Допишување – 600 денари
Аудио Повик – 1000 денари
Видео повик – 1300 денари
Лиценциран психолог со посебна лиценца од областа на Психологија на образованието и лиценца за вршење психотерапија. Поседува Европски сертификат за психотерапија и истовремено е Магистер по клиничка и советодавна психологија. Професионалното и работно искуство е доста долго. Како училиштен психолог во средно образование има работно искуство од 30 години и повеќе од 18 години работи како гешталт психотерапевт и тренер на групи за личен раст и развој, групи за поддршка и работа со граѓани од ранливи категории и тренер во програмата за психосоцијална поддршка и јакнење на мобилните тимови кои работеа со мигрантите, тренер и супервизор на спроведување на Прогамата поврзана за поттикнување на интелектуалниот развој кај деца на возраст од 5 до 9 години. Член е на етичкиот одбор и супервизор при Комората на психолози на РС Македонија. Повеќе од 13 години работи како едукатор и тренер на едукативните групи од областа на гешталт психотерапијата со која ги подготвува идните советници и психотерапевти и воедно е Супервизор на едукативните групи.
Како гешталт психотерапевт пред се го користи хуманистичкиот и холистичкиот пристап и посматрање на клиентот во неговата целовитост, а не изолираност од социјалната средина и опкружување. Ги користи методите на проширување на свесноста поаѓајќи од „Сега и овде“; Прифаќањето на себе и сопствената автентичност; Користење на методи и техники на истражување на себе со кои се доаѓа до увидување на корените на проблемот и јакнење на капацитетите на личноста за промени, донесување на одлуки, превземање одговорност и контрола врз сопствениот живот.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Радмила Манчевска за работата и искуството со нив.
Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!