fbpx

Што велат нашите корисници?

Прочитај реални критики и коментари за нашите психолози.

Марија е исклучително пријатен, сочувствителен и прониклив соговорник. Сесиите со неа секогаш изобилуваат со чудесни нови перспективи и мали лични победи.
Created by Icons By Alfredofrom the Noun Project
Чудно како на некој си спремен да му се отвориш преку чет... Со интересни прашања те насочува кон расмислување во правец во кој не си размислувал предходно.
Created by Icons By Alfredofrom the Noun Project
100% професионалност, потенцијал и дедикација кон идентификување на проблемот, ефикасна методологија кон ресирање на истото. Строго препорачувам.
Created by Icons By Alfredofrom the Noun Project

Над 1000 позитивни рецензии на нашата апликација.

“Елена е одличен соговорник а пред се слушател, добивате чувство дека разговарате со познат пријател. Се надевам да ја продолжам соработката со неа и да работам на себеси зашто сметам дека може многу да ми помогне."
Зорица
За Елена Кузмановска
“Сања ми помага често да ги видам ситуациите од друга перспектива и се ми станува појасно и полесно решливо. Таа знае да ги постави најсоодверните прашања со кои ми помага самата како да дојдам до заклучок кои се најдобрите решенија за мене."
Сандра
За Сања Бојковска-Ѓорѓевиќ
“Веднаш после првиот разговор се чувствувам подобро. Анџела дава различна перспектива, корисни совети и поддршка."
Ана
За Анѓела Богдановска
“Одличен психолог низ сослушување разбирање, посветеност и поддршка, знае како да ве усмери да бидете најдобрата верзија од себе во решавање на вашите проблеми."
Илија
За Ивана Ѓоргиевска
“Благодарение на психологот Катерина се пронајдов себеси во онаа верзија во која сакам да сум, во онаа верзија од себеси каде што се осеќам среќна и своја а сите го сакаме тоа да се осеќаме среќни во нашата тело, јас не се осеќав така, првите разговори започна во период кога не можев да се погледам себеси во огледало, а сега секој ден се гледам милион пати и се осеќам среќно и убаво. Уште еднаш преголемо благодарам! Сето ова што го постигнавме го постигнавме со моја желба и точни насоки на психологот Катерина."
Катерина
За Катерина Арсовска
“После 8 сесии ми помогна доста многу да се сфатам самата себеси која сум и да се засакам таква каква што и Навистина сум. Само топли препораки,кој и да ја избере нема да погреши ❤️"
Лора
За Анѓела Богдановска
“Огнен е неверојатно спонтан, отворен, флексибилен... Ѕвездичките не се доволни за да се покаже квалитетот на сесијата. Одлично искуство."
Јане
За Огнен Велевски
“Бев крајно скептичен во врска со посета на психилог. Соња навистина ми помогна да го разјаснам потеклото на моето негативно размислување. Таа е полна со емпатија, трпелива и ја сметам за неизмерно корисна. Процесот резултираше одлично."
Анонимен корисник
За Соња Јовановска
“Премногу сум задоволна од Марија која беше многу топла и позитивна. Како за прво искувство ми помогна веднаш да се опуштам и да се ослободам од негативната енергија. Лесна и природна комуникација, веднаш ме сфати и на инересен начин ми помогна да се чуфствувам по добро. Секому ја препорачувам!"
Анонимен корисник
За Марија Трајковски
“Втора сесија, мислам дека го направив најдобриот избор. Пружа поддршка, стабилност и целосно ги разбира туѓите предизвици. Полна со емпатија и влева надеж."
Сара
За Виолета Илиоска
“Успешна сесија! Теодора беше брзо достапна, лесно се воспостави контакт, успеавме да разрешиме мој голем проблем уште од првиот пат. Најважно што во текот на сесијата се чувствував опуштено и пријатно поради нејзиното огромно разбирање. Препорачувам!"
Никола
За Теодора Алексијоска
“Психологот беше со многу широк поглед и многу разбирање за мојата ситуација и даде конкретни насоки за следниот период."
Марија
За Теодора Алексијоска
“Топло ја препорачувам Александра на секој што бара сочуствителен и остроумен психолог. Нејзината стручност, вистинска грижа и способност да создаде безбедна терапевтска средина ја прават исклучителен професионалец. Неизмерно сум благодарен за позитивното влијание што таа го има врз мојот живот."
Александар
За Александра Милевска
“Силно ви ја препорачувам г-ѓа Нонковски. Се обидува да навлезе во сржта на проблемите. Ве искушува да се олесните, и со нежност ве советува како да постапите во иднина за да постигнете подобар ефект."
Ленче
За Анѓела Нонковски
"Трпелива и смирена. Ми се допадна начинот на кој ме води со нејзините прашања низ проблемот, а воедно со тоа и многу ми помогна во согледување на потенцијалното решение."
Мила
За Миа Костовска
“Ти благодарам Ивица. Во целиот хаос, ми помогна за кратко време да си ја средам главава. Би те препорачала на секого, без разлика со какви проблеми и предизвици се соочува, бидејќи знаеш да го најдеш соодветниот начин за да помогнеш."
Јасна
За Ивица Павлов
“После секој разговор се чувствувам подобро и изградено, бидејќи иако зборам за тажни работи, Анџела секогаш пружа поддршка. Знам дека сум потполно разберена и дека моите емоции се валидни. Се радувам на нашите идни разговори и напредок."
Ana
За Анѓела Нонковски
“Одлично искуство.. Јасмина е прекрасна личност,таа и нејзиниот смирувачки глас ми помогнаа многу."
Анонимен корисник
За Јасмина Јонуз
“Професионален пристап и концизност во изразување. Иако 30 минути по сесија не се доволни, успеавме да дојдеме до заклучоци кои ќе бидат полезни во сесиите што следат."
Станка
За Атанас Иваноски
“Човек кој го сфаќа секој вас проблем, и ви дава поддршка и решение за него. Го препорачувамј!"
Анонимен корисник
За Ивица Павлов
“Преубаво искуство. Освен што е супер терапевт, е и хуман човек и ме сослуша иако го барав навистина доцна, во криза. Знае да сослуша и навистина се вложува од срце да се најде решение. Фала многу."
Нена
За Огнен Велевски
“Беше заинтересирана да ме запознае и да ме ислуша, најверојатно за да може да постави други основи при советување на карактерот. Даде охрабрувачки зборови за да воспостави врска зошто најверојатно благодарение на преточното тоа го проценила. Сè на сè интересен за прв пат да се впушти во ова. И навистина брзо помина."
Ивона
За Маргарита Николовска
“Одличен психолог.Лесна за комуникација искрено се труди да те ислуша до крај за да дојде до решение на проблемот. Топло ја препорачувам."
Емилија
За Ивана Николовска Илиевска
“Имавме неколку сеанси. Резултатите се видливи ,а јас подобро, сите разговори отворени, стручни, и што е најважно мн нови научни технички и совети... Голема препорака!"
Емилија
За М-р Искра Тренчевска
“Веќе два месеци работам со Розита и сум презадоволна. Со професионален пристап и осврт на проблемот дојдов до лесно решение. Топла препорака за неа и нејзиното работење."
Анонимен корисник
За Розита Андонова
“Презадоволна од сите разговори до сега.Најважното е што резултатите се видливи и со голем ефект. Огромна препорака"
Тина
За М-р Искра Тренчевска
“Се гледа дека Теодора има доста искуство и е многу компетентна на темата справување со загуба. Знае како да воспостави конекција со тебе и разговорот тече природно."
Ингрид
За Теодора Алексијоска
“Професионална и смирена, Розалија успеа да допре до моите проблеми, но и да ми помогне да ги согледам можните решенија. Фала многу!"
“Првата сесија ми остави добар впечаток. Нормално е дека се' уште е многу рано за донесување било какви заклучоци, зашто психотерапијата е предизвик на долги стази и работа на себе. Сметам дека со помош на Наташа, ќе искристализирам многу работи кои се во епицентарот на мојот живот, на лично и на професионално ниво. Се радувам на нашата можност за понатамошно градење на комуникација и однос."
Верица
За Наташа Ивановска
“Многу ми е драго што подобро знаме со Ивона, голема поддршка и разбирање имам од неа што ми помага многу. Ептен препорачувам :)"
Анѓела
За Ивона Ангелкоски
"Имав прекрасно искуство со Ангела, разговорот многу ми помогна, едвај чекам повторно да си пишуваме! Топло ви препорачувам да си закажете разговор со Ангела“
Лихнида
За Ангела Богдановска
“Јасмина ми пристапи отворено и со разбирање, преку неочекувани за мене прашање ми отвори нови перспективи. Добив и домашно :)"
Анонимен корисник
За Јасмина Михаиловска
“Одлично се чувствувам после секој разговор. Ме тера да размислам и ме води низ разговорот со голема леснотија. Спремна да помогне и за време на криза и да те ислуша. Ја препорачувам."
Ајвана
За Ивана Ѓоргиевска
“Одлично се чувствувам после секој разговор. Ме тера да размислам и ме води низ разговорот со голема леснотија. Спремна да помогне и за време на криза и да те ислуша. Ја препорачувам."
Ајвана
За Ивана Ѓоргиевска
“3-та сесија помина и задоволен сум од начинот на комуникација и работење. Го ценам вниманието што го посветува за да ја разбере мојата личност, а и јас самиот да ја разберам."
Димитар
За Катерина Арсовска
“Со Маргарита работам веќе година дена и сум презадоволна, од се срце ја препорачувам."
Билјана
За Маргарита Николовска
“Прекрасни совети и добра комуникација што ми ја смири душата од самиот старт ви Благодарам."
Деспина
За Ивана Николовска Илиевска
“Ги надмина моите очекувања. Ми Даде понатамошни насоки како може да работам на себе и што да практикувам."
Џули
За Виолета Илиоска
“После разговорот со Сања се осетив многу смирено. Таа ми отвори многу нови перспективи, со техники за справување со моите проблеми. Имам искуство и со други психолози, но Сања навистина ми помогна уште од самиот почеток. Сигурна сум дека успешно ќе ги решам моите стравови со нејзина помош. Очекувам резултат од техниките и многу наши успешни сесии во постигнување на најдобрата верзија од себеси. Ја препорачувам!"
Анастасија
За Сања Бојкоска-Ѓорѓевик
“Го побарав Атанас за конкретен практичен проблем. До сега веќе имавме 4 сесии по ред и можам да кажам дека сум презадоволна. После секоја чувствувам напредок, подобрување и нов увид. Го препорачувам!"
Тања
За Атанас Ивановски
“Супер искуство поради многу брзо воспоставена лесна комуникација."
Нина
За М-р Искра Тренчевска

Не знаеш од каде
да почнеш? Прашај психолог!

Сподели го проблемот со кој се соочуваш и ние ќе го дистрибуираме до релевантните лиценцирани психолози. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна консултативна сесија. Пробај разговор со повеќе психолози и најди го идеалниот за тебе.

Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти.