fbpx

Зошто некои од нас имаат подобри перформанси кога работат под притисок?

Јас сум мојот најлош критичар. Секогаш се обвинувам себеси за лошата презентација, тотално промашениот биснис “pitch”, или правење будала од себе на еден или друг начин. Луѓето порано ми велеа дека треба да ја подобрам својата самодоверба за да функционирам подобро под притисок. Сепак, сфатив дека мојата самокритика има повеќе врска со мојата перцепција за мојата изведба отколку самата изведба. Најчесто, моите настапи се сосема во ред.

Што поточно значи да се работи добро под притисок? Како се однесуваме кога сите очи се впери во нас и како да препознаеме кога вршиме добра работа? За подобро да ги разберам одговорите на овие прашања, се консултирав со експерт и еве што дознав.

Сите имаме уникатни искуства

Прво, треба да запомните дека постојат субјективни и објективни начини за мерење на перформансите, врз кои влијаат надворешните сили како стандардизиран преглед на работата од страна на компанијата и внатрешните сили како самодовербата. Затоа, секој може да има различни перспективи за тоа што значи да се работи добро под притисок. „Ситуацијата под висок притисок може да се дефинира на различни начини, во зависност од лицето и од она што го правите“, ми објасни терапевтот. „Она што може да биде ситуација под висок притисок на една личност, можеби не е за друго“.

Поважно да се оцени колку сте ефективни во исполнувањето на вашата специфична цел – како се чувствувате за вашите перформанси и дали сте ја постигнале вашата посакувана цел и исход.

Улогата на рефлеските за преживување

“Fight-flight-freeze” рефлеските, како и сите други цицачи, ги имаме и ние луѓето. Тоа е нашата инстинктивна реакција кога нашиот опстанок или преживување е под закана.
Одговорот на секоја личност варира врз основа на тоа какви трауми можеби има доживеани во минатото.
Неизненадувачки, терапевтот потврди дека минатата траума може да создаде силна реакција и едноставно да “замрзнеме” кога сме под притисок. Овој одговор е токму она што неговото име сугерира: замрзнување кога се чувствувате исплашени.
На работното место, ова може да се појави во облик на збунетост, потценување на нашите вештини или да влијае на нашиот говор. Еден од најважните елементи на справување со вакви ситуации е да се запознаеме подобро и да ја забележиме нашата типична реакција кога сме под стрес.

Важноста на регулацијата на нервниот систем

Јас лично, многу работам околу регулирање на мојот нервен систем, а ова ми помага да ги намалам надворешните ефекти кои може да предизвикаат некаква акција. Јас сум огромен верник во „соматското доживување“ – форма на терапија за решавање на траума, развиен од д-р Питер Левин и открив дека оваа стратегија е неверојатна алатка за управување со мојата вознемиреност и стрес.
Кога ќе научите да ја деескалирате вашата вознемиреност во моментот, препознавајќи ги нејзините знаци, нема да се плашите од анксиозноста во вашиот живот. Мојот терапевт се согласува дека регулацијата на нервниот систем е корисна животна вештина, вештина за која е потребно трпеливост и пракса. Таа предлага да се започне со едноставна вежба за дишење. Бидејќи вообичаено е да започнете да дишете побрзо во време на стрес и притисок, учењето да бидете свесни за вашиот здив може да биде исклучително корисно. Редовно практикувајте ги долгиот, бавен и длабок здив. Колку повеќе вежбате, толку поприродно ќе ја користите оваа техника во време на стрес.

Предности кога сте пристуни во моментот

И покрај тоа што медитирам само околу пет до десет минути на ден, открив дека ова е многу корисно кога работам под притисок затоа што ми помага да останам во сегашниот момент. Мојот терапевт сугерира да практикувам “mindfulness” како алатка кога сум под притисок. Ова ми помага при управување со моите очекувања. Таа често ми повторува дека оваа алатка е нешто што можам да го практикувам во секое време, дури и со рутински активности. На пример, добро време за оваа активност е додека миете садови. Само фокусирајте се на садовите: како се чувствува водата, како се чувствува садот во вашите раце, како мириса сапунот. Гледајте го процесот на чистење и вежбајте да набљудувате и опишувате што гледате. Кога го вежбате умот со секојдневните задачи, ќе бидете опремени да ги искористите овие вештини во неочекувани, стресни ситуации.

Само-сочувство и надминување на стравот од неуспех

Тешко е да останете смирени под притисок кога за себе поставувате невозможни стандарди. Јас сум бил перфекционист во поголемиот дел од мојот живот и никогаш не ја научив важност на неуспехот. Ме научија дека неуспехот ве прави да изгледате слаби и недоволно подготвени и дека треба да направите се што е во ваша моќ за да го избегнете тоа. Ако се плашите од неуспех, сепак, голема е веројатноста дека нема да работите добро под притисок. Но зошто? Бидејќи неуспехот е дел од процесот на учење. Ако се обидувате да избегнете неуспех, може да го зголемите стресот за веќе стресната ситуација. Ако можете да научите да прифатите неуспех и да гледате стресните ситуации како можности за растење, можеби повеќе нема да ве заплашуваат. Можете дури и со нетрпение ќе ги очекувате, како начин да се предизвикувате лично и професионално. Еден од најдобрите начини да научите како да прифатите неуспех е да вежбате само-сочувство. Знаењето дека давате се од себе како и давањето кредит на себе само зато што сте се појавиле може да делува релаксирачки, а ова за возврат ги подобрува вашите перформанси во стресни моменти.
Кога сте навикнати да сте стрги на себе, може да се чувствувате како никогаш да не работите добро под притисок. Сепак, важно е да се разгледа дали навистина не работите добро под притисок или само психички се тормозите.