fbpx

Недела на менталното здравје: Еве сè што треба да знаете како социјалните медиуми влијаат врз менталното здравје на луѓето

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на 10 октомври секоја година, со општа цел да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје низ целиот свет и да се мобилизираат напорите за поддршка на менталното здравје. Денот нуди отворена можност за сите засегнати страни кои работат на предизвиците со менталното здравје да зборуваат за нивната работа и што треба уште да се постигне за да грижата за менталното здравје е реалност за луѓето насекаде во светот.

Подемот на социјалните медиуми овозможи дека луѓето да се се повеќе поврзани едни со други отколку што биле некогаш во историјата. Позитивните ефекти и придобивките од напредокот на технологијата се несомено видливи. Но, да не заборавиме на една од потемните страни на овој подем. Зависноста од социјалните медиуми исто така го зема својот подем особено кај помладите генерации и може да има штетно влијание врз менталното здравје. Забележително е во поголем број нови истражувања дека пречестото користење на платформите на социјалните медиуми можат да доведат до чувство на неисполнетост, несреќност и изолираност на долг рок. Да се земе како пример постојаното бомбардирање на совршено филтрирани фотографии и совршени постови кои се појавуваат на разни платформи на социјалните медиуми, кое повеќе од сигурно влијаат на самодовербата на голем број луѓе.

Извор

Начините преку кои социјалните медиуми предизвикуваат штета на менталното здравје се:

Самопочитување: Социјалните медиуми играат многу витална улога во влијанието врз нечија самодоверба. Постојаното лизгање низ апликации за социјални медиуми и споредување на себе си со совршено филтрираната слика на други лица, може да доведе до сомневање во себе и во своите квалитети.

Хумана поврзаност: Луѓето се повеќе ја губат поврзаноста со растот на дигиталната ера. Во денешното модерно време, претежно сите сме комплетно внесени во своите мобилни апарати и гаџети и како резултат, се помалку се посветува внимание на луѓето што седат до нас, на приодата која не опкружува. Со што поврзаноста слабее и има огромни негативни последици.

Спиење: Сонот е многу важен за секоја индивидуа, пред се за телото да функционира правилно и да биде здраво. Прекумерната употреба на електронски уреди го попречува циркадијалниот ритам на телото на една личност. Луѓето обично имаат тенденција да си поиграат со својот телефон пред да си легнат. Ова со сигурност им отежнува на голем број на луѓе да заспијат. Силното светло на мобилниот телефон го потиснува ослободувањето на мелатонин, што на крајот не прави  да се чувствуваме заморено.

Внимание: За еден ден наидуваме на океан од информации при само едно движење надолу по социјалните медиуми кои и тоа како го одвлекуваат нашето  внимание. Дури и да е за неколку минути, социјалните медиуми го земаат нашето внимание и како резултат на тоа, луѓето имаат тенденција да ја изгубат својата продуктивност и ефикасност.

Ментално здравје: Социјалните медиуми се одговорни за развој на предизвици од различна природа кога станува збор за менталното здравје, како што се на пример анксиозност, депресија, анорексија, вознемиреност и слично доколку не се користат балансирано и претпазливо.

Извор

Совети за да создадете баланс во вашиот живот, да го заштитите вашето ментално здравје и да ги менаџирате вашите социјални медиуми како позитивна сила отколку како негативна.

Закажете време за користење социјални медиуми. Одредете го бројот на часови кога можете да сурфате на Интернет за еден ден. Исто така, одвојте време да се одјавите и да ги игнорирате известувањата. Давајте приоротет на време поминато со пријателите или семејството. А пред да заспиете може да прелистате омилено списание или нова книга.

Бидете јасни за целта на вашето  користење на социјалните мрежи и држете се доследно до тоа. Ова исто така ќе ви овозможи да ги користите социјалните медиуми како што сакате без да губите време на други информации.

Обидете се да се инспирирате од објаваите на другите луѓе отколку да споредувате. Гледањето на објавите како инспирација за да работите понапорно кон вашите цели ќе има позитивно влијание врз вашиот живот. Напротив, споредувањето на вашиот секојдневен живот со нивниот може да има негативно влијание врз вашето ментално здравје.

Размислете што праќате кон светот. Може да помогнете вашиот извор или профил да стане охрабрувачко место за поттикнување заедница за поддршка и позитивност меѓу вашите пријатели.

Ставете го вашето ментално здравје на прво место. Ако добивањето известувања во текот на денот прави да се чувствувате под стрес или вознемиреност, тогаш избришете ги апликациите за социјални медиуми од вашиот телефон или оневозможете ги известувањата бидејќи ништо не е поважно од менталниот мир и благосостојба.

Ако сметате дека социјалните медиуми влијаат на вашето расположение и однесување повеќе отколку што треба, а одморот не ви помага да се чувствувате освежено и релаксирано, тогаш размислете да посегнете и да разговарате со некого.