fbpx
Ана Тодоровска

Ана Тодоровска

Специјалности на Ана Тодоровска: Семејно насилство - Личен раст и развој - Релациски односи - Управување со емоции и стрес - Самодоверба - Посттрауматски состојби - Психосоматски нарушувања - Општо - Анксиозност - Личен и професионален развој

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – 1200 денари

Видео повик –  1200 денари

За мене

"Лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија. Во својата работа користам 4 нишки: психологија, уметност, природа и заедница. Обучена сум во областите на прва психолошка помош, работа со жртви на семејно насилство, третман на траума преку арт терапија, психодијагностика, психо-социјална поддршка на заедницата. Работното и волонтерското искуство го стекнувам во рамки на креативната индустрија и различни организации за социјални иновации, независни културно-уметнички иницијативи, социјална заштита на лица во ризик и ранливи категории, психо-социјална поддршка и хуманитарна работа. Образовна позадина: - Дипломиран психолог при УКИМ - Институт за психологија / член на Комората на психолози - 480 часа Визуелна уметност - Академија за визуелна уметност - Џолев и уметностите & Seavus EDC - 270 часа Експресивна арт терапија при Експресивна Арт Терапија - Србија - 480 часа Интегративна и Еклектичка психотерапија; Обука за семејни констелации при ЦППСЕ „Совршен Круг“ - Во тек: Едукант на Гешталт советување и психотерапија при Гешталт центар „АСПЕКТИ - Младен Костиќ“"

Мој пристап

Практикувам интегративен пристап со фокус на експресивна арт терапија: пристап кој го користи креативниот процес за исцелување и психолошка добросостојба. За разлика од вообичаената психотерапија и советување, каде дијалогот се одвива меѓу клиентот и терапевтот, во експресивната арт терапија се додава уште еден елемент – делото на клиентот, кој го содржи клучот за негово исцелување. Ги употребувам следните модалитети: експресија преку ликовен израз, интуитивно движење, креативно пишување, музика, плеј терапија, драма и перформанс, при што комбинирам различни техники во зависност од потребите и можностите на клиентот. Не е потребно да се поседува било какво уметничко искуство, зашто се фокусираме на процесот, наместо на крајниот резултат.

Искуство

  • 2023 - Во тек: Основач и автор на програми и работилници во рамки на Простор ЕАТ - здружение за психологија и експресивна арт терапија,
  • 2023 - Во тек: Психо-социјална поддршка за жени - жртви на семејно насилство, советувалиште при НСРР,
  • 2021 - Во тек: Психо-социјална поддршка при Црвен Крст,
  • 2020 - 2020: Стажант при СОС Детско Село

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Ана Тодоровска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Ана Тодоровска за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Ана Тодоровска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG