fbpx

Мај, месец на свесноста за менталното здравје

Како ќе го опишеме месец мај?

Месец мај е месецот на децата. Во мај се слуша првиот детски џагор и радоста се чувствува во воздухот. Сите ние го очекуваме летото и топлото сонце. Кога времето надвор е прекрасно и ние се чувствуваме добро. Проблемите како да го намалуваат својот обем и сериозност. Менталното здравје е на добро ниво.

Месецот мај е месец на подигнување на свеста за менталното здравје кај луѓето. Ова е одлично време да се работи на кревање на свеста за оние кои страдаат од загрозено ментално здравје кое резултирало со промена во нивното поведение. Преку активности, проекти, настани и обуки за подигање на свеста, огромен број на организации, болници и здруженија се обидуваат да допрат до пошироката јавност и да ја запознаат со предизвиците на денешницава. Здравствениот систем игра значајна улога во надминување и постепено искоренување на стигмата која постои во однос на менталното здравје.

Стигмата околу менталнто здравје

Дали знаевте дека, на годишно ниво, од ментални болести заболува 19% од светската возрасна популација? А што мислите за тинејџерите, дали и тие се соочуваат со вакви предизвици? За жал, тинејџерите се премногу подложни на ментални нестабилности и дури 46% од оваа популација страда од ментални заболувања на годишно ниво. Луѓето кои водат борба за своето ментално здравје можеби се дел од вашето соседство, работно место, круг на пријатели па дури и семејство. Никој од нас не знае што му се случува на другиот и каква војна води во себе, затоа ве охрабруваме да се однесувате грижливо и внимателно. И покрај фактот дека голем број на луѓе се соочуваат со вакви проблеми, само половина од нив ги третираат истите.

Ова е поврзано со споменатата стигма поврзана со менталното здравје. Мај е месец на зголемување на свесноста за менталнто здравје. Сега е време да зборуваме за сите оние кои поради општествената бариера излегуваат како губитници од борбата со животот.  Нелекуваните ментални заболувања можат да резултираат со поскапи и подолготрајни медицински третмани. Исто така, доведуваат до послаби перформанси на училиште или на работа. Често доведуваат и до помали можности за вработување по завршувањето на студиите.

Донеси одлука сега!


Примени го *RAZGOVOR20* промо кодот при закажување на сесија и добиј намалување.

Не постои здравје без ментално здравје. СЗО- Светската здравствена организација се залага за вклучување на сите сегменти од општеството во промоцијата на менталното здравје.  Владини и невладини организации задолжително треба да учествуваат во остварувањето на оваа хумана цел.

Платформата на разговор.мк постои токму за постигнување на оваа цел, потполна слобода на комуницирање и изразување на потребата од достапна експертска помош. Сите оние кои страдаат од непосакувана ментална состојба имаат можност да се надминат себеси и да го споделат своето искуство.

По повод месецот на Mental Health Awareness, месецот мај, оваа платформа ви нуди промотивен код со 20% попуст на услугите. Напишете RAZGOVOR20 и кликнете на “Примени” за да добиеш намалување на сесија со било кој психолог на платформата.