Допишување – Нема можност
Аудио Повик – Нема можност
Видео повик – 2000 денари
Јас сум д-р Катица Стоименовска Мантова, доктор по психолошки науки, лиценциран психолог, семеен и системски психотерапевт и ЕМДР практичар. Дополнително, имам основно ниво за емоционално фокусирана терапија и когнитивно-бихевиорална терапија. Веќе тринесет години работам како универзитетски професор, фокусирана на областа на развојната психологија и психотерапијата. Континуирано се надградувам преку активно учество во обуки, работилници, семинари, научни конференции и конгреси.Во мојата професионална приватна пракса, која трае повеќе од шест години, работам со цел да помогнам на моите клиенти да подобрат квалитетот на својот живот. Мојата главна цел е да им пружам поддршка и безбедно место за истражување и надминување на нивните предизвици и проблеми.Овој професионален ангажман го надополнувам со истражувачка работа, активно учество во академски кругови и публикации во научни списанија. Мојата страст кон психологијата и посветеност кон професионалниот развој ме мотивираат да продолжам да ги стекнувам новите знаења и вештини кои ќе ми помогнат да бидам компетентна и ефикасна во работата со моите клиенти.
Во рамките на мојата професионална пракса, се фокусирам на семејната и системската психотерапија со цел да помогнам на клиентите да безбедно ги изразат и истражат своите мисли и емоции. Исто така, работам со нив за да ги разберат сопствените потреби, ставови и искуства, како и да ги ценат меѓусебните потреби. Најважно ми е да ги поддржам во идентификувањето и развивањето на собствените силни страни и да ги помогнам да направат корисни промени во своите односи и животи.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Катица Стоименовска Мантова за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!