fbpx
М-р Билјана Стојановска

М-р Билјана Стојановска

Специјалности на М-р Билјана Стојановска: Личен раст и развој - Емоционални предизвици - Справување со животни промени - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Релациски односи - Анксиозност - Депресија - Психодијагностика - Управување со емоции и стрес - Гешталт терапија

Допишување – 800 денари

Аудио Повик – 1000 денари

Видео повик –  1200 денари

За мене

Лиценциран психолог, советник од 2012 година: советник по Гешталт психотерапија (6-та година во едукација за Гешталт терапевт), советник по Интегративна психотерапија и советник по Интегративна медицина. Магистер по психолошки науки од областа на Психологија на трудот и Организациска психологија. Дополнително сум сертифицирана за психодијагностика, како и за работа со LGBTIQ+ популација. Имам работно искуство 20 години во различни установи и организации (Централен затвор, Психијатриска Болница, Центар за зависности, Центар за стерилитет и сексуални проблеми, Дом за деца без родители, Советувалиште за семејно и родово базирано насилство, Младински центар, Поликлиника за општа и трудова медицина, Проект за кариерно советување на ранливи категории на граѓани, ЧР Тренер во индустриски сектор...) Специјализирана сум и за работа со деца и адолесценти (10+ години искуство). Постојано посетувам обуки за работа со специфични проблематики од областа на ментално здравје, организациски развој и психотерапија. Во 2019 година го основав Центар ЕСТЕЗИА (@centar.estezia) каде секојдневно работам со деца, адолесценти, возрасни, парови, индивидуи и организации. 3 години бев претседател на координативното тело за психолози за човечки ресурси, менаџмент, проценка и развој на вработени при Комората на психолози. Волонтерски сум член и на координативното тело за итен одговор при катастрофи.

Мој пристап

Во работата користам интегративен пристап на работа, односно опфаќање на сите три аспекти од личноста на клиентот: тело, душа и дух, притоа земјаќи го во предвид и контекстот на индивидуалноста на клиентот (вредности, значења, ставови, потреби и цели), со цел подобрување на психофизичкото, социјалното и емоционалното функционирање. Техниките и методите за работа кои ги користам се од областите за кои сум обучена: Интегративна психотерапија, Гешталт психотерапија, Организациска психологија, Интегративна медицина и Психодијагностика. Дополнително ги користам и знаењата стекнати низ искуството и праксата, како и од семинарите, обуките и едукациите кои дополнително сум ги завршила. Особен фокус на интерес ми е поврзаноста помеѓу трите аспекти на личноста (тело, душа и дух) и нивното меѓусебно влијание и добросостојба, како и терапијата насочена кон емоции, опфаќајќи различни типови на емотивни врски и состојби.

Искуство

  • 2019 - во тек: Основач и претседател на ЕСТЕЗИА - Центар за интегративен развој, советување и едукација-Скопје
  • 2018 - 2021: Психолог, Дом за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври-Скопје
  • 2008 - 2012: Mедицинска сестра, практикант психолог, па психолог на замена, КПУ Идризово-Скопје
  • 2007 - 2007: Асистент, Центар за стерилитет и сексуални проблеми-Скопје
  • 2003 - 2007: Психијатриска медицинска сестра, Психијатриска болница Скопје-Скопје (од кои 1 година во Центар за зависности)
  • 2012 - 2016: Психолог, Дом за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври-Скопје
  • 2021 - 2022: Психолог во Поликлиника МедикаС
  • 2016 - 2018: Стручен соработник во Дом за деца без родители и родителска грижа "11 Октомври"
  • 2021 - 2023: Психолог - Проект на АВРМ и МТСП. Активација и мотивација на ранливи групи на пазарот на труд
  • 2022 - 2023: Менаџер/Психолог- Прв Семеен Центар на Град Скопје/ХЕРА

  • Побарај бесплатна консултација од М-р Билјана Стојановска.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на М-р Билјана Стојановска за работата и искуството со нив. 

    Прекрасен психолог! После сесијата чувстувам огромно олеснување дека има решение за сѐ :)
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Kako i sekogas, Biljana e profesionalec i psihologot na kogo mu veruvam.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    My first experience was great and I recommend it.
    Odlichna prva sesija. Vnimatelno me slusha kako prijatel i probuva da mi dade sovet. Mi dade i vezhbi za domashna za do naredna sesija ☺️
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Odlicno kako za moj prv pat
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Odlicno,toplo ja Preporacuvam Na Sekogo.
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Ok e ama kratko vreme
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Predobro se cuvstvuvam Posle Vtora Sesija , Mnogu Pozitivna I Prijatna Licnost ,posle ,znae da nasoci ,tocno znae kako da te Pottikne ,da ti dade nadez deka Za Se Ima Resenie ,ednostavno Da Te Podigne Toplo Ja Preporacuvam 🥰
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prekrasen psiholog. Toplo ja preporacuvam. ☺️
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prekrasna i strpliva.Se raduvam na nasata sledna sredba
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prekrasna licnost Koja Pomaga So Sekoj Kazan Zbor...... Topla Preporaka
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Prezadovolna I Na 5tata Sesija Kako Shto Bev I Na 1vata. Si Se Slushame Pak!
    Prekrasno! Prvo sesija I prodolzuvame so Naredni sesii! Preporacuvam!
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    Bas iskreno dobro iskustvo kako za prv pat bas opusteno mi dojde . ​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Dobra prva sesija, prasanja koi sto otvaraat drugi perspektivi
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Mnogu sum zadovolen od razgovorot. Toplo ja preporacuvam Biljana 😊
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Najdobrata Pomegju Najdobrite...
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicna komunikacija,preporacuvam ❤
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicno za prv pat. Ke zakazam i vtor.
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Odlicno. So samo edna nasoka mi pomogna da go resham problemot na deteto so mokerenje vo son. Gi Postavuva Vistinskite Prashanja Koi Vodat Do Reshavanje Na Problemot! Preporacuvam
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Posle prv razgovor,znam deka treba da ziveam vo segashnosta.I da se izdignam jas i da im pomognam na drugite.❤
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    Mnogu dobar I prijaten pristap, so interesni vezbi koi davaat rezultat.
    Prekrasen razgovor i objasnuvanje so koe dobivaye sila da se borite so problemot
    Prekrasna licnost,smiruva,pomaga,opusta....Na sekoj bi ja preporacal za razgovor.....
    Prekrasen psiholog so pozitivna energija
    Prekrasna se radyvam na sekoj sleden razgovor
    Premnogu zadovolna, cekam sledna sesija :)
    Biljana ima prekrasen i profesionalen pristap. Mi pomogna da pochnam da rabotam na sebe i da najdam svetlina vo temninata vo koja se naogav. Ti blagodaram, Biljana!
    Empatija I pomaganje da se zasakam sebesi.
    Korisni soveti ,trpeliva smirena toplo ja preporacuvam
    Mnogu vlijatelen psiholog, brzo mi ja smeni psiholoskata sostojba.
    Odlicen Razgovor Za Spravuvanje So Detski Stravovi
    Odlicni soveti i nasoki 😊
    Odlicno, mi dade super soveti :)
    Ogromno blagodarenie, si gi srediv mislite I se cuvstvuvam odlicno. 🙂🙂🙂
    Posle vtor den muabet so Biljana mnogu posmirena sum i dwnesniov den koj mi e depresiven i macen mi go pretvori vo uba a razgovorot ni zavrsi so smeenje ,se slusame i utre Biljana😘
    Prekrasen sogovornik!
    Prekrasno Iskustvo So Prekrasen Covek Vi Blagodaram
    Prekrasno prvo iskustvo, dobar pristap na psihologot, pozitivna licnost.
    Prijaten I Neposreden Kontakt. Smiren I Korisen Razgovor.
    Prijaten Razgovor Ke Imame Uste Sesii I Novi Tehniki
    ⭐⭐⭐⭐⭐

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. М-р Билјана Стојановска е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG