fbpx

Зошто онлајн советување е вистинскиот чекор за тебе

Зошто онлајн советување е вистинскиот чекор за тебе

Докажано е дека онлајн советувањето е најмалку исто толку ефективно како и советувањето лице во лице. Некој луѓе се одлучуваат за традиционалното советување и терапија бидејќи ја немаат искусено слободата која онлајн терапијата ја нуди.

Доколку се уште не сте се одлучиле за онлајн советување, размислете за позитивните бенефити кои истото ги нуди.

Комуницирај на начин кој ти е удобен

Искуството со традиционалната терапија е релативно не променето дури од 1800те. Се упатувате кај вашиот терапевт, седнувате на удобниот кауч и разговарате за вашите предизвици. Откако сесијата ќе заврши, се разделувате и ја закажувате истата рутина за следната недела.

Онлајн терапијата отвара нови начини на комуникација кои ни овозможуваат да останеме во комфорот на нашиот дом или канцеларија. Доколку сакаш да разговараш со твојот терапевт во пижами додека јадеш сладолед, зошто да не?

Разни начини на кои се одвива комуникацијата за онлајн терапија

Комуникацијата базирана на допишување ви дава слобода и лесен пристап до вашиот терапевт во било кое време. Исто така, некои сервиси овозмужуваат брз, едноставен и анонимен пристап до одбраниот терапевт. За оние со социјална анксиозност ова е исклучителен бенефит бидејќи не мора да се справуваат со стресот предизвикан од терапијата лице во лице.

Доколку претпочитате аудио, можете асинхроно да разменувате говорни пораки со вашиот советувач. Ова е одлична можност за да ги исфрлите работите од вашиот систем во моментот кога ви е потребно.

Ваше советување, ваши услови

Во минатото луѓето мораше да планираат за нивната посета на професионален терапевт. Ова вклучува патување до нивната канцеларија, која можеби е на половина час од вас. Најчесто, термините се закажуваа кога најмогу им одговара на терапевтите.
За оние со брз и можеби не најбалансиран живот, традиционалната терапија можеби воопшто не претставува опција. Ова значи дека оние кои можеби би имале најголем бенефит од советување, никогаш не ни размислуваат за оваа опција.

Онлајн советувањето е уникатно за вашите потреби

Изборот на вистинскиот терапевт е исклучително важно за успешно советување. Вашите предизвици како индивидуа го надминуваат само менталното здравје и допираат до вашиот животен стил и кариера. Со онлајн советувањето изборот за ваш терапевт не е само на 30км од местото каде што живеете. Локалните терапевти може не се специјализирани за предизвиците со кои се соочувате, а и идејата за терапија лице во лице може да предизвикува неудобно чувство и стрес. Со Андроид моблината апликација на razgovor.mk вашиот избор е далеку поголем и лесно можете да дојдете до личноста која ќе биде најпогодна да ви помогне во надминувањето на вашите предизвици.

Онлајн советувањето е целосно анонимно

Мисијата на razgovor.mk e да ја намали стигмата околу барањето на поддрша за вашето ментално здравје. Во некои заедници, одењето на терапија може да ве направи предмет на предрасуди и озборувања.
Кога прв пат се регистирате на razgovor.mk имате можност да внесете псевдоним кои ќе го користите во разговорот со вашиот терапевт.
Од технолошка гледа точка, решенијата за онлајн советување нудат ниво на безбедност слично на сите светски финансиски институции. Вашите податоци се енкриптирани, па дури и во случај на пробивање на серверите, се што напаѓачот може да види се измешани знаци и букви.