fbpx

Суптилни симптоми кои покажуваат дека ви е потребна грижа за менталното здравје

Суптилни симптоми кои покажуваат дека ви е потребна грижа за менталното здравје

Фактот дека делуваме како високо функционална личност не значи дека се е во ред и под површината. Не сите ментални предизвици се излеваат на површина како што често знае да биде прикажано во медиумите. Поблагите симптоми на ментални предизвици може значително да влијаат на квалитетот на нашиот живот, а и имаат потенцијал да прераснат во сериозен проблем доколку навремено не делуваме.
Еве некои од суптилните симптоми на ментални предизвици.

Не уживате во нешта во кои порано сте уживале

Ако сте стравствен тркач и одеднаш идејата да ги ставите вашите патики не звучи привлечно, ќе сакате да обрнете внимание дали ова чувство преобладува веќе подолго време. Стручниот термин за ова е анхедонија, односно неможност да најдеме задоволство во активности во кои сме уживале во минатото.

Спиете цело време

Еден од знаците дека имате предизвици со менталното здравје е премногу или премалку сон. Доколку имате нарушен распоред на спиење, обратете внимание.

Немате енергија како во минатото

Уморот е еден од основните симптоми на депресиј, но ова не се однесува само на чувството на премореност. Ова вклучува ниско ниво на енергија, но и неможност за концетрација и донесување на одлуки. Причина за ова често може да биде нарушениот баланс на допамин и серотин.

Често заборавате

Ако забележите дека меморијата не ве служи како порано, тоа може да биде знак на депресија. Една студија од 2016 година откри дека депресијата е поврзана со “намален капацитет за меморија”, како и забавена моќ за процесирање.

Блиски луѓе забележуваат промени

Понекогаш ние не сме најдобрите набљудувачи на нашето ментално здравје. Можеби можеме да ги идентификуваме нашите мисли, често знае да биде тешко да го идентификуваме нашето однесување. Доколку вашите блиски забележат промени во вашето однесување, обратете внимание на нивните зборови пред да станете дефанзивни и да инсистирате дека грешат. Они кои не знаат најдобро често можат да го забелажат она што ние не можеме.

Често чувствувате физичка болка

Можеби изненадувачки, но менталните предизвици често се манифестираат како физичка болка. Вакви симптоми можат да бидат главоболка, болка во вратот или грбот, или пак гастроинтестинални проблеми.

Почесто останувате дома

Кога се соочувате со ментални предизвици, можеби ќе забележете дека се повлекувате од вашите пријатели и фамилија и се изолирате. Можеби се плашите дека тие можеби нема да ве разберат или ќе ве видат во вистинско светло. Треба да знаете дека, поврзувањето со некој и одржувањето на социјалните врски можат да ви помогнат да се вратите во нормала.

Промени во исхраната

Без разлика дали сакате да изедете се што ви излегува пред очи, или ви се гади од идејата да јадете, промената во исхраната е нешто на што треба да обратите внимание. Доколку се прејадувате можеби излезот од моменталната реалност го гледате во храната. Од друга страна, намалениот апетит може да биде знак за зголемени нивоа на хормони кои се одговорни за стрес.

Доколку било кој од овие симптоми можете да ги забележете кај вас, можеби е добро да се посоветувате со професионален терапевт или советуват. Разговор.мк нуди можност за брз, едноставен и анонимен начин да ги споделите вашите предизвици и да поразговарате со професионалец.