fbpx
Вебинар

Способност за љубов

Изборот на партнер е една од најпоследичните и најнезгодните одлуки што некогаш ќе ги донесеме, а последиците од повторливи погрешни чекори се огромни.. Но, кога станува збор за врските, многумина од нас се чувствуваат „заглавени“ – неспособни да ја најдеме љубовта што ни треба или нашите партнери не ги разбираат нашите потреби…

Што значи зрела љубов? Како ги одбираме луѓето во кои се заљубуваме?

На овој вебинар ќе зборуваме на тема – љубов.

Што можам да очекувам од ова предавање?

Какви видови на љубов постојат? Како ги одбираме луѓето во кои се заљубуваме? Зошто ги сакаме оние кои не нè сакаат назад? Како ја саботираме нашата способност за љубов? Како да им дозволиме на другите да ни се доближат и покрај нашите стравови? На што треба да се фокусираат вистинските односи? Дали неверство значи крај на врска?…

Ова се само дел од прашањата за кои ќе ни зборува психотерапевтот Розалија Секулоска.

Предавач
Розалија Секулоска
лиценциран психолог

“Јас сум Магистер по развојна психологија, сов.психотерапевт по Когнитивно-бихевиорална психотерапија, трансакциона анализа, психотерапевт во едукација по ОЛИ интегративна, психодинамска психотерапија и нејзин претседател во Р.С.Македонија… “

Датум

4.3.2024 / 19.30 часот

Времетраење

90 минути

Формат

Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 20.

Цена

200 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.  

Разговор.мк – секогаш тука за тебе!