
Допишување – Нема можност
Аудио Повик – Нема можност
Видео повик – 1500
Јас сум лиценциран психолог со повеќе од 15 години работно искуство во јавното здравство, 12 години во Психијатриска болница Скопје и од 2020 година на Универзитетската клиника за Хематологија. Од 2021 година работам во центарот за невропсихологија, психологија и психотерапија Когниција. Во 2007 година магистрирав здравствена едукација на заедницата на универзитетот Хантер во Њујорк. Од 2015 до 2019 во Белград посетував едукација од Рационално Емотивна Бихевиорална Терапија и Когнитивно Бихевиорална Терапија во придружниот центар на Инстутутот Алберт Елис од Њујорк. Во текот на едукацијата се стекнав со повеќе дополнителни сертификати: REBT Coaching, Compassion Based Therapy, Асертивна Комуникација, Третман на депресија и превенција на суицид на Back Institute за Cognitive Behavior Therapy. Вклучена сум во бројни научни истажувања во кои се бараат билошките основи на менталните заболувања и суицидите.
Во работата со клиетните користам когнитивно бихевиорална и Рационално Емотивна Бихевиорална терапија. РЕБТ е активно директивен терапевтски метод во кој терапевтот и клиентот се партнери во терапевтскиот процес. Мојата цел е да им помогнам на клиентите да ги разрешат своите емотивни проблеми преку анлизирање на практичните проблеми со кои тие се соочуваат и идентификување на нивните уверувања и одмагачки начини на размислување кои се во основа на истите. По решавањето на емоционалниот проблем им помагам на клиените да изнајдат решенија за своите практични проблеми и повторно да ги откирајт своите потенцијали и интереси и да живеат што по исполнет живот. Бидејки се базира на медицина заснована на докази овој терапевтски пристап е особено ефикасен во третманот на анксиозност, депресија, панични напади, фобии, здравствена анксиозност, опсесивно компулсивни растројства и други но исто така може успешно да се примени и на друг тип на проблеми.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Мр. Искра Тренчевска за работата и искуството со нив.

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!