fbpx

Група за поддршка и градење на самодоверба и самопочит

Оваа група е наменета за да им помогне на сите оние кои се борат со сомнеж во себе, социјални предизвици, негативен самоговор, негативна слика за себе и сопствениот изглед, како и недостаток на верба во своите способности.

Наташа Ивановска

лиценциран психолог и психотерапевт

Датуми

секој втор вторник во 19 часот

Времетраење

120 минути

Капацитет

8-10 лица

Возраст

24+

Формат

Средбите се оддржуваат на платформата Microsoft Teams.

Цена

1500 мкд / месечно

*Првата средба за секој нов учесник е бесплатна.

Што можам да очекувам?

Оваа група се состанува 2 пати месечно или секој втор вторник во 19 часот, на платформата Microsoft Teams. Времетраење на една средба е 120 минути. Постои можност летните термини да се менуваат по договор со психологот.

Со месечна претплата од 1500 денари, добивате пристап до две сесии секој месец. Првата сесија за секој нов учесник што сака да проба – е бесплатна.

За време на средбите, ќе се решаваат и ќе се зборува за проблеми како што се:

  • Негативен самоговор: Идентификување на негативните мисли и верувања што ве држат назад.
  • Импостер синдром: Надминување на чувствата на несоодветност и сомнеж во себе, дури и кога ќе постигнете некаков успех.
  • Страв од неуспех: Развивање на стратегии за управување со стравот од неуспех и прифаќање на предизвиците како можности за раст и учење.
  • Социјална анксиозност: Градење самодоверба и самопочит во социјалните ситуации и подобрување на комуникациските вештини. Надминување на стравот од одбивност.
  • Загриженост за сликата на телото: Развивање поздрав однос со вашето тело и самоприфаќање.

Како да се пријавам?

01

Пополни го формуларот

За подобро да ги разбереме твоите уникатни потреби и преференции и да обезбедиме најдобри можни резултати, потребно е да пополните краток скрининг формулар при пријавување. Вашите одговори ќе останат доверливи.

02

Осигурај го твоето место

Со испраќање на формуларот, нашиот тим ќе ве контактира за да ја финализираме вашата пријава. Секој учесник е должен да потпише согласност за доверливост и дискреција.

03

Започни го твојот процес на поддршка

Откако ќе го потврдиме вашето учество, ќе добиете мејл за потврда со детали за тоа како да пристапите до избраната група во дадениот термин.

Подготвен/а си да го направиш првиот чекор?

Често поставувани прашања

Една од примарните цели на групната терапија е да ги соедини оние кои споделуваат слични искуства или се справуваат со исти предизвици. Групите може да вклучуваат луѓе во различни фази на закрепнување, што може да биде особено корисно за оние што штотуку го започнуваат своето закрепнување.

Споделувањето искуства со лица кои се соочуваат со истите предизвици како и вие е неверојатно вредно. Ќе најдете удобност во групите, сила и инспирација, ќе научите нови вештини и насоки и ќе развиете нови пријателства. Во групна средина, сфаќате дека не сте сами со вашиот предизвик.

Нашите онлајн групи се отворени за возрасни и адолесценти кои бараат поддршка и поврзување околу конкретни предизвици. Ова може да вклучува индивидуи кои се борат со состојби на менталното здравје, хронични болести и зависности, животни промени или други заеднички искуства.

Секое состанување има структуриран формат и овозможува отворена дискусија. Доколку не се чувствувате комфорно, не мора веднаш да зборувате за вашиот предизвик. Терапевтот е тука да отвори дискусии, да сподели техники за справување, да ги олесни групните активности и да обезбеди можност за учесниците да ги споделат своите искуства и поддршка меѓусебно.

Секоја група е предводена од лиценциран психолог или терапевт со релевантно искуство. Тие се задолжени да обезбедат насоки, безбеден простор за дискусија и да понудат ресурси и стратегии за справување.

Фреквенцијата на сесиите зависи од конкретната група и бројот на учесници во истата, но обично се состануваат еднаш неделно или два пати месечно со времетраење од 2 часа.

Нормално е да се чувствувате загрижени за приклучување во нова група, посебно кога се работи за поголем број на учесници. Нашите терапевти се искусни во создавање на добредојдена средина – ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и да учествувате со свое темпо. Членовите на вашата група ќе бидат таму од истата причина што сте и вие. Дополнително, секој терапевт воспоставува доверливост на почетокот на секоја сесија за да им помогне на сите да се чувствуваат безбедно во групата.
Препорачуваме да пробате.

Да, сите партиципанти потпишуваат согласност за доверливост и дискретност. Сè што е споделено во групата е доверливо. За сите учесници е задолжително да ја почитуваат меѓусебната приватност.

Ние сме тука да се погрижиме да го извлечете максимумот од вашето искуство. Доколку сметате дека групата не е соодветна, можете да се обидете со алтернативни опции како што е индивидуална терапија или да ве поврземе со друга група за поддршка која можеби ќе биде посоодветна за вашите потреби.

Воспоставени се јасни упатства за тоа што може и што не може да се сподели надвор од групата и секој учесник потпишува согласност и правилник. Доколку не ви е удобно да споделувате пред одредена личност, ве молиме не двоумете се да нѐ контактирате и да побарате трансфер во друга група или индивидуална сесија.

Која е Наташа Ивановска?

“Јас сум дипломиран и лиценциран психолог, Гешталт психотерапевт и Ко-основач на Моди Центар. Како Гешталт психотерапевт имам искуство во индивидуална работа со клиенти како и со групи за личен раст и развој…”

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!