fbpx

Како советувањето за врски може да ви помогне ако сте сингл

Како советувањето за врски може да ви помогне ако сте сингл

Ако сте сингл, идејата да се оди на „Советување за врски“ можеби се чини несоодветно. Многу луѓе мислат дека советувањето за врски е за парови и не е релевантно ако немате партнер. Но, ако сакате да ги разгледате вашите претходни навики со цел да започнете промени во себе или да се присетите каков тип на луѓе избирате за свој партнер, советувањето може да помогне.
Постојат многу причини поради кои можеби размислувате да се советувате доколку сте сингл. Еве неколку од најчестите.

По прекинување на врска

На крајот на врската – без разлика дали сте таа што ја завршила или не – може да се чувствувате како да сте заглавени во јама на тешки емоции за која нема со кого да разговарате. Можеби се борите да се справите со чувства на тага, загуба, вина или лутина кои пак можат да имаат негативно влијание врз вашата самопочит и самодоверба. Без разлика дали станува збор за неодамнешено прекинување, или имате проблем да преболите некого со со кого сте прекинале пред некое време, имањето некој со кого можете да разговарате отворено и доверливо може навистина да ви помогне. Советникот е како вашата сопствена приватна мрежа за поддршка. Тие се тука за да ви помогнат да ги обработите чувствувата, да размислите за она што се случило и да ве поддржат да продолжите понатаму.

Прекинување на негативни навики

Ако сметате дека продолжувате да се дружите со ист тип на луѓе одново и одново или некако вашите односи се чини дека следат слична нездрава шема, работењето со советувач може да ви помогне да станете посвесни за изборите што ги правите. Истражувајќи ги вашите минати врски и гледајќи ја семејната историја, можете да започнете да ја преземате контролата врз вашиот живот и да направите подобри и посвесни избори за вашите идни партнери.

Да се претставите повторно пред светот

Размислувањето за она што го барате во потенцијален партнер и со каква врска се чувствувате пријатно, може да изгледа премногу, особено ако сте сингл некое време. Стравот од одбивање или судење или прашања поврзани со самодовербата би можеле да ве вратат назад. Работата со советник може да ви помогне да ги дознаете вашите вредности и да препознаете кој може да биде добар партнер за вас. Исто така, можете да разговарате за “приказните што си ги кажувате сами” кои можеби ве спречуваат да продолжете напред.
Честопати се убедуваме во одредени работи за врските и што тие значат. Советувањето може да ви помогне во предизвикувањето на какви било ограничувачки верувања што можеби потсвесно ги држите.

Да се запознаете подобро

Работата со советник може да ви помогне да развиете подобри односи со себе. Најважниот врска што може да ја имате во животот секогаш ќе биде врската што ја имате со себе. Ако не знаете да бидете искрени и љубезни со себе, како може да очекувате да имате добра врска со некој друг? Советувањето може да ви помогне полесно да се справите со одговорноста за вашите сопствени чувства, мисли и постапки. Можноста да станете посвесни за тоа со што сте во ред, а што нема да прифатите, да научите да бидете посигурни и да бидете во можност да направите избори што прават да се чувствувате безбедно и среќно, се само дел од бенефитите што можете да ги добиете со советувањето. Работата на себе значи дека ќе бидете подобро опремени за да влезете во следната врска, како и подобро да ги цените и почитувате разликите помеѓу себе и вашиот партнер.