fbpx
Миа Костовска

Миа Костовска

Специјалности на Миа Костовска: Анксиозност - Панични напади - Стрес - Зависности - Психодијагностика - Советување на тинејџери - Посттрауматски состојби - Управување со емоции и стрес - Панично растројство - LGBTQIA+

Допишување – Нема можност

Аудио Повик – Нема можност

Видео повик –  1300 денари

За мене

Јас сум Миа Костовска, магистер и лиценциран психолог, докторант на психолошки науки, во процес на едукација за семеен-системски психотерапевт. Член сум на Координативното тело за сексуални и родови малцинства во рамки на Комората на психолози и активен член на македонската EMDR асоцијација. Континуирано го надоградувам своето знаење преку редовно посетување на обуки од областа и меѓудругото имам завршено прв степен EFT едукација (Emotional Focused Therapy) и EMDR (Eye Movement Desensitization and Reprocessing). Поседувам клиничко искуство стекнато во ,ГОБ ,,8 Септември’’, ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје’’, ЈЗУ ,,Пролет’’ и неколку приватни психијатриски ординации од Скопје, каде што имав прилика да работам со различни видови на психијатриска патологија. Во мојот фокус на интерес се симптомите кои произлегуваат од динамиката на секојдневното живеење како што се анксиозност, панични напади и стрес. Имам искуство и со маргинализирани групи и болести на зависности стекнато во невладината организација ,,ХОПС’’ и дом за деца со социјално-воспитни проблеми ,,25 Мај’’. Ангажирана сум и на Меѓународниот Балкански Универзитет како Teaching Assistant по општа психологија.

Мој пристап

Во работењето со клиенти користам семеен-системски пристап, кој покрај тоа што посветува внимание на индивидуалните личносни аспекти, предвид го зема и контекстот во кој личноста функционира и живее. Силно верувам дека секоја индивидидуа поседува здрави сили и потенцијали кои може да научи да ги користи во справувањето со сите тековни очекувани или неочекувани животни кризи и настани. Градењето на однос на доверба меѓу терапевтот и клиентот за мене е исклучително значаен процес и искуството ми покажало дека во голема мера влијае на крајниот исход.

Искуство

  • 2020 - 2020: Психолог - ,,25 Мај’’ дом за деца со социјално воспитни проблеми; работа на проект организиран од УНИЦЕФ и ХОПС со цел да се помогне на децата од домот поефективно да се справат со изолацијата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19
  • 2019 - 2020: Психолог - ,,Симболико’’; психодијагностика, советување, спроведување психолошки тестирања за селекција на кандидати во државни институции. Соработка со ГОБ ,,8 Септември’’ и приватни психијатриски ординации
  • 2022 - во тек: Teaching Аssistant General Psychology на Меѓународен Балкански Универзитет
  • 2016 - 2016: Практикант под менторство на психолог - ЈЗУ Психијатриска болница Скопје и ЈЗУ ,,Пролет’’ Дисперзиран дневноболнички центар на психијатриска болница ,,Скопје’’
  • 2020 - во тек: психолошко советување во живо и онлајн

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Миа Костовска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Миа Костовска за работата и искуството со нив. 

    3-та сесија помина и задоволен сум од начинот на комуникација и работење. Го ценам вниманието што го посветува за да ја разбере мојата личност, а и јас самиот да ја разберам.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Trpeliva i smirena. Mi se dopadna nacinot na koj me vodea nejzinite prasanja niz problemot, a voedno so toa i mnogu mi pomogna vo sogleduvanje na potencijalnoto resenie
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Iako e mlada e mnogu dobar psiholog i covek.​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Миа Костовска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG