fbpx
Александра Милевска

Александра Милевска

Специјалности на Александра Милевска: Релациски односи - Семејна динамика - Брачни кризи - Справување со животни промени - Стрес - Анксиозност - Панични напади - Справување со загуба - Психосоматски нарушувања - Самодоверба

Допишување – 900 денари

Аудио Повик – 1100 денари

Видео повик –  1300 денари

За мене

Дипломиран психолог, семеен и системски советник, во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Своето знаење и професионални вештини континуирано ги надоградувам преку стручни обуки од областа на психологијата и психотерапијата.

Мој пристап

Семеен-системски пристап и градење однос кој се базира на доверба, безусловно прифаќање и разбирање на клиентот и тешкотиите со кои се соочува, настојувајќи да му помогнам преку менување на дисфункционалните обрасци на однесување и воспоставување на функционални начини на интеракција. Притоа, секогаш се водам од тоа дека личноста не е проблем, личноста има проблем.

Искуство

  • 2017 - Во тек: Психолог/семеен и системски советник во Образовна Академија Виртуал-М Куманово. Психолошко советување - Вклученост во обуки, наставни активности и спроведување на психолошко едукативни програми во делот за работа со адолесценти и ученици со посебни образовни потреби и психоедукација
  • 2022 - Во тек: Психолог во Здружение за промоција и развој на инклузивно општетсво Инклузива-Куманово
  • Обезбедување на психолошка поддршка и советување на лица со попреченост и нивните семејства
  • Водење на групни психолошки работилници наменети за родители на деца со попреченост
  • Учество во истражување на тема „Анализа на потребата од нови социјални услуги на децата/лица со попреченост и нивни семејства“ на територија на општина Куманово.

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Александра Милевска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Александра Милевска за работата и искуството со нив. 

    Licnost polna so razbiranje i super slusatel.Vi blagodaram Aleksandra
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Zadovolen sum od psihologot. Go preporacuvam.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Како да разговарам со личност што долго ја познавам, лесно течеа зборовите од мојата тастатура, бев разбрана. Едвај чекам следна сесија.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Одлична сесија, осетив големо ослободување.
    Прекрасна. Спремна да сослуша и толку подобро се чуствувам по разговорот со Александра. Благодарна премногу.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Разумна и прекрасна личност, презадоволна сум од нејзините совети за време на сесиите, апсолутно ме разбира за се.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Супер искуство ! Се чуствував сослушано и разбрано, извадив поенти од разговорот кој биле многу очигледни а никогаш не сум ги согледувала така. Дефинитивно ќе продолжиме.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Psihogot dobro me vodese, duri mi pokaza I tehnika kako da go stivnam stravot ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    odlichno, profesionalno, prekrasna e
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Многу сум задоволна од пристапот на Александра. Прашањата кои ми ги постави многу ми помогнаа да го согледам проблемот. Топло ја препорачувам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Немаше доволно време за сѐ на една сесија и веројатно ќе биде потребна уште една, ама прашањата кои ми ги постави ме насочија кон решавање на проблемот
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Презадоволна сум од првата сесија. И покрај сите тешкотии со кои се соочувам после разговорот сум порасположена, поведра и со поголем елан за понатаму. Нашите разговори продолжуваат.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Прекрасно искуство. Многу подобро се чувствувам после разговорот. Дефинитивно ќе закажам повторно. Многу практични и корисни совети и насоки.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Самиот разговор со Александра опушта и после првата сесија.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Многу човечен пристап пред се, ги поставува вистинските прашања. Една сесија не е ни малку доволна но ќе закажам и втора. Ја препорачувам!
    Za zal razgovorot se gasi odma po istkot na vremeto, sakam da ti kazam fala Aleksandra za sesijata i se nadevam ke se slusneme za skoro. Za prva sesija bez da znam sto da ocekuvam Aleksandra go vodeshe razgovorot toplo i profesionalno.
    Втора сесија со одличен разговор. Моја голема препорака.
    Многу убав разговор. Александра е многу пријатна личност и умее да ја води сесијата на правилен начин.
    Одличен разговор, психолог со премногу емпатија и разбирање. Презадоволен сум уште од првиот разговор.
    Презадоволна сум од соработката. Одиме понатаму ♥️
    Преубави насоки за како да се справиш со предизвиците и прашања кои потекнуваат да разгледаш на проблемите од друг агол. Промени на многу подобро после само 2 сесии.
    Смирено и со разбирање, добар слушател и советувач, топло ја препорачувам...
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Александра Милевска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG