fbpx

Сакате подобро ментално здравје и успех во работата? Поставете си јасна цел

Сакате подобро ментално здравје и успех во работата? Поставете си јасна цел

Сите знаеме дека вложениот труд со цел остварување на нашите цели е паметна работа. Но, дали знаевте дека самиот чин на извршување на вашите цели е исто така добар за вашето здравје на неколку начини? Целите се добри. Исто така, дејствата што ги преземате за да ги извршите истите се добри. Ова пак, укажува на лекции за тоа како можете да бидете најефикасни на работа.

Едно истражување спроведено со над 3.000 учесници и кое траеше над 18 години – откри дека кога луѓето биле оптимисти и упорни во остварувањето на своите цели, имале помала веројатност да бидат депресивни или анксиозни. Друга студија пак отркива дека кога луѓето имале поголемо чувство за животна цел, полесно ги прифаќале и усвојувале здравите однесувања.

Ова се исклучителни резултати кои се базираат на јасни и одржливи цели.

Веројатно имате прочитано за важноста на поставувањето на S.M.A.R.T. цели (специфични, мерливи, одговорни, реалистични, временски ограничувања). Но, овие неодамнешни истражувања упатуваат на нови поенти за кои укажуваат на тоа како целите можат да ве направат поефикасни на работа. Еве како е зошто целите се важни и како да се користат во пракса:

Фокусирајте се на зошто

И претходно имате слушнато дека „зошто“ е важно. Но, зошто е тоа? Тоа е затоа што да ви дава јасна слика во врска со образложението зад вашите цели и ви помага да ги поврзете истите со големата слика. Ова има тенденција да биде повеќе мотивирачки од секојдневниот исход на трансакција, или барање на инсант одговор за нашите дејствија. Сакате да направите одлична работа на презентацијата, сигурно, но поголемата цел е да додадете вредност за вашата публика или да направите големо влијание врз вашата кариера со текот на времето. Поголемата слика може да делува многу мотивирачки.

Разјаснете ги вашите цели

Упорноста кон извршување на вашите цели е важна. Но, пред да бидете упорни, мора да бидете јасни. Замислете си како ги остварувате своите цели и замислете каков ќе биде вашиот живот кога ќе ги постигнете. Оваа визија ќе ве привлече напред. Всушност, уште една неодамнешна студија покажа кога јасно ги замислувате настаните и местата, вие влијаете врз вашите емоции. Без разлика дали барате нова работа, промоција или следниот возбудлив проект, визуелизирајте како ќе биде да ги постигнете посакуваните исходи, ова може да ви помогнеме и да ве привлече напред.

Правете мали чекори

Наместо да размислувате како ќе ја достигнете крајната цел, разложувајте ги работите во елементи што може да се направат од ден на ден. Иако големата слика е аспиративна, ќе можете да ги завршите работите поефикасно размислувајќи чекор-по-чекор. Што можете да направите денес за да се приближите еден чекор до целта? На пример, ако целта ви е да пробате да се промовирате, може да добиете датум за кафе со посакуваниот ментор, да ги споделите своите најнови резултати на блогот на вашата компанија или да добиете повратна информација од колега за вашата нова идеја? Фокусирањето на мали, продуктивни чекори помага да стигнете до вашиот резултат и да одржите моментум и интензитет.

Искористи ги сите ресурси

Запомнете да се потпрете на вашите колеги и пријатели. Споделете ги вашите цели за да ве држат за одговорност и да ја добиете потребната поддршка. Пробајте да учите од другите, да добиете совет и да побарате помош.


Држете се до целта

Без оглед на се, продолжете. Понекогаш ќе имате денови кога се чувствувате како да се приближувате кон своите цели, а други денови може да се чувствувате како да сте направиле чекор назад. Погледнете долгорочно и ценете ги деновите кога напредувате, иако ќе имате други денови кога нема да забележите прогрес. Можноста да одржите интензитет во случај на помал напредок – честопати е фактор што ги раздвојува оние што победуваат од оние што не.

Бидете оптимист

Можеби звучи како клише, но гледањето на светлата страна навистина е важно. Доказите се во студијата што ја поттикна оваа кратка статија. Покрај тоа што придонесува за позитивно ментално здравје, исто така ќе ве мотивира. Можеби состанкот со вашиот клиент не одеше најдобро, но сега стекнавте драгоцено искуство за тоа што не треба да правите следниот пат. Или можеби се разочаравте од вашето интервју, но сега добивте поголема јасност за вештините што треба да ги развивате. Без оглед на ситуацијата, фокусирајте се на она што сте го стекнале. Не само извршувањето на крајната цел е позитвно, патот до целта може да биде придобивка само по себе. Имајте го на ум вашето „зошто“, разјаснете ги целите, правете мали чекори, искористете ја вашата мрежа и секогаш гледајте на светлата страна. Овие концепти ќе ви помогнат да ги постигнете своите цели, да бидете ефективни на работа, па дури и да придонесете за вашето позитивно ментално здравје. Не е лошо да се постигне сето ова во потрага по својата цел!