fbpx

Најбрз пристап до лиценциран психолог по пристапни цени

Побарај бесплатен краток совет, следи го твоето расположение со Mood Journal, или закажи анонимна аудио, видео или сесија со допишување за само неколку минути.

Види функционалности на апликацијата
jake-nackos-IF9TK5Uy-KI-unsplash

"Ива, се надевам нашата заемна работа ти беше од корист. Кога и да имаш потреба, јас сум само на неколку клика од тебе."

woman holding phone

“Ти благодарам!! Никогаш не мислев дека ќе научам како да се носам со мојата анксиозност.”

Провери го твоето ментално здравје

Нашите кратки прашалници за ментално здравје ќе ти помогнат да дознаеш дали ти треба поддршка и советување со лиценциран психолог

Анксиозност

Прашалникот се состои од 10 тврдења. Одреди го степенот до кој секое од овие тврдења се однесува на тебе во изминатиов месец. Крајниот резултат ќе ти даде индикација дали и до која мера ги искусуваш најчестите симптоми на анксиозност.

Направи тест

Социјална анксиозност

По завршување на прашалникот ќе имате можност да научите повеќе за вашите симптоми. Крајниот резултат ќе ви даде индикација дали и до која мера ги искусувате најчестите симптоми на социјална анксиозност. Секогаш сме тука сме за вас.

Направи тест

Стрес

Одговорете на 10 прашања и видете како го перцепирате стресот во вашиот живот. Земете ги во обзир вашите емоции и мисли само од последниот месец при одговарање на прашањата. Одговорете на прашањата брзо, не подолго од 20 секунди по прашање.

Направи тест

Како до онлајн психолог ?

Го направивме советувањето лесно и пристапно за вас.

Најди го твојот психолог

Пребарај ги сите психолози и разгледај ги деталите за нивната биографија, пристап и искуство. Можеш да пребаруваш според опсег на цена, специјалност и начин на комуникација.

Резервирај термин

Откако ќе го најдеш идеалниот психолог за тебе плати и резевирај го твојот термин.

Безбедно комуницирај

Комуницирај безбедно преку нашата апликација. Видео и аудио повиците се целосно приватни и никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до нив.

Не знаеш од каде
да почнеш? Прашај психолог!

Сподели го проблемот со кој се соочуваш и ние ќе го дистрибуираме до релевантните лиценцирани психолози. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за бесплатна консултативна сесија. Испробај повеќе психолози и најди го идеалниот за тебе.

35+ лиценцирани психолози одговараат на твоето прашање.

Безбедна аудио и видео комуникација со твојот психолог.

Комуницирајте безбедно и приватно преку директна врска. Никој освен вие и вашиот психолог нема пристап до каналот за комуникација. Врската помеѓу вашите уреди е директна.

Најди лиценциран психолог по твоја мерка

Сите психолози на платформата се лиценцирани од Комора на психолози на Македонија или од соодветно тело доколку се од странство. Секој од нив е специјализиран за различни предизвици и има свој уникатен пристап на работа и советување.

video smile (1)
video smile (2)

Преку советување до подобро секојдневие

Редовните разговори со лиценциран психолог можат значајно да го подобрат вашиот живот.  Не морате сами да се носите со предизвиците, вашата поддршка е на само неколку клика од вас.

Што велат корисниците

2700+ остварени разговори

400+ корисници закажале барем еден разговор со лиценциран психолог. Еве што велат некој од нив.

“Премногу сум задоволна од односот на комуникација, успеав да погледнам и од друга перспектива и во иднина повторно ќе ја исконтактирам. Ја препорачувам на сите што сакаат целосно отворен муабет што сакаат да ги согледаат дел од проблемите во врските со партнерот. "
Maja
За Драгица Стаменковиќ​
“Психолог кој зрачи со љубов и топлина. Психолог кој те извлекува од тунелот на мракот и болката во која си бил заробен можеби со години. Ти го покажува патот каде сонцето никогаш не заоѓа и ти ги отвара портите на убавината, на иднината.. Ти влева надеж и ти дава начин на справување со состојбата во која си и ти помага да започнеш нов живот кој до тогаш бил непознат за тебе. Неизмерно сум благодарен и секому ја препорачувам психолог Топалоска!”
Лука
За Мируна Топалоска
“Како за моја прва сеанса задоволна сум 😊Особа што со прашања знае да те насочи кон кој правец да размислувашЕдвај чекам 2ра”
Марија
За Ирина Николовска
"Го побарав Атанас за конкретен практичен проблем. До сега веќе имавме 4 сесии по ред и можам да кажам дека сум презадоволна. После секоја чувствувам напредок, подобрување и нов увид. Го препорачувам! "
Тања
За Атанас Иваноски
"Билјана е вистински професионалец и успеа во еден час разговор комплетно да ме сфати и да ми помогни во мојата моментална ситуација.Кога го започнав разговорот со неа бев под огромен стрес, а разговорот го завршивме со смеа. "
Руби
За Билјана Стојановска

Над 8000 превземања на нашата мобилна апликација

8000+ луѓе го направија првиот чекор. Направи го и ти.

en_USEnglish