Ниту една фаза во нашиот развој не е поважна од детството. Во нашите рани години ги формираме нашите страсти, нашата личност и нашето разбирање за светот и нашето место во него. Детството го одредува текот на нашите возрасни животи.
Дури и ако е една од најтешките работи на светот, воспитувањето дете е исто така несомнено една од најневеројатните работи што некогаш ќе ги направиме…
На овој вебинар, ќе дискутираме, ќе се психоедуцираме и ќе зборуваме за тоа како се гради резилиентност и ментална цврстина кај нашите деца.
Речиси универзална цел на родителите е да се обидат да спроведат своите деца низ живеењето со самодоверба и резилиленост, да се обидат да им позајмат енергија, верба во себе и храброст за на крајот да можат да дејствуваат решително во светот. Но, што е всушност добро родителство? Каде грешиме? Каде можеме да се поправиме?
На овој вебинар, ќе зборуваме за:
За врската помеѓу издржливоста, училиштето и животниот успех.
Кои важни вештини им помагаат на децата да се движат низ несигурни времиња, да управуваат со неволјите и да развијат самодоверба и мотивација.
Што можете да направите вие како родител за да ја негувате резилиентноста и самодовербата кај вашите деца, па дури и кај себе.

Дипломиран психолог на УКИМ во Скопје, активен член во Комората на психолози, советник за системска и семејна психотерапија при институтот Алтернатива.
10.05.2024 / 18.30 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 25.
300 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!
