Не треба да останеме заробеници на минатото, но за да се ослободиме од нашите истории, прво мораме да станеме целосно свесни за нив. Пријави се и откриј како искуствата од деството влијаат на нашиот возрасен живот.
Концептот на внатрешното дете се однесува на емоционалниот и психолошки остаток од детските искуства кои продолжуваат да ги обликуваат и да влијаат на нашите мисли, однесувања и емоции во зрелоста. На овој вебинар, ќе истражиме како се развива карактерот, нашето разбирање за успехот, и како родителските стилови на љубов влијаат на нашиот избор на возрасни партнери. Ќе навлеземе и во тоа како верувањата од детството за самопочит, љубов и безбедност го обликуваат донесувањето одлуки во зрелоста.

“Јас сум лиценциран психолог, Гешталт советник и психодрама и гешталт психотерапевт под супервизија. При работата со клиенти,важно ми е да изградам искрен, автентичен однос со нив. Уште поважно, тоа што ќе го усвојат за време на сесиите да го применат и интегрираат во секојдневниот живот. Покрај тоа, негувам интерес и за дефектологијата и работам како образовен асистент на деца со пречки во развојот…”
23.04.2024 / 19.30 часот
90 минути
Часот ќе се оддржи онлајн. Бројот на учесници е ограничен на 25.
300 мкд

Разговор.мк е платформа за ментално здравје чија мисија е да го направи себе-откривањето јасно, лесно и пристапно за сите. Со над 80 лиценцирани психолози достапни за сесии преку нашата мобилна апликација чекориме кон остварување на нашата визија за светот.
Разговор.мк – секогаш тука за тебе!