
Допишување – 800 денари
Аудио Повик – 900 денари
Видео повик – 1000 денари
Мотото кое ме води како лиценциран психолог е: „Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја одбегнеме болката, отколку да ја сретнеме радоста“ (Сигмунд Фројд). Како дел од мојата доедукација, уште за време на студиите посетував школа за психотерапија преку психодрама и која востанови темел во моето профилирање. Сė уште сум дел од таа едукација, а во годините зад мене работев како едукатор на деца, координатор на проекти за доедукација, кастинг асистент во аудиовизуелни дела, регрутер на кандидати за работни места, а во моментов сум ангажирана како социјален ментор на маргинализирани групи на луѓе каде мотивацијата, храброста и поткрепата е најважна за нивно осамостојување. Автор сум и на кратки видеа со психолошка тематика.
Сметам дека среќата е во нас самите, а до неа може да се дојде преку постепен развој на нашите способности. Пред сė, важно е да истакнам дека стекнувањето доверба во психологот и споделувањето на проблемите и тешкотиите носи олеснување и е прв чекор за нивно надминување. Токму тука е насочен мојот пристап, кон детекција и канализирање на емоциите низ себеприфаќање и осознавање. Проценката на ситуациите кои предизвикуваат тегобност и силни негативни емоции се искуство кое треба да се прифати и надмине. Прифаќајќи се себеси, ги прифаќаме и останатите. Пристапот е фокусиран на заеднички обид до пронаѓање на патеките до среќата.
Пополни ја формата подолу и сподели го накратко проблемот со кој се соочуваш. Ќе добиеш краток бесплатен одговор и можност за попуст или бесплатна сесија од психологот.
Еве што велат клиентите на Анѓела Богдановска за работата и искуството со нив.

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!