fbpx
Елена Кузмановска

Елена Кузмановска

Специјалности на Елена Кузмановска: Семејно насилство - Родителство - Мајчинство - Постнатална депресија - Поддршка за време на медицински помогнато оплодување - Поддршка за време на бременост и пуерпериум - Депресија - Анксиозност - Стрес - Мотивација

Допишување – 700 денари

Аудио Повик – 900 денари

Видео повик –  900 денари

За мене

Јас сум Елена Кузмановска, дипломиран и лиценциран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и дипломиран специјалист акушерка. Вљубеник во психологијата и медицината. Борец за што подобра иднина преку превенција и унапредување на менталното здравје во заедницата, а посебно фокусирана на проблемите кај женската популација. Заради тоа што жената е таа која го сплотува семејството и е столб на општеството, сметам дека мора да се посвети поголемо внимание на тоа жените и девојките да се изградат во силни, здрави и мотивирани индивидуи. За време на моето образование и работа вршев истражувања на теми како антенатална депресија (која се јавува за време на бременост), постнатална (постродилна) депресија и психолошка поддршка на парови кои се борат со инфертилитет и стерилитет. Овие се многу важни теми во денешницата и сакам да укажам дека е од особена важност да им посветам соодветно внимание. Сметам дека ова се области кои сеуште не се доволно разработени кај нас и околу кои кружат облаци од прашалници. Како мајка на две деца, ја почувствував важноста на доброто ментално здравје на родителите за правилен развојот на децата. Затоа, ве повикувам сите кои сте засегнати околу постоењето на проблеми од овој тип да ми се обратите и заедно да креираме посреќни животни приказни.

Мој пристап

Прво и најважно од се во мојата работа е создавањето на добар работен сојуз со клиентот, за што е неопходна искреност и отворен ум од двете страни во процесот. Безусловната поддршка и емпатијата се исто така многу значајни елементи на кои се потпирам во мојата работа. Секако дека сакам да користам и техники од други психолошки правци и школи кои се надополнуваат со основните постулати на клиент-центрираниот пристап. Комбинацијата од образование во областите на психологијата и на гинекологијата и акушерството ми овозможува да имам уште подобар увид и план околу давањето на соодветни насоки кон подобро здравје.

Искуство

  • 2016 - 2019: Меѓународен Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин”, Факултет за психологија- Битола - Надворешен соработник за предметна настава по психолошки предмети
  • 2021 - во тек: СОЕУ “Јане Сандански”- Битола - Стручен соработник – психолог

  • Побарај бесплатна консултација од Елена Кузмановска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Елена Кузмановска за работата и искуството со нив. 

    Dovolno e ii samo edno emoji...❤️
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Odlicno iskustvo Elena e pred se prekrasna licnost i profesionalec ni pomogna
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Super razgovor i prakticni soveti. Topla preporaka
    Наидов на големо разбирање за мојата моментална состојба и добив насоки за справување со истата. Благодарам за поддршката!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Предобра личност, спремна за помош и желба да помогне!❤
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Ретко и супер корисно комбо на познавање - гинекологија и психологија. Исто јако комбо- емпатија и стручност, за комплетно чувство на поддршка. Топла препорака ♥️
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Супер искуство, смирен тон, практични и концизни совети, препорачувам!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Edvaj chekam pak da zboruvam so Elena, premnogu dobar psiholog. ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Kako I sekogash, uzhivam vo perfektno razbiranje od Elena. 😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Sekogash profesionalna vo svojata rabota. Topla preporaka za sekogo. 🤝😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Елена е одличен соговорник а пред се слушател, добивате чувство дека разговарате со познат пријател. Се надевам да ја продолжам соработката со неа и да работам на себеси зашто сметам дека може многу да ми помогне.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Одличен соговорник и слушател, благодарност од срце за овој разговор.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Прекрасна личност, врвен професионалец во својата област, одличен психолог, соговорник и слушател, смирувачка енергија. Веднаш го препознава проблемот, точно и професионално навлегува во неговата позадина и на еден суптилен начин те води низ процесот на неговото решавање, делејќи корисни и конструктивни совети и терајќи те на саморефлексија. Вистински човек во вистинско време за мене кој ми дава надеж за среќен завршеток на целата ситуација. Секој нареден разговор ги надминува моите очекувања создавајќи чувство на моќ и свесност дека сè може да се надмине, дека и ОВА ЌЕ ПОМИНЕ, само му треба на времето време. Однапред се радувам на нашата следна on-line средба!
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Секогаш позитивна и сочуствителна, Елена разбира што сакам да кажам и како се чувствувам без објаснувања. Имаме многу добар однос и после секоја сесија се чувствувам подобро во врска со себеси. Ми дава соодветни вежби кои ми помагаат да го подобрам односот со самата себе и другите околу мене.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Prezadovolen, razbiranje...koe ne se gleda sekogash, a ne pa da se pocuvstvuva. 🤝🤗
    Elena e odlichen psiholog, a ushte poprekrasna licnost. 🙏🤝😊
    Najjbrzo I najjinteresno pominato vreme so Elena. 🙈😇🌺
    Prekrasna licnost, dobar psiholog, za dodeluvanje na Dobri soveti!
    Sekoja preporaka za Elena otvorena i spremna da pomogne
    Задоволна сум од првата сесија со психологот Елена. Професионална и од помош. Благодарам за советите.
    Одличен терапевт! Топла препорака
    Прекрасна! Ја препорачувам!
    Смирувачко. Пријатен разговор, кратко време, но сепак успеав да кажам што ме мачи и добив убави совети
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Елена Кузмановска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG