обраќаат доколку имаат некакви прашања. Во досегашното искуство имам посетено поголем број на семинари и едукации од областа на психологијата. Имам завршено обука за психодијагностика во Институт Алтернатива, Скопје која ми помогна да се стекнам со знаења од областа на психолошките тестирања. Мојата цел е да им пружам максимална поддршка на моите клиенти за да се чувствуваат прифатени какви што се – спонтани, автентични и посебни. Заедно да чекориме низ целиот процес.

Мој пристап

Процесот започнува со фокусирање на сегашниот момент- односно како клиентот се чувствува овде и сега, што му е потребно, какви му се доживувањата. Од тој момент се надоврзуваме со се што ќе ни се појави на нашиот пат, како на пр.трауматски минати искуства или стравови поврзани со иднината, односно се што предизвикува во моментот клиентот да се чувствува вознемирено, тажно, гневно и сл. Се обидувам преку прашања да го доведам клиентот до свесност за потеклото на потешкотиите со кои се соочува и да дојдае до нови креативни решенија за истите; подобро да се разбере себеси и своите потреби без да влијаам на неговите избори и одлуки. Не користам директни совети со дефинирана содржина пр.за тоа како да постапат во конкретна ситуација, но секако заедно ги разгледуваме можните решенија.

Искуство

  • 2019 - во тек: Психолог во касарна ,,Алексо Демниевски-Бауман” - Велес
  • 2018 - 2019: Училишен психолог во ОСМУ ,,Никола Штејн” – Тетово

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Ивона Анѓелкоски.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Ивона Анѓелкоски за работата и искуството со нив. 

    Dobra prva sesija, se nadevam ke ima napredok so idnite sesii.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prekrasna Licnost, Ja Custvuvam Kako Bliska Drugarka, Znae Da Me Ohrabri, Da Mi Dade Pravilen Sovet. Toplo Ja Preporacuvam
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Kako za prv pat super e​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicen razgovor kako i sekogas!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлично советување како за прва сесија 🙂
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одлична е, ми се допаѓа нејзиниот пристап. Топло ја препорачувам!
    Mnogu dobri soveti i poddrska, toplo preporacuvam 😊
    Predobar razgovor Licnost sto so prasanja te nasocuva i podrzuva za bilo kakov cekor
    Допирање До Најдлабоките И Никогаш Непромислени Детали Од Детсво До Денес За Да Се Најде Корен На Проблемот. Препорачувам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Ивона Анѓелкоски е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG