fbpx
Вебинар

Лични граници: Како да се залагаш за себе

Во свет кој постојано бара од нашето внимание и енергија, разбирањето и утврдувањето на нашите лични граници станува клучно за менталната благосостојба. На ова предавање, ќе ја истражиме суштинската динамика на поставување и одржување на здрави лични граници.

Овој настан е распродаден.

Што можам да очекувам од ова предавање?

Бидејќи не постои скрипта или час во училиште за емоционална зрелост, нашите граници честопати или недостасуваат или се изразуваат на груб и штетен начин. Едноставно кажано, можеби сме премногу лесни или премногу строги… Во врските, можеби не знаеме да го пренесеме она што ни треба за да бидеме среќни, што доведува до скриени незадоволства или ненадејни изливи на гнев. На работа, можеби нѐ сметаат како премногу лесни за манипулација или премногу “тешки” за работа. Учењето да ги изразуваме нашите потреби и граници на јасен и разумен начин е важно за подобри односи и посреќен живот.

За време на овој вебинар, ќе се движиме низ сложеноста на воспоставувањето и одржувањето на лични граници, истражувајќи не само што ги дефинира овие граници, туку и што значи како да се залагате за себе. Исто така, ќе зборуваме за  предизвиците на вознемиреност и срам што може да се појават во процесот, нудејќи увид за ефикасно управување со овие емоции.

Научете да ги вреднувате вашите мислења, да дадете приоритет на грижата за себе и да разберете што всушност значи поставување здрави граници.

Предавач
Христијан Јосифовски
лиценциран психолог

“Здраво! Јас сум Христијан, дипломиран психолог кој има за цел да го подобри менталното здравје на своите клиенти. Верувам во создавање на безбеден, неосудувачки простор каде што клиентите можат да истражуваат и да ги решат своите проблеми. Се стремам да го подобрам општата благосостојба на моите клиенти преку психолошка советување, психотерапија или психоедукативна содржина.”

Датум

31.01.2024 / 19.30 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.

Цена

200 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!