fbpx

Запознај ги нашите психолози: Благородна Димова

Разговор.мк е платформа која овозможува анонимен пристап до тренирани и професионални психолози. На платформата можете да изберете некој од нашите деситици експерти за ментално здравје и анонимно да се допишувате. Со цел подобро да ги запознаете психолозите, направивме интервју со секој од нив.

Денес Благородна Димова ќе одговори на неколку прашања.

Таа е дипломиран психолог и психотерапевт под супервизија. Основач е на ЗЕРКА – Центар за Психотерапија и Едукација во Неготино и е член на Амигдала. Високото образование го завршува на Мит Универзитет- Скопје. Петта година интензивно посетува едукација во Амигдала – школа за психодрама, која е членка на ФЕПТО. Сорабоува со здружението за ретки болести –Живот со предизвици и Клиниката за радиологија и онкологија, преку проект на Комората на психолози. Добитник е на повеќе сертификати во областа на психологијата.

Зошто работите како психолошки советник или психотерапевт? 

Сакам да правам промени кон подобро, а во улога на психолог имам моќ да го менуваам светот индивидуа по индивидуа. Благодарна сум за секое искуство со моите клиенти/ки.  Со нив растам и станувам подобра личност. Нивната доверба ми потврдува дека се вложувам во правилна насока.

Што ве натера да се приклучите на Разговор.мк?

Додека беше само идеја Разговор.мк , бев сигурна дека истата ќе се реализира. Имам исклучителна доверба во креаторите на платформата и едноставно чувствував дека сакам да бидам дел од оваа приказна. Платформа која нуди достапност, анонимност и професионална етика. Горда сум на целиот тим, се радувам на соработката.

Што до сега ве направило најгорди на својата професија?

Моментот кога клиентите/ките станале свесени  дека улогата во нивниот живот е да се направат среќни самите себе.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инпирирани од вашата професија?

Инспирација можам да најдам секаде. Свесна сум за светот што ме опкружува, се чувствувам цела и се будам мотивирна. Работниот ден го гледам како предизвик. А предизвиците ме менуваат. Сфаќам дека не постои невозможно и токму тоа е она што ме инспирира. 

Зошто ви е битно ова што го работите?

Бидејќи го зголемува квалитетот на моето секојдневие. 

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување или терапија?

Избегнувам да делам совети. Иако некогаш посетата на псхолог е неопходно потребна, добро е секој кој што размислува за посета на психолог да се праша себеси, како би се чувствувал со таа одлука.  

Важна информација е дека во секој момент може да престанат или да променат психолог/терапевт.

Како се забавувате во слободно време?

Имам специјален тим за забава а начинот на кој се забавувам е строго забранет за споделување, исто како информациите за клиентите/ктите хе хе. 

Голем дел од слободното време го поминувам со моите најмили внуци  и во тие моменти сум помало дете и од нив. Му се радувам на животот, го сакам и одлично балансирам со обврските од персоналниот и професионалниот живот. Кругот во кој се движам е исполнет со отворени умови, спонтани, флексибилни и умови ослободени од предрасуди.  Со опкружување како моето, забавата е неминовна.

Доколку сакате да се посоветувате со Благородна превземете ја Разговор.мк мобилната апликација и закажете разговор!