fbpx

Разговарај со лиценцирани психолози и надмини ги предизвиците.

Се соочуваш со анксиозност, депресија или сакаш да работиш на себе и својот личен развој? Преземи ја нашата мобилна апликација и најди го идеалниот лиценциран психолог за тебе по пристапна цена.

Види функционалности на апликацијата
Психолог

Како до онлајн психолог?

Го направивме советувањето лесно и пристапно за тебе. Преземи ја нашата мобилна апликација и следи ги чекорите.

Пронајди го твојот психолог

Пребарај ги сите психолози и разгледај ги деталите за нивната биографија, пристап и искуство. Можеш да пребаруваш според опсег на цена, специјалност и начин на комуникација.

Резервирај термин

Откако ќе го најдеш идеалниот психолог за тебе плати и резевирај го твојот термин.

Безбедно комуницирај

Комуницирај безбедно преку нашата апликација. Видео и аудио повиците се целосно приватни и никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до нив.

Не знаеш од каде
да почнеш? Прашај психолог!

Сподели го проблемот со кој се соочуваш и ние ќе го дистрибуираме до релевантните лиценцирани психолози. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна консултативна сесија. Испробај повеќе психолози и најди го идеалниот за тебе.

Безбедна аудио и видео комуникација со твојот психолог.

Комуницирајте безбедно и приватно преку директна врска. Никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до каналот за комуникација. Врската помеѓу вашите уреди е директна.

Најди лиценциран психолог по твои преференции

Сите психолози на платформата се лиценцирани од Комора на психолози на Македонија или од соодветно тело доколку се од странство. Секој од нив е специјализиран за различни предизвици и има свој уникатен пристап на работа и советување.

Што велат корисниците

12,000+ остварени разговори

3000+ корисници закажале барем еден разговор со лиценциран психолог. Еве што велат некој од нив.

“Премногу сум задоволна од односот на комуникација, успеав да погледнам и од друга перспектива и во иднина повторно ќе ја исконтактирам. Ја препорачувам на сите што сакаат целосно отворен муабет што сакаат да ги согледаат дел од проблемите во врските со партнерот. "
Maja
За Драгица Стаменковиќ​
“Психолог кој зрачи со љубов и топлина. Психолог кој те извлекува од тунелот на мракот и болката во која си бил заробен можеби со години. Ти го покажува патот каде сонцето никогаш не заоѓа и ти ги отвара портите на убавината, на иднината.. Ти влева надеж и ти дава начин на справување со состојбата во која си и ти помага да започнеш нов живот кој до тогаш бил непознат за тебе. Неизмерно сум благодарен и секому ја препорачувам психолог Топалоска!”
Лука
За Мируна Топалоска
“Како за моја прва сеанса задоволна сум 😊Особа што со прашања знае да те насочи кон кој правец да размислувашЕдвај чекам 2ра”
Марија
За Ирина Николовска
"Го побарав Атанас за конкретен практичен проблем. До сега веќе имавме 4 сесии по ред и можам да кажам дека сум презадоволна. После секоја чувствувам напредок, подобрување и нов увид. Го препорачувам! "
Тања
За Атанас Иваноски
"Билјана е вистински професионалец и успеа во еден час разговор комплетно да ме сфати и да ми помогни во мојата моментална ситуација.Кога го започнав разговорот со неа бев под огромен стрес, а разговорот го завршивме со смеа. "
Руби
За Билјана Стојановска

Провери го твоето ментално здравје

Онлајн скринингот е еден од најбрзите и најлесните начини да се утврди дали се присутни симптоми. Нашите кратки прашалници за ментално здравје ќе ти помогнат да дознаеш дали ти треба поддршка и советување со лиценциран психолог.

Анксиозност

Прашалникот се состои од 10 тврдења. Одреди го степенот до кој секое од овие тврдења се однесува на тебе во изминатиов месец. Крајниот резултат ќе ти даде индикација дали и до која мера ги искусуваш најчестите симптоми на анксиозност.

Направи тест

Burnout - Прегореност

Прашалникот се состои од 15 тврдења. Одреди го степенот до кој секое од овие тврдења се однесува на тебе. Крајниот резултат ќе ти даде индикација дали и до која мера ги искусуваш најчестите симптоми на burnout.

Направи тест

Социјална анксиозност

По завршување на прашалникот ќе имате можност да научите повеќе за вашите симптоми. Крајниот резултат ќе ви даде индикација дали и до која мера ги искусувате најчестите симптоми на социјална анксиозност. Секогаш сме тука сме за вас.

Направи тест

Самодоверба

Овој тест е дизајниран да го процени вашето општо ниво на самодоверба и да утврди дали треба да работите на вашата слика за себе. Крајниот резултат ќе ви даде одреден увид за вашето моментално ниво на самодоверба.

Направи тест

Личен идентитет

Тестот за проценка на вашиот личен идентитет разликува девет типови на личност, секој со свои основни мотивации, стравови и внатрешна динамика. Истиот е наменет за да се разберете себеси подобро и вашите патерни на размислување. ⁠

Направи тест

Стрес

Одговорете на 10 прашања и видете како го перцепирате стресот во вашиот живот. Земете ги во обзир вашите емоции и мисли само од последниот месец при одговарање на прашањата. Одговорете на прашањата брзо, не подолго од 20 секунди по прашање.

Направи тест

Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти.