fbpx
Јасмина Михаиловска

Јасмина Михаиловска

Специјалности на Јасмина Михаиловска: Панични напади - Депресија - Анксиозност - Релациски односи - Семејно насилство - Справување со животни промени - Емоционални предизвици - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Семејна динамика - Идентитет

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – 1100 денари

Видео повик –  1500 денари

За мене

Јас сум психолог – советник и работам системска семејна и когнитивно бихејвиорална терапија. Во својата едукација имам завршено и базичен Гешталт. Како таква, работам со клиенти кои се соочуваат со психосоматски потешкотии, анксиозност, панични напади, депресија, семејни и развојни кризи и конфликти. Работам и на личниот развој на клиентите и унапредување на семејните релации. Покрај работата како советник сум и психолог истражувач, работам и на различни проекти од областа на менталното здравје и психологијата и постојано се трудам да растам и се надоградувам лично и професионално. Веќе неколку години сум волонтерски вклучена како Претседател на Координативното тело за психолошка поддршка на лица болни од канцер, а во своето искуство имам работено и со СЗО на проект за справување со семејно насилство и психосоцијална работа со сторители на семејно насилство. Имам искуство и во одржување едукативни работилници за различни аспекти од менталното здравје во различни компании и организации.

Мој пристап

Во работата со клиентите, преку психотераписките техники и вештини, ги користам внатрешните сили и системи за поддршка кои веќе ги поседуваат, заедно да креираме промени и градиме нови идентитети. Низ процесот тие го враќаат контактот со себе и преку тој контакт се поврзуваат на нов начин со околината. Верувам во потенцијалот на секој човек да се редефинира. Со различни експлоративни техники и прашања, дефинираме проблем и цел, преку различни хипотези за настанокот на проблемот, полесно се насочуваме кон посакуваната промена. Во работата се предизвикуваат постоечките верувања за себе и другите. Шемите и механизмите научени во детството се репрограмираат и се експериментира со нови верзии од себе. Се воспоставува контакт со телото, умот, емоциите, што пак ја враќа моќта на клиентот свесно да го избира и менува своето однесување, акции и секојдневие.

Искуство

  • 2018 - 2021: Претседател на Координативно Тело за Психолошка поддршка на лица заболени од канцер,
  • 2015 - во тек: Системски семеен советник во Институт за Системска и Семејна пракса - Алтернатива,
  • 2012 - 2015: КБТ советник во приватна пракса,
  • 2010 - 2012: КБТ советник – Психосоцијално советување на сторители на семејно насилство – проект на СЗО,
  • 2011 - 2011: Стажант во Диспанзер за Ментално Здравје, Влае,
  • 2010 - 2010: Стажант на ЈЗУ Клиника за Психијатрија ,
  • 2022 - во тек: Терапевт во психоневролошкиот институт - Когниција

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Јасмина Михаиловска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Јасмина Михаиловска за работата и искуството со нив. 

    Јасмина е сѐ во едно! Благодарение на неа полека успевам да ги средам мислите, дефинитивно полесно се дише после секоја сесија. Многу топло и позитивно. Од срце ја препорачувам! :)
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Прекрасно искуство, поставува вистински прашања и после секоја сесија се чувствував постабилно и мотивирано
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлично ме водеше низ разговорите, ми помогна да се насочам на себе и да се ставам на прво место. Препорачувам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Јасмина ми пристапи отворено и со разбирање, преку неочекувани за мене прашање ми отвори нови перспективи. Добив и домашно :)​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Начинот на кој Јасмина ја започна дискусијата беше непосреден и поддржувачки. Со насоките кои ми ги даде и задачите за до следната сесија, на крајот се осеќав олеснето и разбрано.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicen pristap i razdlabocuvanje na problemite.
    Одлично....За прв пат чувствувам дека некој ме разбира 😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Јасмина Михаиловска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG