fbpx

Осаменоста во изолација: како да се справиме?

Осаменоста е субјективно чувство на неповрзаност, да не се биде разбран од другите, како и неможност за споделување на значајни чувства и мислења.

Осаменоста и социјалната изолацијата не се нужно поврзани. Сепак, за некои, изолацијата може да биде подлога или тригер за јавување на чувството на осаменост.

Може да бидеме во голема група на луѓе и пак да се чувствуаме осамено. Од друга страна, некој може да си биде во друштво со себе и пак да не се чувствува осамено, особено кога тоа е личен избор и личноста има некаков психолошки бенефит од тоа.

Осаменост и поларитетот на осаменоста

Ако можме да наведеме опозиција/поларитет за осаменоста, тоа би било сочувството и меѓусебно разбирањето за другиот, кој е поразличен од мене, на едно длабоко ниво. Со други зборови спротивноста на осаменоста е: да разбереме и да се бидеме разбрани, да слушнеме и да бидеме слушнати, да се произнесеме со својата несовршеност и ранливост и да не судиме и бидеме осудени за тоа.

Секој во текот на животот, во помала или поголема мера го искусил чувството и состојбата на осаменост. Интересен е фактот што луѓето најосамено се чувствуваат, кога се во партнерство или социјални групи каде тие конекции не се исполнувачки и квалитетни. За една личноста да не се чувствува осамено, потребно е, во односите кои ги гради да има простор да биде автентична, отворена за својата ранлвост и препознаена и прифатена таква каква што е. Колку повеќе се култивира ваква подлога за развивање однос, толку односот е посполнувачки, уникатен и квалитетен.

Осаменоста, може да направи да се повлечеме во себе уште повеќе, утврдувајќи ги негетивните дисторзии кои ги имаме за сликата за себе. Изречените препораки за социјална изолација, може да ја потенцираат оваа повлеченост во уште подлабока осаменост. Во овој случај, посегнувањето по контакт и алтруизам се многу значајни. Алтруизмот во голема мера е дел од третманот за депресија, пострауматско нарушување и други ментални растројства. Преку занимавањето со нашто надвор од себе, на начин кој е значаен за другите, си помагаме и на себе.

Препорака за намалување на чувството на осаменост е и да го пронајдеме и негуваме она што е значајно за нас. Нешто што ни дава смисла, како во односот со себе, со другите, така и во односот со светот. Тоа може да биде преку значајни разговори или активности со драга личност, занимавање со фотографија, музика, наука, градинарство… било што, за нас автентично, што ни дава чувство на исполнетост. На тој начин, му даваме вредност на нашето секојдневие, му даваме вредност на нашиот живот. Притоа, тоа не е нешто што се постигнува и одржува еднаш засекогаш. Ваквиот стил и пристап е нешто што се негува секојдневно и се усовршува, а со тоа и се зголемува задоволството од животот, но и намалува осаменоста.