Допишување – Нема можност
Аудио Повик – 800 денари
Видео повик – 1200 денари
Дипломиран психолог на Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје и Гешталт психотерапевт во едукација при Гешталт Институт – Скопје. Се стекнав со Општа лиценца за вршење на психолошка дејност при Комора на психолози РСМ. Во процесот на едукација поседувам сертификати од различни области вклучувајќи и теорија и методологија во Гешталт психотерапија. Моето работно искуство во однос во психолошка дејност како Образовен асистент беше при развивање на позитивна слика за себе, организација и начин на учење, самодоверба, поддршка при социо-емоционални состојби. Како психолог-приправник во основно училиште имав активности поврзани со советодавно-инструктивна работа со ученици по повеќе основи, индивидуално и групно советување на родители, координација и соработка со стручни соработници, наставници и различни ситуации поврзани со личен раст и развој, координатор за надарени и талентирани ученици и за професионална ориентација. Како Гешталт терапевт во едукација постојано работам на себе и се стекнав со теоретско и практично знаење во текот на 4 години едукација. Истото практично знаење го спроведувам во советувалиштето на Црвен Крст - Скопје.
Преку психолошко советување фокусот на мојата работа е насочен кон развивање на свесност и личен развој, со почитување на секоја индивидуа без осудување. Пружање на поддршка и можност за експериментирање при контактот. Заедно да го креираме нашиот дијалог и да продреме низ она што претставува одредена потешкотија при нашата средба, онолку колку што истата ќе ни го дозволи тоа и да видиме што истата носи.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Ивана Николовска Илиоска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!