fbpx
Слободан Наумоски

Слободан Наумоски

Специјалности на Слободан Наумоски: Депресија - Анксиозност - Стрес - Емоционални предизвици - Самопочит и безусловно себеприфаќање - Личен раст и развој - Родителство - Советување на тинејџери - Управување со емоции и стрес - Самодоверба

Допишување – 800 денари

Аудио Повик – 1000 денари

Видео повик –  1200 денари

За мене

Јас сум Слободан Наумоски, дипломиран психолог со 16 годишно искуство во советување, психотерапија, работа со деца, родители и млади лица. Поседувам сертификат за Интегративна терапија. Член сум во Асоцијацијата на контекстуална бихејвиорална наука што вклучува и користење на Терапијата за прифаќање и посветеност (ACT) и нивниот иновативен и емпириски поткрепен терапевтски метод. Со широко познавање на ACT, мојата цел е да помогнам на клиентите да развијат психолошка флексибилност и да живеат живот кој е во согласност со нивните вредности. Имам познавање и искуство со инкорпорирање на техники кои би ги насочувале клиентите кон живот со смисла. Три години работев како психолог во Здравствен дом во Струга, повеќе години како едукатор во СОС Детско село а од 2019 год. на позиција Самостоен стручен работник/психолог.

Мој пристап

Користење на Терапијата за прифаќање и потсветеност (ACT). Со помош на овој иновативен терапевтски метод, клиентите ја развиваат умешноста за свесност и прифаќање, што им овозможува да ги прифатат и да се справат со нивните внатрешни искуства без осуда. Преку техники за неутрализирање на негативните мисли и развивање вежби за посветеност во однесувањето, клиентите постигнуваат поголема флексибилност во однос на нивните мисловни процеси и однесување во насока на работите кои им значат. Дополнително инкорпорирам техники и советување кон живеење на живот со смисла и значење.Имам искуство во советување за родителство особено во справување со предизвиците со тинејџери.

Искуство

  • 2019 - Во Тек: Назначен на работно место Самостоен стручен работник/психолог во една од подружниците во службата за Живеење со поддршка во рамките на СОС Детско село Скопје
  • 2018 - 2019: Водич на случај во една од програмите за грижа на млади во СОС Детско село Скопје
  • 2010 - 2018: Работев како СОС соработник за грижа на млади во младинска програма – СОС Детско Село – Скопје
  • 2007 - 2009: Учествував како Дисеминатор во програмата на Црвен Крст на Р.Македонија – Промоција на Хумани Вредности – ПХВ
  • 2007 - 2010: Работев како психолог во Советувалиште - ЈЗУ Здравствен Дом – Струга
  • 2006 - 2006: Учество во истражувачкиот тим во рамките на студијата на Светската Здравствена Организација со наслов – Студија за однесувањето поврзано со здравјето кај младите од училишна возраст
  • 2003 - 2003: Пракса во Центарот за Зависности, ЈЗО Психијатриска Болница – Скопје
  • 1999 - 1999: Учество во SIVAP програмата на Институтот за Психологија во Скопје, каде што работев на планирање и имплементација на истражувањата.

  • Статии и текстови

    Побарај бесплатна консултација од Слободан Наумоски.

    Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.

    Што велат клиентите?

    Еве што велат клиентите на Слободан Наумоски за работата и искуството со нив. 

    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​
    ⭐⭐⭐⭐⭐​

    Над 12000 превземања на нашата мобилна апликација

    12000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти. Слободан Наумоски е тука за тебе.

    Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

    Разговор.мк – секогаш тука за тебе!

    Generated by MPG