Кои се симптоми на анксиозност? Анксиозност е нормален човечки одговор на стресот. Нормално е луѓето да бидат загрижени кога се соочени со финансиски предизвици, почнуваат нова фаза во животот или глобална пандемија. Оваа загриженост е од есенцијално значење за опстанокот на нашиот вид бидејќи ни помага да најдеме начини да ги избегнеме опасните околности.
Во некои случаи, загриженоста може да биде толку интезивна што ќе предизвика тензија, нервоза или паника. Ова е знак дека анксиозноста се развила во ментален предизвик. Симптоми на акнсиозност може да влијаат на човековото однесување и да го оневозможат нормалниот живот. Многу е важно да бидеме свесни за овие симптоми со цел правилно да ги дијагностицираме и да научиме да ја менаџираме ситуацијата.
Побарајте совет во врска со симптоми на анксиозност
Пополнете го прашалникот подолу и добијте бесплатен пишан совет од лиценциран психолог. Исто така, ќе добиете и бесплатна сесија или значителен попуст за вашата прва сесија од повеќе различни психолози. Вашата меил адреса нема да биде видлива за психологот, потребна ни е за да можеме да ви ги испратиме одговорите кои ќе ги добиете.
Симптоми на анксиозност кои индицираат медицински нарушувања
Анксиозно нарушување е медицинска состојба која вклучува чести и трајни чувства на терор или паника. Најчесто овие чувства се претерани.
Според статистиката од Американската Асоцијација за Анксиозност и Депресија, анксиозноста е многу честа состојба која влијае на околу 40 милиони возрасни во САД. Сепак, овие статистики исто така покажуваат дека само 36,9 проценти од луѓето погодени од состојбата примаат терапија. Стигмата поврзана со ментална болест, меѓу другите фактори, придонесува за ова застој во третманот на анксиозноста. Покрај тоа, немањето сознанија за знаците и симптомите на анксиозноста може да спречи некое лице да побара помош. Лицето можеби не верува дека она што го доживува е излечива состојба.
Има 3 категории на симптоми на анксиозност: физички симптоми, ментални симптоми и емоционални симптоми. Овие сипмтоми се разликуваат од личност до личност, но постојат некои заеднчки индикатори.
1. Панични напади
Паничните напади се предупредувачки знак за тешка анксиозност. Тие се прилично чести и многу луѓе ги искусуваат неколку пати во животот. Најчесто се појавуваат кога се соочуваме со некоја исклучително стресна ситуација. Нападите на паника се еден вид анксиозно нарушувањае кое се карактеризира со повторливи епизоди на интензивен страв, и истото предизвикува физичка реакција иако реално не постои опасност. Истражувањата покажуваат дека само три проценти од Американците доживуваат панични напади доволно често за да ги исполнат дијагностичките критериуми за ова нарушување. Сепак, нема сомнеж дека паничните напади може да бидат застрашувачко искуство и значително да влијае врз вашиот живот.
2. Неконтролирани и чести изливи на грижа
Константната грижа за некоја специфична ситуација исто така асоцира на анксиозност. Особено кога ова чувство не е пропрционално со реалната состојба или трае подолг период. Вознемиреноста често е придружена од чувство на нервоза и тензија. Овие симптоми се совпаѓаат со дијагнозата за генерална анксиозност. Грижата е нормален одговор кога се соочуваме со несигурност или ситуација која не можеме да ја контролираме, но кога се појавува често и трае подолги временски периодо може да биде знак за сериозна анксиозснот.
3. Немир и агитација
Анксиозноста има тенденција да го забрза срцевиот ритам и да ги внесе нервите во состојба на преработеност. Ова може да предизвика испотени дланки, срцеви палпитации, чувство на затегнатост во градите или немирни движења на телото како тресење, шетање или треперење. Овој немир или чувство на вознемиреност може да биде знк на анксиозност ако се јавува често и е предизвикано од обични настани.
Во некои случаи, овие симптоми може да предизвикаат екстремна хипервентилација или потешкотии во концентрирањето
4. Несоница или потешкотии во сонот
Еден од најчестите симптоми пријавени од луѓе на кои им е дијагностицирана вознемиреност е тешкотијата да заспијат. Исто така, се сугерира дека луѓето кои во текот на детството доживеале несоница, имаат поголема веројатност да развијат вознемиреност во своите возрасни години. Овој симптом е често распространет кај луѓето кои имаат вознемиреност затоа што загриженоста често се јавува во текот на ноќта кога умот е помалку преокупиран, а недостатокот на сон што е резултат на загриженост предизвикува замор и раздразливост, што пак ги влошува ефектите од вознемиреност.
5. Компулсивни или повторливи однесувања
Компулсивно или повторливо однесување, исто така, е поврзано со некои анксиозни нарушувања како генерализирано анксиозно нарушување и опсесивно-компулсивно нарушување. Според лиценцираниот психолог Кристи Филипстест навиките се разликуваат од една до друга личност, но и покрај тоа, сите тие спаѓаат во иста категорија на компулсивност: шема на однесување што вклучува упорни и повторливи дејства кои обезбедуваат малку или воопшто задоволство за лицето што се занимава со нив. „Лицето кое доживува вознемиреност може да се сврти кон однесувања како присилно трошење, присилно штедење, коцкање и други слични дела“, рече таа.
Други навики што укажуваат на тоа дека имате сериозна вознемиреност се повторливи физички активности како на пример, да се вратите неколку пати за да проверите дали вашата врата била правилно заклучена пред да го напуштите вашиот стан, упорно гризење на ноктите, берење на кожата и други активности што можеби знаете дека ви го нарушуваат нормалниот живот, но кои не можете да престанете да се вклучите.
6. Ирационален страв
Екстремен страв од одредена работа може да биде знак на фобија, особено кога овој страв е крајно непропорционален на нивото на опасност од такво нешто. Фобиите се вообичаен вид анксиозно растројство кое може да биде благo или сериозно, но сепак претставува предизвик. Најчестите видови на фобии вклучуваат силен страв од височини, летање, затворени простори, специфични животни или инсекти и крв. Освен екстремниот страв што може да резултира од фобија, да имате постојан, ирационален страв од непознат настан или ситуација за која верувате дека се случува, може да биде и знак на вознемиреност, особено кога овој страв почнува да ве спречува да се вклучите во нормални, дневни активности.
Советување со лиценциран психолог
Во Македонија имате можност да се советувате со лиценцирани психолози преку интернет. Доколку сакате можете да бидете и анонимни. Превземете ја нашата мобилна апликација и разгледајте ги над 30те лиценцирани психолози. Можете да пребарувате според опсег на цена, специјалност (анксиозснот, депресија и слично) и по начин на комуникација. На пример, можете да одберете да се допшиувате или имате аудио/видео сесија. Цените се далеку попристапни од било кое друго место. Прочитајте го нашиот прирачник за тоа како да одберете психолог доколку не знаете како да почнете. Направи го првиот чекор кон живот без анксиозснот денес!
Побарајте совет во врска со вашите симптоми на анксиозност
Пополнете го прашалникот подолу и добијте бесплатен пишан совет од лиценциран психолог. Исто така, ќе добиете и бесплатна сесија или значителен попуст за вашата прва сесија од повеќе различни психолози. Вашата меил адреса нема да биде видлива за психологот, потребна ни е за да можеме да ви ги испратиме одговорите кои ќе ги добиете.