fbpx

Како до поефективно учење/работење, а помалку стрес?

Како да градиме вештини кои претходно не сме имале можност или време да ги развиваме или надоградуваме? Како да се предизвикаме себеси и да добиеме поширока перспектива за светот, а притоа да не сме подлежни на стрес?

Верувам дека на сите ни е јасно дека менталното и физичкото здравје е поважно од се. Но, не секогаш можеме да направиме баланс помеѓу нашите навики и рутината која ни ја налага работното место или училиштето. Како до помалку стрес? Меморизацијата е вештина која може да се научи. Со мали, но конзистентни чекори се постигнува секоја цел. Значајно е да ја развиваме љубопитноста така што ќе се истражуваме и ќе се надоградуваме себе си, без притоа да го изложуваме нашето тело и ум на стрес.

Постојат мнемонички техники, кои се лесно достапни за сите нас и кои можат да ни помогнат при полесно совладување на материјалот/работните задачи. По дефиниција, мнемоничките техники се постапки кои се применуваат за материјалот да се научи полесно а да се запомни подолго, на начин што восприемените информации се задржуваат во нашата долготрајна меморија. Сликовито објаснето, мнемоничките техники се базираат на принципите од методите на организирање, визуализација и асоцијации со што работите успешно ги поврзуваме со нешто непознато. Овие техники ни помагаат да го групираме материјалот во блокови, да му дадеме смисла, како и да користиме аудитивно и визуелно мислење.

Друга техника е Помодоро техниката, кој претставува систем на менаџирање со време, составен од 2 интервали на работа и пауза, со што работењето или учењето трае 25 минути а паузата 5 минути. Главниот ефект се добива кога по секои 4 сесии од учење/работа, се има подолга пауза од 15-20 минути. Оваа техника е одличен начин да се избегнат дистракциите ( телефон, социјални мрежи и сл.) а да се генерира продуктивност во учењето/работата и концентрација.

Во продолжение ви споделувам наједноставни техники кои може да ги користите за поефективно учење/работење:

1. Организирај се –  Посвети си место кое ќе ти биде наменето само за учење или работа, свој креативен простор
2. Избегнувај мултитаскинг – Фокусирај се на едно нешто во даден момент, прави паузи и користи помодоро техника.
3. Направи план и постави си цели – користи планер, to do или чек листи, како едни од најефективните начини за да ги постигнеш твоите цели а од друга страна да ја разиваш твојата креативност
4. Испробувај нови стратегии – Пробувај различни техники и начини се додека не ги пронајдеш оние со кои си најпродуктивен/на. Доколку е потребно промени го местото и начинот на учење/работа.
5. Прави паузи и награди се – Прошетка, добра книга, разговор со пријатели или вежби (истегнување, трчање) се најдобрите награди за вашето тело и ум.
6. Комуницирај – Зборувај со твоите соученици/колеги околу материјалот/работните обврски. Сосема е во ред да побараш помош доколку имаш потреба.

Како до помалку стрес за да не прегориме?

Burnout, се јавува како резултат на долгорочен професионален стрес, кој доведува до емоционална, физичка и ментална истрошеност и циницизам кон работата. Личноста има чувство на неуспех, замор и исцрпеност поради барањата кои му се зададени а кои не одговараат со неговата енергија, снага и способност.

Во моментот кога стресот ќе навладее со нашето тело, пред да изреагираме на било каков начин, не треба да заборавиме да дишеме и издишуваме..

…Фокусирај се на твоето дишење, броејќи наназад: Вдиши длабоко 11 – издиши полека, 10 вдиши – издиши, 9,8,7.. се до моментот кога ќе почувствуваш ослободување од старата и полнење со нова енергија…

Во продолжение проследете неколку видови стратегии за справување со стрес и искористете ја онаа која најмногу ви одговара:

Стратегии фокусирани на проблем – директно се справуваме со проблемот; бараме начини проблемот да е менлив се со цел долготрајно решение!
Стратегии фокусирани на емоции – во ситуации каде нема можност за промена, цел е да ги регулираме нашите емоционални реакции на дистрес – релаксација, одрекнување, гледање на стресот од позитивна страна – краткотрајно решение!
Стратегии фокусирани на социјална поддршка – барање помош од семејство, пријатели, колеги; затоа што се чувствуваме посигурно во група каде што сме ценети и сакани.
Стратегии фокусирани на самопомош – самонабљудување, организација на времето со кое располагаме, ставање граници, одмор и релаксација.
Стратегии фокусирани на психофизичка релаксација – прогресивна релаксација, автоген тренинг, биофидбек, медитација, јога, телесни вежби – активна или пасивна релаксација.

Наспроти сите стратегии, важно е телото да биде наспано, односно да имаме долг и здрав сон. Сонот ја зголемува нашата фокусираност и ни овозможува да останеме организирани. Здравата исхрана и вежбањето се вториот чекор во надминување на стресот при секојдневните активности и учење. Вежбањето помага при излачување на природните поттикнувачи на расположението – ендорфинот. Исто така многу значајна улога игра и time management-от, па користете ја временската рамка правилно и оставете простор за себе и социјални активности!

При исполнувањето на нашите секојдневни задачи важно е да се грижиме за себе, да правиме паузи но доколку вашето тело вели поинаку побарајте помош од лиценциран психолог, кој може да ви помогне успешно да го совладате процесот.

Побарај дополнителен совет или насока од Клементина Добревска

помалку стрес Клементина Добревска

Како психолог, им помагам на поединците да развијат ефективни навики за учење и работа, подобрување на вештините за управување со времето и подобрување на способностите за решавање проблеми. Со решавање на основните психолошки бариери како што се перфекционизам, страв од неуспех и одолговлекување, ги поттикнувам клиентите да пристапат кон задачите со доверба и издржливост. Мојата цел е да создадам средина за поддршка и соработка каде што клиентите ќе можат да ги истражат своите силни страни, да ги надминат предизвиците и да негуваат здрава рамнотежа помеѓу работата и животот.

Ако имате било какви прашања или грижи, не двоумете се да го пополните формуларот подолу. Со задоволство ќе ви помогнам на вашето патување кон поголем успех и благосостојба.