„Кажавме збогум пред да кажеме здраво!“
Секоја година од 09 до 15 октомври се одбележувa светската недела за подигнање на свеста за загуба на бременост. На глобално ниво се случуваат 23 милиони спонтани абортуси, односно 1 од 4 бремености завршува со спонтан абортус. Ова е еден сувопарен статистички податок, но за оние жени (парови) кои се дел од оваа статистика останува болката, тагата, како и изгубената надеж и планови за бебешко креветче.
Спонтаниот абортус, иако се случува во големи размери и остава длабоки рани, се уште е придружен со стигма. Токму поради таа причина решив мојот прв текст на Разговор.мк да биде на оваа тема.
Загуба на бременост
Без разлика дали загубата се случила на почеток од бременоста (бременоста можеби траела кратко, но била очекувана и планирана подолго време) или во поодмината фаза од бременоста, загубата често ја менува жената и партнерската релација и можно е да остави долгорочни последици доколку жената (читај парот) не најдат здрави начини да ја обжалат загубата.
По загубата освен чувство на длабока тага, се доживуваат и низа други силни емоции. Овие емоции можат да бидат лутина, бес, срам, љубомора, безнадежност, беспомошност. Честопати се јавува анксиозност и депресија. Загубата на плод може да делува на когнитивино и физиолошко ниво. Така, може да се јави постојан умор, главоболка, фантомска болка, физичка исцрпеност, промени во аптетитот, несоница, проблеми со крвниот притисок и слично. Сето ова води до едно отежнато функционирање во секојденвиоте. Исто така може се јави freeze trauma response, односно последиците од необжалената загуба да не се појават веднаш туку после некое време, па се случува жените да не ги поврзат симптомите со загубата која се случила.
Културни норми и нивното влијание
Првите три месеци од бременоста се најризични и најголема е можноста да дојде до спонтан абортус. Во нашето општество владее мислењето дека веста за бременоста не треба да се споделува до третиот месец. Доколку загубата се случи во овој период најчесто се „става под тепих“. Жените навидум се враќаат многу брзо во нормалното функционирање односно секојдневните обврски, одење на работа, излегување и слично. Се живее во илузијата дека ништо не се случило, но во позадина се јавуваат чувството на изолираност, осаменост и исклученост.
Совети за справување со загуба на бременост
Процесот на тагување по загуба на плод не е лиенарен, не постои точно определа временска рамка, не постои точен или погрешен начин на тагување. Справувањето со загубата е индивидуално и различно за секоја индивидуа.
Иако ова е една силна траума, која остава белег, постојат некои чекори кој може да ви помогнат во процеот на тагување:
Дозволите на емоциите да излезат на површина
Првиот чекор е да им дозволите на емоциите да излезат на површина. Без разлика кои емоции ги дожиувате, тага, лутина, збунетост, тоа е дел од процесот на тагување. Изразете ги вашите емоции на начин на кој вас ви одговара, дали тоа ќе биде пишување на дневник, разговор со парнерот или блиска личност, вежбање, медитација, членувајте во групи за поддршка и слично.
Споделете за загубата со најблиските
Траумата може да биде поголема доколку ја преживувате сами. Разговарајте со блиските за загубата, изградете систем на подршка кој ќе ви помогне во соочувањето со реалноста.
Избегнување на самообвинување и вина
После абортус кај многу жени се јавува чувство на себе – обвинување и/или чувство на вина. Дали можев нешто да променам, дали ако појдев порано на преглед ќе променев нешто? Дали ако го направев ова или она, тоа немаше да се случи? И низа други прашања на кои нема одговор. Бидете нежни кон себе! Дајте си го времето и просторот кој ви се потребни.
Побарајте поддршка од партнерот
Ваквата загуба е предизвикувачка за секоја парнерска релација. И вашиот партнер тагува – и срцето на партнерот се крши, но можеби негиовиот начин на справување со загубата е поразличен од вашиот. Отворена и искрена комуникација може да помогне и двајцата да се чуствувате разбрано и поддржано.
Како да помогнете на блиска личност која се соочила со загуба на бременост
Бидете тука за поддршка, тоа е она што може да го направите. Иако со најдобри намери, избегнувајте минимиизрање на загубата или давање на „непобаран“ совет, исто така, коментирате од типот „така требало да биде“, „на бог му требало уште еден ангел (божја воља)“, млади сите има време“ „бар имате друго дете“ и слично не се од помош. Ислушајте ја вашата блиска личност, дозволете и пред вас да ги искаже нејзините емоции, ако е потребно бидете и рамо за плачење, потсетете ја дека не е сама и понудете ја вашата поддршка. Понекогаш и само присуството и прегратка може да бидат исклучително вредни во процесот на тагување. Без разлика дали сте партнер, пријател, колега или семејство вашата поддршка може да направи значајна разлика во преживувањето на траумата.
Ако сте искусиле ваков тип на загуба во бременоста, ова се некои совети кои може да ви помогнат во процеост на тагување. Спектарот на емоции е индивидуален, а процост на тагување е различен за секоја индивидуа, и на него имаат влијание средината, личните уверувања, вредностите и системот на поддршка. Некои денови ќе се чуствувате добро, но ќе има и „тешки“ денови во процесот на тагување. Доколку чуствувате силна емоционална болка може да се посоветувате со психолог кој ќе ве води низ процесот на исцелување.
Побарај дополнителен совет или насока од Елена Милеска – Дворчанец

Јас сум Елена Милеска Дворчанец, лиценциран психолог, семеен и системски советник, во процес на едукација за сеемен и системски психотерпавт при институт за семјна и системска пракса Алтернатива.
Ако имате какви било прашања или едноставно сакате да разговарате, само пополнете го формуларот подолу. Тука сум да обезбедам бесплатна писмена консултација и ќе понудам попуст за вашата прва сесија ако сметате дека можам дополнително да ве поддржам.
